Уф, од каде да почнам...
За Милано и општо за градот извештај у вторник кога ќе се вратам, ама за ова не можам да додржам. Вчера летот ми беше во 11:40 па каснев на квалификациите и фатив некој си 2 минути. Џабе патот од Бергамо до Монца. Битно да напоменам дека немав карта туку ваучер кој треба да се смени. Ама дека квалификации па ме пуштија со ваучерот по што ми напоменаа дека треба да сменам за трката. А, денес...
Знаев дека ваков ден не се пропушта и не се спие касно туку се станува рано. Па така станав кај 6 саат. Се спремив со ранецот апаратот и една јакна пошто ладно беше во 7. Тргнав кон метрото, на улица жив човек. А, читав како на овој ден сите се ферари облечени порано идат за подобри места и се разочарав. Десет скали надоле во метрото толпа народ од Ферари фанови

Уште тука се запознав со татко и син Италијанци али изгорени по Ферари. Секоја трка на Ф1 ја гледаат без разлика каде е. Ме прашуваа како е во Македонија има ли интерес за Ф1 има ли фанови на Ферари, по што му ја кажав реалноста дека 90% се ферари фанови. Таткото имаше некој си 65-6 години. Останав запрепастен кога почна да плаче и со солзи во очите ми кажуваше дека најтежок дел од животот му е кога Ферари не е конкурент. Ми кажа дека со генерации се навива за Ферари. И никогаш од синот не побарал нешто во животот освен да го научи да користи интернет. И сето тоа само за да може да чита за Шумахер и да ја прати неговата состојба. Не трепнав додека раскажуваше. Од метрото се качивме во воз за Монца и таму продолжи муабетот.
Веќе се разделивме поради различни трибини по што ме покани нареден пат ако доаѓам да му бидам гостин во куќата што цела им е со спомени од Ферари.
Патот со воз беше околу 30 минути. Читајќи на нет после возот треба да те чекаат автобуси што ќе те однесат до стазата. Арно ама како што се симнав од воз имаше знак Lesmo и толпата вадеше карти. Се израдував оуу јеаа нема пат веќе. За жал тој на врата ми вика Left right and gooo. Испадна дека треба да пешачам некој си 3-4 километри до вчезот Santa Maria Alle Selve. Ѕој на врата ми вика гоу бек 100м тејк д тикет. Пичка ти матер кој 100м 15 минути имаше. И тука го губиш здивот гледаш натпис AUTOPISSANI, а внатре сите модели на Ферари од почетоците до денес. Се заборавив некој си 30м и заборавив за што сум дојден.
Во истата зграда те чека картата и ако порачаш Ф1 програма. Влегов на Монца. Уште 10м пешки по шума дур стигнеш да трибината али тие 10 се најтешки. Слушаш мотори загреваат, а не ги гледаш.
Картата ми беше GA па бев сместен на излезот од пит. Внатре бев негде околу 9 и 30 и фатив формула 20 и беа доста интересни, но моторите некој чуден звук вадеа. Пола саат пауза па следуваше Порше трка. Е тука какви претекнувања имаше такви у Ф1 со години не сме виделе. Останаа 2 саати пред трката оука сонце. Пред трката возачите излегоа на еден камион и возеа цел круг и одпоздравуваа и даваа интервјуа. Водителката си играше мајтап па ја праша публиката Ok, let' guess who is the winner for most penalties

Се коментираа на Англески, а трката на Италијански. Не знам од кој причини. Али коментаторот типичен талијанец. Секое претекнување онака го коментира али на Ветел и на Кими аууу мислам дека полудуваше.
Почна Италијанската химна и сите ја пееја ептен се наежив.
Прегледај го приврзокот 128121
На небото прелетаа неколку авиони со дим и го прикажаа Италијанското знаме.
Прегледај го приврзокот 128122
Трката што да се каже

Мало разочарување со Кими на старт али секое негово претекнување беше проследено со овации и стануваа сите. Кими беше бр1 на трибините, на Фетел не му ни стануваа искрено. Али го прославија ептен јако.
Буквално Италијанциве живеат за Ферари и Ф1. По трката инвазија на стазата си викам супер блиску сум на трибина ќе фатам и доле место. Мхм да, веќе имаше над 50.000 на стазата. Урлање коа го дигна Фетел пехарот. Па конфети шампањи на сите страни.
Голем минус е што голем број од редарите не знаат Англески па не знаат да објаснат кај да се движиш. Објаснуваат у Сашко Коцев стил. Go go go and goooooo. Само треба да им покажеш на мапа кај да одиш. За назад исто саат време пешачење па не качија у бус за до железничка па од тука возот назад па метро и дома си. По трката имаше река од луѓе и слободно ќе кажам над 100.000 илјади кои идеа кон автобусите. А, таму над 300 бусеви. Се на се супер организација и неверојатен ден.
Мислев дека имам претстава што се 350км да возиш ама немав. Моментот е неопислив на 20 метри од тебе да се Фетел, Кими, Алонсо, Хамилтон да возат со неверојатна брзина. Башка што за време на трката корне на бензин и самата атмосфера крева адреналин до максимум. Звукот на моторите е неверојатен поготово на стартот кога се спремаа за тргање. А, да не збориме кога ќе видиш претекнување и цела публика е во трнас. За Кими се направи вела атмосфера.
Од 7 сабајле до 5 на тучек залче немав ставрно во уста со само пола литро вода. Нозе ме болат не ги осеќам, изгорен од сонце папсан од самиот пат. Ако ме праша некој дали пак би дал пари и толку енергија за нршто вакво ? ДА!!!
Ова е тој настан каде што си по возбуден од првиот секс, каде што не мислиш на ништо друго и не обрнуваш внимание на најдобрите женски што шетаат по танги и прслуци. Ма небитни беа поред Ф1.
Се на се најдобар дрн во животот, ден кој не се заборава, ден кој ќе се раскажува. Ако имате пари и време ова е трката што сакате да ја гледате. Полна историја со голем број навивачи и познавачи на овој спорт.
Не замерувајте на голтнати букви или утнати уште се тресам од адреналинот и атмосферата.
ps. Повеќе слики и видеа у вторник.
FORZA FERRARI !!