2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ: ЛОТУС СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ, НО КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ДОБИТНИК?!?

Роман Грожан, ја продолжи низата од први места за Лотус Ф1 тимот. Французинот на последниот тест ден го забележа најбрзото време досега на втората предсезонска тест сесија во Барселона, но секако со помош на супер-меките гуми на Пирели. Денот го обележа необичниот инцидент на Фернандо Алонсо, кој заврши со болидот во заштитната бариера.
Се појавија многу шпекулации и теории на заговор, но ние ќе веруваме на официјалниот извештај од тимот на Мекларен, дека Алонсо имал потрес на мозокот, кој предивикал негова дезориентираност во првите мигови по несреќата. Првичните болнички испитувања покажале дека со него се е во ред, но како мерка за претпазливост ќе бидат извршени дополнителни испитувања. Лекарите препорачале да мирува, па можеби нема да се појави на втората предсезонска тест сесија во Барселона која започнува за неколку дена.
ЧЕТВРТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Роман Грожан Лотус 1:24.067 111
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.321 + 0.254 131
3. Дањил Квјат Ред Бул 1:24.941 + 0.874 104
4. Фелипе Наср Заубер 1:24.956 + 0.889 73
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.345 + 1.278 129
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.604 + 1.537 88
7. Себастијан Ветел Ферари 1:26.312 + 2.245 76
8. Нико Хулкенеберг Форс Индија 1:26.591 + 2.524 36
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:27.556 + 3.208 20
Нема да навлегуваме во подлабока анализа на оваа прва рунда во Барселона, туку ќе се осврнеме на најзначајните заклучи во кратки црти, за да ја дадеме завршната оцена по третата предсезонска тест сесија.
Проблемите на Мекларен-Хонда...
http://mkformula1.blogspot.com/2015/02/2015_23.html