Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Продолжува доминацијата на Мерцедес, Хамилтон перфектно без грешки додека Розберг се мачеше малце со болидот.
Мислам дека Розберг не може со Хамилтон, Хамилтон е многу поагресивен возач и не се предава под никој случај, додека Розберг е порезервен.
Ферари со прв подиум, има подобрување некое но Кими заостанува, изгледа не се чуствува удобно во болидот, ке треба малце време да се навикне, моментално не е ништо подобар од Маса.
Рикјардо си гази, продолжува да го понижува четрикратниот шампион, се глеа оваа сезона перформансот на Фетел и каков лигуш е.
 
Не знам зашо сите како да го мразете Фетел шо земал 4 титули.Па он беше како Мерцедес сеа шо са у право време на право место кој и да е бил на негово место ке е газил од 2010 до 2014

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
2014 КИНА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН ПРЕМНОГУ ЛЕСНО ДО ТРЕТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА


Луис Хамилтон ја забележа својата трета последователна победа на Кинеското Гран При, во трка која ја поведе од стартот, па се до поминувањето на целната линија. Нико Розберг по проблемите успеа да стигне до второто место, а одличниот Фернандо Алонсо со прв пласман на Ферари на победничкиот подиумот оваа сезона.

Луис Хамилтон имаше добар старт на трката, успеа да го зачува првото место, за потоа да следи досадно возење без никаква грешка за нова победа. Додека Британецот се повеќе и повеќе исчезнуваше во далечината,борбата за второто место беше она што го задржа нашето внимание на оваа трка.

Даниел Рикиардо и Нико Розберг имаа лоши стартови, а Германецот имаше и прилично голем контакт гума со гума со Вилијамсот на Валтери Ботас. Негова среќа што остана на патеката.За разлика од нив Себастијан Ветел, а особено Фернандо Алонсо имаа добри стартови, за во тој момент второ и трето место. Шпанецот имаше контакт, повторно со Вилијамс, но овојпат Фелипе Маса. И овој инцидент заврши без никакви последици. Фелипе Маса беше веднаш зад Фернандо Алонсо и поставуваше добри времиња, но се до првиот пит-стоп кога неговата трка беше уништена.

Механичарите на Вилијамс ги немаа подготвено неговите гуми, за потоа да имаат проблеми со задната лева гума, со тоа уништувајќи ги сите шанси за Бразилецот да оствари добар пласман на оваа трка. Со првата серија на промена на гуми, го видовме и победничкиот потег на денот, кога Фернандо Алонсо влезе во боксовите еден круг пред Ветел, кој во тие моменти беше на втората позиција. Тој потег му овозможи да излезе пред болидите на Ред Бул и да остане таму до крајот на трката. Фернандо Алонсо мора да го прогласиме за возач на денот, што успеа да го донесе Ф14 Т на подиумот.

Ред Бул е губитник на денот, повеќе во очите на фановите, отколку можеби за изгубениот подиум на Даниел Рикиардо. Во 24 круг по промената на гуми Ветел беше пред "побрзиот" тимски колега и доби директна тимска наредба да го пропушти. Германецот по многу двоумење се реши да го пушти, но шансите за подиумот беа загубени. Прашање е дали и оваа контраверза(од страна на Ветел и тимот) тоа им беше потребно во овие тешки денови за Австрискиот тим. Колку што бевме зад Вебер во ваквите случаи, сега треба да бидеме и зад светскиот шампион. За мала добивка, големо рушење на имиџот. Сосема непотребно!!!

Примерот со Нико Розберг ни ја демонстрираше силата на Мерцедес АМГ. Тој и покрај слабиот старт и шестото место на почетокот, со леснотија и трпение ги претекна сите болиди пред себе, секако освен тимскиот колега, за нова еден-два победа. Првите 4 трки од сезоната поминаа во комплетна и тотална доминација на болидите на Мерцедес АМГ, гледавме досадни трки, освен минатата за која сепак допринесоа повторно тимските колеги на сребрените стрели. Тоа ни даде надеж и потсетник за тоа каква треба да биде една Ф1 трка.

На трката во Шангај имавме раритет кој досега не го имавме видено. Имено, иако трката продолжи како што е планирано со 56 круга, како конечен пласман се зема редоследот од 54-от круг. Ова се должи на фактот дека на Луис Хамилтон случајно пред време му било покажано црно-белото коцкесто знаме на крајот од 55 круг. Во согласност со член 43.2 на спортските правила, ако поради некоја причина на лидер му биде покажано коцкестото знаме пред крај на трката, како официјални се земаат резултатите од последниот круг пред тој.

Единствен губитник е Камуи Кобајаши, кој успеа да го престигне Жил Бјанки на крајот на 56-тиот круг во борбата за 17 место во записникот повторно беше зад него.

Следува пауза од три недели, за Ф1 циркусот да пристигне дома во Европа, за Големата Награда на Шпанија, а толку е времето во кое останатите тимови треба да променат многу работи на своите болиди, за да 2014 сезоната не биде потполно уништена!!!

http://mkformula1.blogspot.com/2014/04/2014_20.html
 
Почнаа да се зафркаваат со Ф1, не е она што беше... :(

ех тие времиња тој што ќе го ја освоеше полпозицијата за земаше трката, тие времиња кај што одвај имаше 3-4 претекнувања во првите 10 болици на патеката. Тие времиња кај што највозбудливиот дел беше кога се очекуваше лидерот кога ќе влезе во бокс да го заебат механичарите. Е тие времиња пројдоа друже, ферари и мекларен така земаа титули, дојдоа некои нови клинци. Не велам дека е се сјајно сега пример изобличувањето на болидите и турбомоторите не ги сакам ич. Но мора да се признае дека е поинтересно за гледање, е сега Алонсо или Раиконен ако не победуваат за мене е небитно.
 
Имаше некој пишано поназад дека бара снимки од стари трки. Случајно си листав некои страни и ми излезе линк до фан стрна на фб, има линкови до ббц од стари снимки, не се цели трки но по 1 саат траат - highlits демек, се загледав сеа ама си ја ставив странава и во букмаркс пошто не сум имал можност да најдам олку стари трки досега. Кој го интересира клик тука.
 
Да, само на трките присуствува како стручен коментатор. :D
1452361_10202277019784586_1661467793_n.jpg

Овој е тој Коки ? :D
Иначе немам гледано ф1 на мтв не памтам од кога...се сеќавам едно време табакот кога беше коментатор, одтогаш следам само преку стримови од ббц или од скај спортс. Иначе ко го изгуглав коки мтв ф1 ми излезе ова хаха "Se e ok ama kaj go najdoa onaj na MTV komentator da e zimi se RETARDINJO so pedigre"
 
1452361_10202277019784586_1661467793_n.jpg

Овој е тој Коки ? :D
Иначе немам гледано ф1 на мтв не памтам од кога...се сеќавам едно време табакот кога беше коментатор, одтогаш следам само преку стримови од ббц или од скај спортс. Иначе ко го изгуглав коки мтв ф1 ми излезе ова хаха "Se e ok ama kaj go najdoa onaj na MTV komentator da e zimi se RETARDINJO so pedigre"
Види во МРТ коментатори за Ф1 се Зоран Видевски и Бранко Чупевски+Коки (како стручен). Општо овој Видевски е доста подобар од другиов. Овој Чупе досега ги коментираше Малезија и Кина. Во Малезија не знаеше што е Ф1, а на последнава добар беше. За Видевски неможам да се пожалам. А тој од сликата, да тој е Коки. Го имам видено кај GP Cafe (Картинг центар, Борис Трајковски).
 
Е сега, следниве 2 недели темава оди на ,,stand by,,.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom