Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Картите за Австрија распродадени ли се,или што?[DOUBLEPOST=1393331592][/DOUBLEPOST]Картите за Австрија распродадени ли се,или што?
 
Картите за Австрија распродадени ли се,или што?[DOUBLEPOST=1393331592][/DOUBLEPOST]Картите за Австрија распродадени ли се,или што?
Нема шанси да се распродадени сите, тоа е огромен комплекс што нема шанси да се пополни цел.
Не само Мелбурн, сите Ф1 патеки.
 
Последно уредено:
2014 БАХРЕИН II ТЕСТ: ФОРС ИНДИЈА СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ, ПРЕСЕК 12:30 часот

Првиот ден од втората серија од четири тест дена започна без поголеми проблеми или инциденти, дури и за тимовите со Рено ПЕ.

Ред Бул се задоволни со бројот на комплетирани кругови, 32, пред почетокот на паузата за ручек.

За прв пат, Даниел Рикиардо со време под 1:38, но остануваат далеку од најбрзото време 1.33.283 на Нико Розберг.

Добар почеток и за Торо Росо, со над 40 комплетирани круга, нешто што досега можеше само да сонуваат. Претходно само Катерам беше толку далеку, но денес Камуи Кобајаши со CT05 го предизвика првото црвено знаме и малку е на патеката.

Секако не е изненадување дека трите најбрзи болиди повторно се со Мерцедес ПЕ. Нико Розберг комплетираше најмногу кругови - 68.

1. Серџо Перез Форс Индија 1:35.290
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.624 + 1.334
3. Кевин Магнусен Мекларен 1:37.825 + 2.535
4. Адријан Сутил Заубер 1:37.892 + 2.602
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:37.908 + 2.618
6. Кими Раиконен Ферари 1:38.761 + 3.471
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.907 + 3.617
8. Дањил Квјат Торо Росо 1:39.242 + 3.952
9. Макс Чилтон Марусија 1:39.787 + 4.497
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:40.599 + 5.309
11. Камуи Кобајаши Катерам 1:42.285 + 6.995

2014 Bahrain Test, 3.jpg [DOUBLEPOST=1393540758][/DOUBLEPOST]2014 БАХРЕИН II ТЕСТ: МЕРЦЕДЕС НАЈПОДГОТВЕН, РЕНО СО ПРОБЛЕМИ, ФЕРАРИ МИСТЕРИЈА

1. Серџо Перез Форс Индија 1:35.290 105
2. Валтери Ботас Вилијамс 1:36.184 + 0.894 128
3. Кими Раиконен Ферари 1:36.432 + 1.142 54
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.624 + 1.334 89
5. Адријан Сутил Заубер 1:37.700 + 2.410 89
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:37.825 + 2.535 109
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:37.908 + 2.618 39
8. Макс Чилтон Марисија 1:38.610 + 3.320 44
9. Дањил Квјат Торо Росо 1:39.242 + 3.952 55
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:40.599 + 5.309 31
11. Камуи Кобајаши Катерам 1:42.285 + 6.995 19

http://mkformula1.blogspot.com/2014/02/2014-ii_27.html
 
Последно уредено:
Рено побара одложување на хомологацијата на моторите за 2-3 месеци(истече рокот за хомологација пред 26 минути),но од ФИА се одбиени.Што ќе биди понатака не се знае.Од РБ велат дека нивната погонска единица е за 165 КС послаба од таа на Мерцедес ,па за кого се зборува дека има најсилна погондка единица но има дилеми околу потрошувачката која е ограничена на 100 кг трка и максимален проток на пумпа од 100 кг на час
 
Ајде ајде уште 2 недели и шоуто може да почне ! :cool:
 
Не ми е јасно како само рб има проблеми со моторот. Само ред бул има рено мотор ебаго?
 
nema sa rb motor od reno i drugite timovi so koristat reno motor imaat problemi...a rb ima+problem so preagrisovnosta na bolidot odnosno dizajnot na bolidot
Не ми е јасно како само рб има проблеми со моторот. Само ред бул има рено мотор ебаго?
 
Аууууу yeaaaaah денес ред булот не тргнал.Баш би сакал да ја видам фацата на Гнасел какво му била :D
 
Day3.jpg


2014 БАХРЕИН II ТЕСТ: ФЕЛИПЕ МАСА СО РЕКОРДНО ВРЕМЕ, РЕД БУЛ И ЛОТУС СО МНОГУ ПРОБЛЕМИ

Фелипе Маса имаше продуктивен ден, во кој го забележа најбрзото време досега во 7-те тест дена во Бахреин. Во Вилијамс ги поминале најголемиот дел од тестовите во однос на издржливоста на болидот, па така денес се концентрирале на поставување брзи времиња и симулација на квалификациона сесија, заедно со евалуација на однесувањето на Пирели гумите при различни подесувања, нешто што ние ретко се прави за време на тркачките викенди. Бразилецот задоволен од исполнувањето на предвидената програма и однесувањето на FW36 го оцени како многу охрабрувачко.

Нико Розберг со W05 комплетираше 103 круга и покрај тоа што поголемиот дел од утрото го преседе во гаражата на Мерцедес АМГ, чекајќи да биде променета погонската единица(ПЕ) на неговиот болид. Кога доби дозвола да излезе на патеката, прво имаше симулација на трка, за при крај на денот да излезе на супер-меките гуми на Пирели за неколку брзи круга. Но, беше за 2 десетинки побавен од Фелипе, кој беше исто така на супер-меки гуми, кога го забележа најбрзото време.

Кими Раиконен и Ферари повторно во топ 3, но со над 2 секунди заостанување и многу проблеми и на неговиот последен тест ден пред стартот на 2014 сезоната.
"Се надевав на повеќе кругови, но тоа не беше лесна цел за денешниот ден. Изгубивме време во утринските часови со обичен конектор, кој ги принуди нашите инженери делумно да го расклопат болидот, за да биде сменет. Но, успеавме да надополниме во попладневните часови, кога имав симулација на трка. Собравме многу податоци во врска со потрошувачката на гориво и деградацијата на гумите. Денес имавме силен ветер на патеката, поради кој возењето не беше пријатно. Посакував повеќе круга, но имаме уште еден ден со Фернандо да продолжиме со нашата подготовка за Мелбурн." Најголемите проблеми денес ги имаа Ред Бул, Лотус, Заубер. По позитивниот втор тест ден, гремлините во болидот на Ред Бул се појавија повторно, па така Себастијан Ветел најголемиот дел од денот го помина во нивната гаража.

"Во овој момент, ние, очигледно имаме многу различни проблеми со кои се соочуваме. Тоа не е најдобра ситуација за нас, но не можеме да ја промениме. Сите во тимот се исклучително мотивирани да го поправиме RB10, но нема брзо решение. Во оваа фаза издржливоста е еден голем прашалник. За трката во Мелбурн ќе стигнат нови делови, кои поради далечината со нашата база, не можевме да ги добиеме во Бахреин, па затоа мислам дека работите ќе се подобрат во текот на следните неколку недели. Штом ќе ја имаме полната моќ на нашиот болид, брзината нема да изостане." Како Ред Бул, така и Лотус, им парираат со проблемите. Утрината имаа проблеми со електричната инсталација, започнаа со задоцнување, и на крај по 33 круга, предвреме да го завршат денот поради проблеми со ЕРС-системот. Болидот на Адријан Сутил се запали при првиот инсталациски круг, а инженерите на Заубер не успеаа да ја заменат ПЕ до истекот на денешната сесија.

Маркус Ериксон комплетираше рекордни 117 круга со Катерам-CT05, но со речиси пет секунди заостанување зад најбрзо време на Маса, а најохрабрувачките знаци за Рено дојдоа со темпото на Дањил Квјат со Торо Росо, кој го забележа 5-тото најбрзо време и пристоен број на извозени круга.

Утре е последниот ден од тестирањето во Бахреин, пред стартот на првата трка во Австралија на 16 Март.

1. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.258 99
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:33.484 + 0.226 103
3. Кими Раиконен Ферари 1:35.426 + 2.168 87
4. Кевин Магнусен Мекларен 1:35.894 + 2.636 88
5. Дањил Квјат Торо Росо 1:36.113 + 2.855 81
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.205 + 2.947 115
7. Жил Бјанки Марусија 1:37.087 + 3.829 78
8. Маркус Ериксон Катерам 1:38.083 + 4.825 117
9. Роман Грожан Лотус 1:42.166 + 8.908 33
10. Адријан Сутил Заубер без поставено време 1
11. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време 0

http://mkformula1.blogspot.com/2014/03/2014-ii.html

Кими Раиконен, Ферари;.jpg
 
Последно уредено:
Ферари ќе си гази сезонава, иако болидиве грди им се малце :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom