Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тапа а ? Само првиот круг добар значи. Честам пиво за ова хахахах .. Кога почнуваат тестирањата ?Ne si go trosi vremeto![]()
Тапа а ? Само првиот круг добар значи. Честам пиво за ова хахахах .. Кога почнуваат тестирањата ?
Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
За официјалните мислевZavisi za koj tim, mislam nekade okolu sredina Januari oficijalnite, a neoficijalnite se veke odamna zapocnati.
Што е работава што во концептите и Ферари и Мекларен коридтат "штитници" кај тркалата, повеќе ми се допаѓа концептов на Мекларен оној на Ферари повеќе ме потсеќа на возилата од Endurance категоријата што не ми се допаѓа а Мркларенов уште се гледа дека во сржта е Ф1 болид.МЕКЛАРЕН ПРЕТСТАВИ КОНЦЕПТ НА БОЛИД ЗА ИДНИНАТА
Во Мекларен, сегашноста не е баш перфектна, па нивните дизајнери направија футуристички концепт на својот Ф1 болид именуван како МП4-Х.
"Со футуристичкиот Мекларен МП4-X концепт, сакавме да се ѕирне во иднината и да се замисли на уметноста на возможното. Ние ги комбиниравме основните состојки во Формула 1 спортот, брзина, адреналин и перформанси, со нови насоки на развој, како што е затворен кок-пит, за подобрување на безбедноста на возачот, и хибридните погонски технологии. Формула 1 е гладијаторски спорт, а футуристичкиот болид е заснован на врвна технологија, со високи перформанси, кој ќе предизвика возбуда кај Ф1 фановите, како во ниеден друг спорт."
Надворешноста изгледа впечатливо, но под хаубата се најголемите промени. МП4-X е дизајниран да ги искористи алтернативните извори на енергија, шасијата ја менува својата форма за да се прилагоди на различните аеродинамични барања, и може да комуницира во случај на одреден проблем. Ова е уникатен концепт на Мекларен за идната на Гран При трките.
![]()
![]()
КОЛКУ ТРКИ ЌЕ ИМА 2016 Ф1 СЕЗОНАТА, НОВИ ПРАВИЛА!!!
Денес во Париз состанок одржа Советот за Мотоспорт на ФИА за време на кој беа потврдени неколку одлуки околу Формула 1 Шампионатот, како и календарот за 2016 година.
На состанокот со речиси едногласна одлука, т.е. само еден глас против, беше решено Претседателот на ФИА, Жан Тод, заедно со Берни Еклстоун, носителот на комерцијалните права на Формула 1, да дадат препораки и донесат одлуки во врска со голем број на итни прашања во овој спорт, како што се управувањето, погонските единици и намалување на трошоците. Двајцата ја изразија својата намера заклучоците по овие прашања да ги дадат најдоцна до 31 Јануари, 2016 година.
Светскиот совет за мотоспорт, исто така, одобри одреден број на промени во Техничките и Спортски правила:
Промени во Техничките Правила
- Бројот на дозволени токени за развој на ПЕ во текот на наредните сезони ќе се намалуваат по следниот редослед:
2016 - 32
2017 - 25
2018 - 20
2019 - 15;
- На секој нов производител на ПЕ ќе му бидат доделени 15 токени во својата прва година, а 32 во втората;
- Заштитните области околу главата на возачот ќе бидат зголемени за подобрување на безбедноста.
Промени во Спортските Правила
- Официјалниот снабдувач со гуми од 2016 сезоната треба да обезбеди три смеши за суво време, наместо досегашните две;
- Од 13 сета на гуми за суво на располагање на секој возач, снабдувачот на гуми ќе избере два за трката (само еден од нив ќе треба да се користи), и еден сет (од најмеката смеша), кој ќе може да се користи само во Q3. Потоа секој возач може да ги избере останатите десет комплети од трите понудени смеши;
- Освен кога ќе се користат интермедиа или гумите за влажно време, секој возач ќе мора да искористи најмалку две различни спецификации на гуми за суво време, од кои едната ќе биде избрана од страна на добавувачот на гуми.
- Во случај кога ќе биде употребено Виртуелното безбедносно возило, ДРС-системот ќе биде овозможен веднаш по укинување на периодот на ВБВ. Исто така, ВБВ ќе може да се користи и во тренинг сесиите за да се намали изгубеното време за санација на патеката.
Хомологираните ПЕ од претходните сезони сега ќе може повторно да се хомологираат за тековната сезона. Претходно производителот на ПЕ не можеше да снабдува повеќе од една спецификација на ПЕ. Советот за мотоспорт на ФИА се согласи Ферари да снабдува четврт тим со 2015 спецификацијата на ПЕ за 2016 сезоната. (Торо Росо)
Максималниот број на трки во една сезона е зголемен на 21 а потврден е и календарот за 2016 Ф1 Шампионатот:
1. Австралија20 МартМелбурн
2. Бахреин3 АприлБахреин
3. Кина17 АприлШангај
4. Русија1 МајСочи
5. Шпанија15 МајБарселона
6. Монако29 МајМ.Карло
7. Канада12 ЈуниМонтреал
8. Азербеџан19 ЈуниБаку*
9. Австрија3 ЈулиШпилберг
10. Британија10 ЈулиСилверстоун
11. Унгарија24 ЈулиХунгароринг
12. Германија31 ЈулиХокенхајм
13. Белгија28 АвгустСПА
14. Италија4 СептемвриМонца
15. Сингапур18 СептемвриСингапур
16. Малезија2 ОктомвриСепанг
17. Јапонија9 ОктомвриСузука
18. Америка23 ОктомвриОстин**
19. Мексико30 ОктомвриМексико Сити
20. Бразил13 НоемвриСао Пауло
21. Абу Даби27 НоемвриАбу Даби
* Може да ја промени датата поради 24 часа Ле Ман
** Може да се откаже ако не биде постигнат договор со промотерот на трката
Така е, повеќе личи на некој Ле Ман прототип концепт за иднината од колку Ф1. Кај затворен кокпит уште па и браници кај тркалата. А open wheel racing категорија е Ф1.Што е работава што во концептите и Ферари и Мекларен коридтат "штитници" кај тркалата, повеќе ми се допаѓа концептов на Мекларен оној на Ферари повеќе ме потсеќа на возилата од Endurance категоријата што не ми се допаѓа а Мркларенов уште се гледа дека во сржта е Ф1 болид.
Инаку штета ке е ако не де вози Остин бидејки годинава беше една од повозбудливите трки.
Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Технички тешка тука се прави разликата меѓу возачите дај им ист бочид на сите типувам на Кими,Алонсо,Хамилтон,Ветел во врвот. Не може секој да ја вози. Ме интересира Ред Бул што концепт ке исфрлат некое вонземно решение на Њуи претпоставувамТака е, повеќе личи на некој Ле Ман прототип концепт за иднината од колку Ф1. Кај затворен кокпит уште па и браници кај тркалата. А open wheel racing категорија е Ф1.
Иначе околу Остин, мислам дека Мексико многу и наштети на трката. Најголема посетеност во Остин имало од Јужна Америка. А иначе да, штета е да се изгуби трката. Една од најдобрите модерни патеки на Тилке е.
Тоооо .. told ya. Ред Бул ке го јаде сезонава .. акооо кога сакат да го тупат бујрум сеа Ферари нема да им даде првостепен мотор а нема ни Рено, ниту пак Мерцедес чиао рагаци. Се јачаа ауди она ауди ова па VW еве викајте сиги сеа другарчињата па правете ПЕ, ке направат ама ке се натпреваруваат со Марусија, па дури имам и надеж за Марусија во наредна сезона дека ке се гураат на 13-14 местоИначе и Рено официјално го превзема Лотус. Уште еден фабрички тим, што е одлично. И нема повеќе да се руга името на Колин Чапман![]()