Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...

  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Одлично извозено од Фетел, супер раководеше низ цела трка. Ама јебеш негова победа коа според мене Кими ги собра сите кредити за добрата работа на ферари. Мислам дека најдобар репер за тоа дали е напреднат болидот или не е податокот дека и покрај сите пехови и огромната гужва со која се справуваше Кими успеваше да намали значително од разликана на првите 3ца кои имаа празен овој им се приближуваше
 
Да али зашто му рекоа после тоа ако сакаш пак менувај, после 2 круга мислам, тоа ми немаше поента :)
пошо беа изгубени...лоша стратегија ги кошташе трката денес..... Сеуште се супериорни иако ферари е блиску...треба да искористат до монако да набилдаат предност пошо после ептен жустро ќе им биде....
 
Па и до стратегијата, но и Мерцедес да беше супериорен ќе извадеше победа на тркава. Што беа 10 секунди за Мерцедес лани, сега никако не можеа да му се доближат на Ферари. Но сепак ова беше одлична трка, требаше малку Мерцедес да го исплескаат.
 
Па и до стратегијата, но и Мерцедес да е супериорен ќе извадеше победа на тркава. Што беа 10 секунди за Мерцедес лани, сега никако не можеа да му се доближат на Ферари. Но сепак ова беше одлична трка, требаше малку Мерцедес да го исплескаат.
Не е толкава разликата ама сеуште е супериорен во однос на ферари....Рачунај прво утна хамилтон влезе 2 круга покасно во пит па ветел направи разлика...После место Медиум стави тврди т.е лоша тактитка..
така да до монако би требало да се подобри...затоа треба да искористат...пошо ферарито им дише во врат и денес и зема победа...
 
Кина и Бахреин ќе кажат се! :)
 
Овие Лотус веќе се спакувале. :) :icon_lol:uploadfromtaptalk1427640193866.jpguploadfromtaptalk1427640198716.jpg
 
Кој ја испуштил тркава има на замунда торент на бугарски и на англиски јазик во HD
 
Да му ебам мајката у пичка на Ериксон, Кими реално можеше трето место да земе. Како бе може таков малер да го прати.
Иначе Фетел ептен стабилен низ целата трка, одличен перформанс. И одлична стратегија на Ферари да не застанат во пит стоп од како искочи SC, со тој потег се стекнаа со добра предност.
Мислам дека разликата помеѓу Мерцедес и Ферари тркава беше 0.5 од круг така да сеуште се супериорни Мерцедес но Џејмс Алисон изјави дека имаат многу добра основа за констатно надградување на болидот така да може да гледаме прејака сезона.
 
Ферари во Шпанија (евентуално во Бахреин ако им дозволат користење на 5-ти мотор во сезона) ќе донеси мотор појак за околу 20 КС(малку повеќе од тоа),но според Алисон тоа не е проблем,туку управливоста на болидот.Вилијамсите тоа многу добро го покажаа-вишокот на снага им ја упропастува управливоста на болидот.

Мерцедесот уште во предсезонските тестирања се покажа дека ги троши гумите повеќе од другите,а пак во Ферари дојде за тех.директор Алисон кој уште во Лотус се покажа како инженер кој прави болиди кои се најнежни со гумите(победа на Раиконе на правата трка во Австралија во 2013 со едно застанување помалку).

Мекларенот има големи проблеми со КЕРС-от бидејќи по шпекулациите тие го имаат поставено диорекно на диференцијалот наместо помеѓу моторот и мењачот.КЕРС-от развива околу 300 степени на генерирање и на испорака на енергија и прави проблеми во мењачот.Можеби ќе мора поради сигурност да го прекомпонираат целиот пакет,но тоа подразбира огромни захвати и прераспределба на масите на болидот по осовини
 
Да му ебам мајката у пичка на Ериксон, Кими реално можеше трето место да земе. Како бе може таков малер да го прати.
Иначе Фетел ептен стабилен низ целата трка, одличен перформанс. И одлична стратегија на Ферари да не застанат во пит стоп од како искочи SC, со тој потег се стекнаа со добра предност.
Мислам дека разликата помеѓу Мерцедес и Ферари тркава беше 0.5 од круг така да сеуште се супериорни Мерцедес но Џејмс Алисон изјави дека имаат многу добра основа за констатно надградување на болидот така да може да гледаме прејака сезона.

Наср го опна кими не ериксон
У принцип заубер му го ебаа викендот
 
Ферари во Шпанија (евентуално во Бахреин ако им дозволат користење на 5-ти мотор во сезона) ќе донеси мотор појак за околу 20 КС(малку повеќе од тоа),но според Алисон тоа не е проблем,туку управливоста на болидот.Вилијамсите тоа многу добро го покажаа-вишокот на снага им ја упропастува управливоста на болидот.

5-от мотор е веќе одборен за оваа сезона!!!

____________________________________________________________________________________________________________________
2015 МАЛЕЗИЈА ГП: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ ГО ПОБЕДИ ДУОТО НА МЕРЦЕДЕС АМГ

Себастијан Ветел го врати Ферари на највисокото скалило на подиумот со неверојатната Победа на Големата Награда на Малезија. Тој успеа да го нокаутира дуото на Мерцедес АМГ на денешната возбудлива трка во Сепанг. Германецот избра да остане на патеката за време на безбедносното возил и го презеде водството. Болидот на Ферари беше многу нежен кон гумите на Пирели, па Ветел со стратегија од два пит стопа успеа да заврши пред болидите на Мерцедес АМГ кои мораа да направат по 3 застанувања за промена на гумите, и секако Луис Хамилтон пред Нико Розберг. Во финалните моменти од трката, ниту Хамилтон, ниту Розберг имаа темпо,гуми или доволно круга за да го фатат далеку избеганиот Ферари. Ова беше прва победа на Ферари од Шпанското ГП во 2013 сезоната, а за Ветел по Бразил истата таа година.

На стартот од трката водечката тројка ги задржа своите места, кога малку фалеше Нико Розберг да го престигне болидот на Ферари, можеби клучен момент за него, како што најави на прес конференцијата по вчерашните квалификации. Потоа следува извртувањето на Маркус Ериксон на крајот од стартно целниот правец, по што во тој 5 круг од трката беше повикано безбедносното возило. Низ текот на викендот, болидот на Ферари беше понежен кон гумите од своите ривали и Ветел го искористи тоа. Остана на патеката, додека Мерцедесите веднаш влегоа за промена на гумите. Во Ферари биле изненадени од ова рано влегување во бокс, додека пак во Мерцедес АМГ беа изненадени од тоа што покрај Ветел, останале и многу друго болиди без да ги променат гумите. Повеќе загуби Нико Розберг кој мораше да чека зад својот тимски колега во боксот.

Себастијан Ветел својата прва посета на боксот ја имаше во 18-от круг, кога повторно излезе на медиум гумите. Се приклучи на третото место зад Луис Хамилтон и Нико Розберг. На изненадување на сите, Сребрените стрели наместо како по навика да почнат да се оддалечуваат далеку напред, се случи обратното. Ферарито на Себастијан Ветел почна да ја намалува разликата. Добриот втор стинт на Германецот беше одлучувачки за неговата Победа, на кој никој не се надеваше пред почетокот на овој викенд. По комплетираните застанувања на тимовите, Ветел наскоро изби на првото место.

Се возеше 37-от круг кога тој премина на тврдите гуми, за потоа кога Хамилтон го имаше својот трет и последен пит-стоп на 18 круга до крајот ги земе повторно тврдите гуми(во Мерцедес АМГ немале повеќе медиум гуми) се види дека неговите шанси за нешто повеќе испарија.

Ветел лесно стигна до Победата:

"Феноменален ден. Јас се чувствувам неверојатно. Да се погледнат момците кога бев на подиумот, да се погледне надолу, тоа беше неверојатна атмосфера. Се сеќавам на тоа од победите кои ги имаше Фернандо со Ферари и особено се сеќавам на Победничките прослави на Михаел со тимот, тоа е неверојатно. Денес стратегијата беше, исто така, како кец на десетка."

Единствениот кој можеше да го загрози беше Луис Хамилтон, кој пак, призна дека имал големи проблеми со балансот на својот болид:

"Цела трка се борев со балансот на болидот. Тоа беше многу, многу непријатно, имаше голема подуправливост, што за последица го имаше зголеменото абење на гумите. Медиум гумите беа подобриот избор за мене денес, кога успевав да ја намалувам разликата. За последниот стинг ги имав само тврдите гуми, кои не беа добри за мене. Го извлеков максимумот и тимот го направи најдобриот избор што можеше да се направи."

Позади битката за подиумот не недостасуваше акција. Кими Раиконен стигна до четвртото место по дупнатата гума при првиот круг. Финецот имаше стратегија од три пит-стопа за да се пробива низ гридот, но изгубеното време во почетокот не дозволи да се вмеша во борба за врвот и тој заврши 41 секунди зад Ветел. Валтери Ботас заврши на петтото место, добивајќи ја блиската борба со тимскиот колега Фелипе Маса при крајот на трката. Тоа беше неконкурентен викенд за тимот од Гроув, и полека го губат статусот на најдобар тим зад Мерцедес АМГ, кој преминува во рацете на Ферари. Кога на тоа ќе се додаде и аматерската работа при пит-стоповите и не може да се надеваат на нешто повеќе.

Зад Маса беше другиот херој на денот, Макс Ферстапен, кој стана најмладиот возач кој забележал Ф1 поени. 17-годишниот Холанѓанец ја доби битката со неговиот тимски колега Карлос Саинц ЈР. Дека има вистина во изјавите на одговорните луѓе во Рено Ф1 дека не е се до Рено ПЕ го потврдува и денешниот пласман на болидите на Ред Бул, кои едвај завршија на последните две места што носат поени. Ова беше тежок ден за тимот од Милтон Кејнс, а двата болиди имаа проблем со прекумерното трошење на сопирачките.

Зад освојувачите на поени беа, Роман Грожан на 11-то место за Лотус, следен од Фелипе Наср со Заубер и двата болиди на Форс Индија, Серџо Перез пред Нико Хулкенберг. Голема работа направи и тимот на Манор, кој иако со Роберто Мери беше последен, успеа да ја заврши трката, за разлика од Џенсон Батон и Фернандо Алонсо кои во болидите на Мекларен, повторно не стигнаа до целта.

Голема награда на Малезија, Сепанг, Куала Лумпур.
56 круга, 310.408км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Себастијан Ветел Ферари 1ч41:05.793
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 8.569
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 12.310
4. Кими Раиконен Ферари + 53.822
5. Валтери Ботас Вилијамс + 1:10.409
6. Фелипе Маса Вилијамс + 1:13.586
7. Макс Ферстапен Торо Росо + 1:39.085
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
9. Дањил Квјат Ред Бул + 1 круг
10. Даниел Рикирадо Ред Бул + 1 круг
11. Роман Грожан Лотус + 1 круг
12. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
13. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
14. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
15. Роберто Мери Манор + 3 круга

Најбрз круг: Н. Розберг - 1:42.062 (2014 1:43.065)

БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Пастор Малдонадо Лотус 48
Џенсон Батон Мекларен 42
Фернандо Алонсо Мекларен 22
Маркус Ериксон Заубер 5
Вил Стивенс Манор не стартуваше

Генерален Пласман по 2-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 43 1. Мерцедес АМГ 76
2. Себастијан Ветел 40 2. Ферари 52
3. Нико Розберг 33 3. Вилијамс 30
4. Фелипе Маса 20 4. Заубер 14
5. Кими Раиконен 12 5. Торо Росо 12
6. Фелипе Наср 10 6. Ред Бул 11
7. Валтери Ботас 10 7. Форс Индија 7
8. Даниел Рикиардо 9
9. Нико Хулкенберг 6
10. Макс Ферстапен 6
11. Карлос Саинц ЈР. 6
12. Маркус Ериксон 4
13. Дањил Квјат 2
14. Серџо Перез 1

http://mkformula1.blogspot.com/2015/03/2015_29.html
 
Чекај, чекај, чекај. Нели 4 мотори се годинава?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom