Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
2015 АВСТРАЛИЈА ГП: МЕРЦЕДЕС АМГ ДОМИНАНТЕН НА ДВЕТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ


Мерцедес АМГ ја потврди фаворитската улога!!!
2015 Формула 1 сезоната започна во раните утрински часови по Македонско време со двата слободни тренинзи за Големата Награда на Австралија. Нико Розберг беше за малку побрз од својот тимски колега и го забележа најбрзото време на денот. Останатите тимови, од кои Ферари се прикажа во најдобро светло заостануваа многу зад нив. Проблематичен ден за Мекларен, Манор, Заубер и до некаде Ред Бул.

Ферари беше најбрзиот после болидите на Мерцедес АМГ, и тоа со двата свои болиди, Себастијан Ветел со трето, а Кими Раиконен со четврото најбрзо време. Финецот повторно не може да го победи својот нов тимски колега. Валтери Ботас го имаше петтото најбрзо време за Вилијамс, а неговиот тимски колега, Фелипе Маса, не беше во можност да вози на вториот тренинг поради забележано истекување на вода непосредно пред почетокот на сесијата.

Исто така, Даниел Рикиардо со својот РБ11 не можеше да биде присутен на патеката, бидејќи беше потребна промена на неговата ПЕ. Се шпекулира дека Австралијанецот веќе загуби еден од четирите мотори што ги има на располагање за цела сезона. Неговиот тимски колега, Дањил Квјат беше шести најбрз, со големи 2.3с. заостанување зад најбрзото време и малку пред Карлос Саинц ЈР., кој беше најбрз за Б-тимот на Ред Бул, Торо Росо. Макс Ферстапен, вториот возач на овој тим, за разлика од првиот тренинг имаше многу поголеми проблеми на вториот и само 6 комплетирани круга поради проблеми со акумулаторот, за пласман во долниот дел на табелата.

Пастор Малдонадо и Роман Грожан беа осми и деветти најбрз, но и двајцата имаа кратки излети надвор од патеката. Очигледно Е23 има далеку поголема моќ, на која треба да се навикнат и ја скротат во своја полза. Нико Хулкенберг заврши во топ 10 со Форс Индија.

Тимот на Заубер по пропуштениот прв трениг, поради судскиот случај со Гидо ван дер Гард, го имаше своето деби на попладневната сесија. Фелипе Наср беше 11-ти, додека Маркус Ериксон го имаше 15-тото најбрзо време, но, имаше проблематични сесија поради оштетување на левата задна амортизација.

По проблематичната прва сесија, во текот на која Џенсон Батон и Кевин Магнусен имаа ограничен број на комплетирани кругови благодарение на проблеми со циркулацијата на воздух за ладење на ПЕ, Мекларен не беше ништо подобар и на вториот тренинг. Данецот, кој го заменува Фернандо Алонсо, го имаше најголемото излетување и заврши во бариерите покрај патеката. Овој инцидент предизвика црвено знаме во траење од седум минути, додека неговиот болид беше изнесен на сигурно место. Џенсон Батон со заостанување од 3.7 секунди зад најбрзото време.

Единствено тимот на Манор не го почувствува асфалтот на Алберт Парк и работат напорно за да го инсталираат софтверот потребен за нормална работа на болидот. Ова е последница на тоа што сите нивни хард дискови биле избришани пред планираната аукција кога тимот беше во стечај.

ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:29.557 19
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:29.586 + 0.029 19
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:30.748 + 1.191 20
4. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:31.014 + 1.457 32
5. Себастијан Ветел Ферари 1:31.029 + 1.472 13
6. Макс Ферстапен Торо Росо 1:31.067 + 1.510 31
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:31.188 + 1.631 19
8. Кими Раиконен Ферари 1:31.310 + 1.753 14
9. Пастор Малдонадо Лотус 1:31.451 + 1.894 22
10. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:31.570 + 2.013 9
11. Дањил Квјат Ред Бул 1:32.073 + 2.516 18
12. Серџо Перез Форс Индија 1:32.247 + 2.690 22
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:32.261 + 2.704 19
14. Џенсон Батон Мекларен 1:34.542 + 4.985 6
15. Кевин Магнусен Мекларен 1:34.785 + 5.228 7
16. Роман Грожан Лотус 2:17.782 + 48.225 5
* Не учествуваа возачите на Заубер и Манор...
* 2014 Најбрзо време: Фернандо Алонсо - Ферари - 1:31.840


ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:27.697 29
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.797 + 0.100 25
3. Себастијан Ветел Ферари 1:28.412 + 0.715 33
4. Кими Раиконен Ферари 1:28.842 + 1.145 33
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:29.265 + 1.568 32
6. Дањил Квјат Ред Бул 1:30.016 + 2.319 27
7. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:30.071 + 2.374 41
8. Пастор Малдонадо Лотус 1:30.104 + 2.407 11
9. Роман Грожан Лотус 1:30.205 + 2.508 37
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:30.473 + 2.776 30
11. Фелипе Наср Заубер 1:30.755 + 3.058 33
12. Серџо Перез Форс Индија 1:30.980 + 3.283 32
13. Џенсон Батон Мекларен 1:31.387 + 3.690 21
14. Макс Ферстапен Торо Росо 1:31.395 + 3.698 6
15. Маркус Ериксон Заубер 1:32.303 + 4.606 14
16. Кевин Магнусен Мекларен 1:33.289 + 5.592 4
* Фелипе Маса, Даниел Рикиардо, Роберто Мери и Вил Стивенс не учествуваа...
* 2014 Најбрзо време: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.625
 
Гол во 95 минута на МТВ :). Супер е и тоа што договорот им е долгорочен па обезбедени сме за следните три сезони :bravobe:
 
btw
Спортската понуда на MaxTV ја збогативме со каналите Sport Klub 4 (336), Sport Klub 5 (337) и Sport Klub 6 (338), кои ќе бидат дел од постојните пакети Max+, Max Sport и Max Sport +.
Важна напомена е дека Sport Klub 4,5 и 6 се периодични канали, односно се активираат само за одредени преноси во живо.
Уште една важна напомена е дека овогодишното натпреварување во Формула 1 може да го следите утре во 7:00 часот на Sport Klub 4 (336).
 
Сите плукаа по МТВ немале права еве сеа имат и па ќе гледат пола о гледачите на СК
 
Сите плукаа по МТВ немале права еве сеа имат и па ќе гледат пола о гледачите на СК

Па не е само да пренесуваш. Треба да си обезбедат, еве не мора цело студио, ама бар добро коментаторско дуо. Пример „стручниот“ лани не дека нема знаење човекот, али толку антипатичен е на целата публика со тоа „ Јас...Јас...Јас...“.
 
Па не е само да пренесуваш. Треба да си обезбедат, еве не мора цело студио, ама бар добро коментаторско дуо. Пример „стручниот“ лани не дека нема знаење човекот, али толку антипатичен е на целата публика со тоа „ Јас...Јас...Јас...“.
Дада мора да најдат некој добри коментарори.
''Стручниот''Нека го напише знаењето на еден лист и на некој нела даат нека чита. [emoji1]
 
На СК не гледам единствено поради лошата слика која особено се приметува на поголемите LCD телевизори. Е кога ќе пуштам МРТ HD друго е... [emoji1]
 
Ke pocnam da sumnjam deka se aktivni na forumov od kako pocna na golemo da se pluka vo ovie dva dena u posleden moment objavia deka ke vrsat prenos [emoji14] Pazite sto pisuvate da ne gi nalutime pa pa ke si kukame deka nema prenos xD
 
На кој SK? Јас имам 1,2 и 3 и на ни еден ја нема трката на програмата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom