2014 КИНА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН СО НОВА ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА ДОЖДОТ ВО ШАНГАЈ

Луис Хамилтон ја забележа својата трета Пол Позиција во оваа сезона, докажувајќи уште еднаш дека му одговараат дождливите услови на патеката. Ова ќе биде негов 34-ти старт од првата позиција, со што ги помина Алан Прост и Џими Кларк, па сега ќе биде осамен на 4-тото место на вечната листа, на која убедливо води Михаел Шумахер. По трет пат од четири сезонава, квалификациите се одржаа во дождливи услови, што е еден од највлажните почетоци на една сезона во поновата историја. Првите 10 возачи ги употребија Интермедиа гумите на Пирели за да го постават своето најбрзо време.
Денес на патеката во Шангај дождот го имаше во текот на целиот ден, а возачите го имаа третиот слободен тренинг, иако со многу малку излегувања на патеката, да се навикнат на овие услови и ги подесат своите болиди за влажно време. Сепак, знаеме дека после квалификациите нема промени на болидите, па повеќето возачи направија компромис, со цел да бидат подготвени за најавената сува трка во утрешниот ден, но и дождот не е 100% исклучен.
Уште од Q1 сесијата Британецот најави дека е најсериозниот кандидат за првата позиција, а неговиот тимски колега, Нико Розберг, кој е единствениот што може да му парира, подлегна на притисокот и многу грешеше неможејќи да забележи нити еден добар круг. Шампионите се прават под притискок, а прашање е дали Германецот е од таков ков. На крај очекувано отпаднаа и двата болиди на Катерам и Марусија, придружувани сезонава со по еден болид на Заубер, а сега тоа беше Естебан Гутиерез. Пастор Малдонадо ќе стартува од последната позиција, затоа што по проблемите на третиот тренинг, неговите механичари не стигнаа да го поправат неговиот болид за да учествува на денешните квалификации.
Во Q2 отпаднаа два Шампиони, Кими Раиконен, кој никако не може да го скроти Ф14 Т во своите раце и Џенсон Батон со Мекларен МП4-29. Дањил Квјат ќе стартува 13-ти пред Адријан Сутил, Кевин Магнусен и Серџо Перез. Овојпат, дождот не им одговараше на болидите на Форс Индија.
Во последната сесија Луис Хамилтон комотно до пол позицијата, а неговиот тимски колега, Нико Розберг, при првиот брз круг се префорсира излета надвор од патеката, за подоцна и при вториот обид да се изврти на патеката, точно пред целната линија. Неговите први сектори ветуваа добро време, но на крај мораше да се задоволи со 4-тата стартна позиција.
Даниел Рикиардо ќе стартува од првиот ред, поставувајќи време за 6 десетинки побавно од Хамилтон при неговиот последен брз круг. Но, тој трет пат веќе го победува својот тимски колега, Себастијан Ветел, кој ќе стартува од третата позиција, пред вториот Мерцедес на Нико Розберг.
Фернандо Алонсо беше петти најбрз, но никогаш не беше ни блиску до првите 4 позиции, што значи дека ќе стартува од најдоброто можно место за него во овие квалификации. Зад него е дуото на Вилијамс, Фелипе Маса и Валтери Ботас на шестата и седмата позиција. Нико Хулкенберг се квалификуваше на осмата, пред болидот Жан-Ерик Верн, со болидот на Торо Росо. Топ 10 пласманот го заокружи Роман Грожан, кој за прв пат оваа сезона успеа својот Лотус Е22 да го внесе во Q3 сесијата.


П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:53.860
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:54.455 + 0.595
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:54.960 + 1.100
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:55.143 + 1.283
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:55.637 + 1.777
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:56.147 + 2.287
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:56.282 + 2.422
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:56.366 + 2.506
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:56.773 + 2.913
10. Роман Грожан Лотус 1:57.079 + 3.219
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:54.029
11. Кими Раиконен Ферари 1:56.860 + 2.831
12. Џенсон Батон Мекларен 1:56.963 + 2.934
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:57.289 + 3.260
14. Адријан Сутил Заубер 1:57.393 + 3.364
15. Кевин Магнусен Мекларен 1:57.675 + 3.646
16. Серџо Перез Форс Индија 1:58.264 + 4.235
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтонг 1:55.516
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:58.988 + 3.472
18. Камуи Кобајаши Катерам 1:59.260 + 3.744
19. Жил Бјанки Марусија 1:59.326 + 3.810
20. Маркус Ериксон Катерам 2:00.646 + 5.130
21. Макс Чилтон Марусија 2:00.865 + 5.349
22. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време
107% време: 2:03.602
2014 КИНА ГП: KOJ, KAKO, ШТО ОЧЕКУВА ОД УТРЕШНАТА СТРАНА

Се надеваме дека ќе ви се допадне оваа статија, која би можела да премине во редовна рубрика, во која во кратки црти ќе ги опишеме очекувањата и размислувањата на сите возачи пред секоја трка. Па, еве ги главните поенти по редослед на стартување на Кинеското Гран При, кое започнува во 09:00 часот по македонско време.
Луис Хамилтон се надева на сува трка во која ќе може да ги искористи предностите на W05. Кај него има мала доза на сомнеж, како би се однесувал болидот на суво, по промените после петочните тренинзи кои не биле тестирани во пракса.
Даниел Рикиардо повторно го победи својот тимски колега, па најверојатно примарна цел ќе му биде да остане пред Себастијан Ветел. Задоволен е од адаптацијата во клубот, а тоа според него покажуваат и резултатите. Според него, Ред Бул уште малку треба да поработи за да го стигне најбрзиот тим во овој момент.
Себастијан Ветел го пофали Австралијанецот за одличната работа што ја прави во тимот, и потенцираше дека тие се во најдобра позиција да го загрозат Мерцедес, доколку им се укаже шанса за тоа.
Според Нико Розберг четвртата стартна позиција не е катастрофа. Тој бил брз во петокот на подготовките за трката, па се уште е убеден дека има реални шанси за победата.
Фернандо Алонсо, исто така, верува дека Ф14 Т подобро се однесувал на сув асфалт, стартува блиску до водечките и ако успее да се задржи до нив, можен е пласман на подиумот. Стартот е од особено значење кој треба да помине без дуели, кои може да го оштетат болидот. Далеку е од борба за Победата, но прават се за да се доближат до водечките.
Фелипе Маса и Валтери Ботас стартуваат еден до друг, а од двајцата стигнуваат многу слични најави. Се согласуваат дека болидот се подобрил на влажно време, но сепак дека е подбро трката да помине без дожд, во кој случај би можеле да имаат добра трка и да напредуваат низ поредокот. Само да не заглават во борба еден со друг, бидејќи кај нив ништо не се знае.
Нико Хулкенберг вели дека е секогаш добро да се стартува од Топ 10 пласман, и напоменува дека главна улога би можело да биде грејнингот на гумите, кој ќе ја направи трката поинтересна. Тој е еден од возачите кој посакува сува трка да може да напредува во поредокот.
Жан-Ерик Верн верува на временската прогноза дека ќе имаме сува трка, што е многу подобро на болидот на Торо Росо. Ќе даде се од себе да направи добар старт и од деветтата позиција на патеката, да собере што повеќе поени.
Роман Грожан верува дека првиот пласман во топ 10 е вистински пказател на брзината на Е22 и се надева дека и на утрешната трка ќе останат меѓу најбрзите десет болиди.
Кими Раиконен ќе се обиде со неконзистентниот Ф14 Т да има добра трка и собере што може повеќе поени.
Џенсон Батон за лошиот пласман го обвини дождот и недостатокот на потисна сила во такви услови. Очајно посакува сува трка во текот на утрешниот ден, како би имал шанса да направи нешто повеќе.
Дањил Квјат е разочаран од денешните квалификации и само се надева на добра трка, без многу очекувања.
Адријан Сутил изјави дека се коцкале и дека болидот е подесен за влажна трка, па ако дождот ја одмине патеката во Шангај, тие ќе имаат една многу тешка трка.
Кевин Магнусен е многу разочаран од денешните перформанси, и не може да го посочи точниот проблем со болидот на Мекларен. Верува дека вредат повеќе од 15-тата позиција, и дека се надева на голем напредок низ поредокот на утрешната трка.
Серџо Перез денес на квалификациите никако не можел да ги донесе гумите на нивната посакувана работна температура, па имал потешкотии да остане на патеката. Ако трката биде сува се надева да надомести колку што може да се спаси.
Естебан Гутиерез за да има добра трка, треба да има конзистентен болид, кој го немал досега низ викендот. Се надева на подобри времиња кога ќе бидат воведени нови делови на болидот за трката во Шпанија.
Камуи Кобајаши и Жил Бјанки изјавија дека имале добра борба на денешните квалификации, а Јапонецот успеал да излезе како победник по малата грешка на Французинот. Катерам и Марусија водат своја борба која е многу незвесна и носи 10 милиони долари на крај од сезоната за победникот.
Маркус Ериксон и Макс Чилтон ќе ја чекаат својата шанса во сенка на дуелот на своите тимски колеги. Додуша знаеме дека на Макс Чилтон не му важно местото, туку да заврши што повеќе кругови.
Пастор Малдонадо по проблемите со ПЕ на Рено не успеа да ги стартува денешните квалификации, ќе стартува последен, а со тоа и неговата казна од 5 стартни места изгуби смисла. Од него може се да се очекува на трката, само се надеваме дека заврши со камиказа потезите за оваат сезона. http://mkformula1.blogspot.com/