Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
2014 БАХРЕИН ГП: НИКО РОЗБЕРГ СО ПРВА СЕЗОНСКА ПОЛ ПОЗИЦИЈА


Нико Розберг ја забележа својата прва Пол Позиција во оваа сезона правејќи помалку грешки од фаворизираниот тимски колега, Луис Хамилтон, кој не успеа трет пат по ред да биде на првата и мораше да се задоволи со втората стартна позиција. Во Q3 сесијата секој имаше по два брзи круга, и при првото излегување на патеката побрз беше Германецот, а при вторите брзи кругови изостана пресметката помеѓу нив кога Британецот направи кардинална грешка.


Даниел Рикардо повторно подобар од Себастијан Ветел, но забележаното трето најбрзо време ќе му ја донесе само 13-тата стартна позиција. Неговото место на стартот ќе го пополни Валтери Ботас, кој имаше одлични перформанси, како да сакаше да покаже дека ни тој повеќе нема да попушта пред својот тимски колега. Тимските наредби се добри за тимот, но ако се употребуваат како што треба, а во овој случај во Вилијамс само се разгореа страстите и го ставија на испит пријателството меѓу двајцата нивни возачи. Друштво на вториот стартен ред ќе му прави Серџо Перез, што е уште еден доказ за надмоќноста на Мерцедес погонските единици, чија предност е премногу изразена на Шакир патеката.

Во најбрзите десет возачи имавме 7 Мерцедеси, две Ферари, очекувано тоа беа двајцата возачи на Италијанскиот тим од Маранело и една Рено ПЕ. Кими Раиконен беше подобро пласираниот возач на Ферари кој ќе стартува од петтата позиција, а покрај него ќе биде Џенсон Батон од Мекларен. Четвртиот стартен ред ќе го пополнат Фелипе Маса од Вилјамс и Кевин Магнусен од Мекларен, за конечната листа на Топ 10 стартери да ја заокружат двајцата Ф1 шампиони Фернандо Алонсо и Себастијан Ветел, кој беше најголемото изненадување на денот,кога не успеа да ја премине Q2 сесијата. Но, мора да напоменеме дека неговиот болид имаше проблеми со менување на брзините.

Тие што ги следеа квалификациите можеа да забележат дека освен првите две позиции и оние последните кои беа решени во Q1 сесијата, останатата борба беше таа која ја посакуваме да биде низ целиот грид за интересен Ф1 Шампионат. Утрешната трка за Големата Награда на Бахреин, на која победата ќе му припадне на Мерцедес АМГ, стартува во 17:00 часот. Се надеваме дека барем борбата за третото место ќе биде една од поинтересните со многу неизвесност, претекнувања на патеката и стратегиско надмудрување во боксовите.

Според Пирели, три пит-стопа се теоретски најбрзата стратегија, но тимовите со пониско ниво на деградација може да се обидат со две промени на гумите. Идеалната стратегија со три застанувања во 57-те круга од трката е: старт на меки гуми, промена на меки околу 17-от круг, следуваат медиум гумите во 33 круг, и повторно меките гуми за финалниот стинт од 41 круг. Тимовите кои ќе се одлучат за едно помалку застанување во бокс ќе стартуваат на меки гуми, околу 22 круг повторно промена на меки и на крај медиум гумите од 44 круг.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:33.185
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:33.464 + 0.279
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:34.051 + 0.866
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:34.247 + 1.062
5. Серџо Перез Форс Индија 1:34.346 + 1.161
6. Кими Раиконен Ферари 1:34.368 + 1.183
7. Џенсон Батон Мекларен 1:34.387 + 1.202
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:34.511 + 1.326
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:34.712 + 1.527
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:34.992 + 1.807
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:33.708
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:34.985 + 1.277
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:35.116 + 1.408
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:35.145 + 1.437
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.286 + 1.578
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:35.891 + 2.183
16. Роман Грожан Лотус 1:35.908 + 2.200
Q1 Најбрзо време: Нико Хулкенберг 1:34.874
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:36.663 + 1.789
18. Адријан Сутил Заубер 1:36.840 + 1.966
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:37.085 + 2.211
20. Жил Бјанки Марусија 1:37.310 + 2.436
21. Маркус Ериксон Катерам 1:37.875 + 3.001
22. Макс Чилтон Марусија 1:37.913 + 3.039
107% време: 1:41.515



http://mkformula1.blogspot.com/2014/04/2014_5.html
 
Може ќе го нема Фетел ама химната пак ќе е тамо :pipi:
 
Сезонава ќе биде иста како 2009 кога Браун со Батон и Баричело доминираа. Ред Бул ќе направат подобар болит во текот на сезонава но прашање е дали тоа ќе биде навреме за да ја спасат сезонава.
 
Не ми се ни гледа ова гомно од Ф1 :mad: Или нека направат правила кои ке важат за наредните 5-10 години, или нека ја укинат. Стватно преку Тасе од нови правила, нови болиди, нови стази итн.
Уште тој коментаторот на прва кога ке почне да просерава како тоа било за напредок на човештвото ми доаѓа да го скршам ТВ-то. Демек Мерцедес неможе да тестира некој нов систем за кочење па мора у формула да го стави :facepalm:. трагедија. Пораснав со Ф1, со душа чекав да дојде викенд, сега како да ми земаа дел од животот маму им ебам ретардирана.
Ја уште сега знам што ке биде во иднина ако продолжат по овој пат. Ке направат електрични болиди. Нели глобалното затоплување е од Ф1, сега почнаа гориво да штедат ццц
 
Само шо го гледав видеото од најбрзиот круг од Розберг од квалификациите денес по незнам кој пат, човек само да го слуша ќе си помисли дека станува збор за елекричен мотор. Како тргнало ова еден чекор напред 3 назад, неможам ни да претпоставам шо ќе биде догодина.
 
Од септември почнува Формула Е шампионат.Ке бидат со електрични болиди мислам.Треба да го тргнат тоа по*раното глупо правило за проток на гориво на 1час.Формула 1 гледам од 2005 или 2006 и не се сеќавам кога последен пат сум гледал директна борба за 1 позиција за време на трка.Некој да ми каже ако знае кај може да се гледат стари Ф1 трки?

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Стари трки само по торенти си велам можеш да најдеш. Ама и да најдеш на торенти незнам колку seeds имаат...
Иначе за денешната трка Сутил е казнет со 5 позиции заради инцидентот со Грожан, ќе стартува од последната позиција, како и со 2 казнени поени. Шо мислите за ова поениве ? да имаше ваква работа пред две сезони ми се чини дека ќе му ја земеа лиценцата на Грожан таа сезона :)
http://f1.com.mk/kazna-za-adrijan-sutil/
 
Хахаха па добро е тоа правило со казнени поени

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Иначе, на твитер од добри извори има информации дека состанокот на монтеѕемоло со берни се одржал сабајлево, потоа берни изјавил пред новинарите дека сите тимови освен Мерцедес сакаат промени во Ф1, исто така рекол и дека барал повеќе гориво да биде дозволено за трка.
 
Не ми се ни гледа ова гомно од Ф1 :mad: Или нека направат правила кои ке важат за наредните 5-10 години, или нека ја укинат. Стватно преку Тасе од нови правила, нови болиди, нови стази итн.
Уште тој коментаторот на прва кога ке почне да просерава како тоа било за напредок на човештвото ми доаѓа да го скршам ТВ-то. Демек Мерцедес неможе да тестира некој нов систем за кочење па мора у формула да го стави :facepalm:. трагедија. Пораснав со Ф1, со душа чекав да дојде викенд, сега како да ми земаа дел од животот маму им ебам ретардирана.
Ја уште сега знам што ке биде во иднина ако продолжат по овој пат. Ке направат електрични болиди. Нели глобалното затоплување е од Ф1, сега почнаа гориво да штедат ццц
Друже и онака звукот на моторите е :гомце: стави си муте и не му се нервирај на дебилот кога стручно анализира, нема ништо да пропуштиш:)
 
Зш во ниту една кладилница оваа сезона нема дуел-возачи тип :mad::( !?

За денес ако ништо друго, кога веќе Мерцедес решиле до толку да доминираат на стартот од сезоната, сакам да видиме барем еден отворен интер-тимски дуел за победата. Живо ме занима дали ќе има ''команди'' за Нико од питот ако биде тесно при крајот .. :D


ПС - Убава позиција за Ботас е оваа, па да видиме колку стварно потенцијал лежи во Вилијамсот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom