2014 МАЛЕЗИЈА ГП: МЕРЦЕДЕС АМГ ДОМИНАЦИЈАТА ЈА ПОТВРДИ СО 1-2 ПОБЕДА!!!

Доминацијата на Ред Бул е заменета со таа на Мерцедес АМГ!!!
Луис Хамилтон со домининантна Победа на втората трка од 2014 сезоната, победувајќи го својот тимски колега за 17.3 секунди. Позната реченица од минатата трка? Навикнувајте се, бидејќи ако нешто не се смени наскоро, не очекува едно исто на секоја трка. Досада!!! Себастијан Ветел заврши трет за Ред Бул.
Ова беше првата 1-2 Победа на Мерцедес од 1955 Италијанското Гран При. Британецот трката ја започна од Пол позицијата, го задржа првото место и потоа следуваше доминација во остатокот од трката, за на крај да ја забележи својата 23-та Победа во кариерата.
"Јас сум неверојатно среќен. Ова е мојата осма трка на оваа патека и јас конечно стигнав до Победата, која е резултат на сите членови од мојот тим. Тие направија фантастична работа, момците во нашата фабрика се под постојан притисок за да се добие победнички болид. Да се има 1-2 финиш... Тоа е сосема посебно чувство кога ќе се има 1-2 финиш. Јас не сум ги имал многу во мојата кариера, така што овој ден е уште повеќе посебен. Голем ден." За разлика од него, Себастијан Ветел, кој стартуваше од втората позиција, беше изненаден од страна на Нико Розберг. Возачот на Ред Бул се обиде да го затвори, притискајќи го Мерцедесот кон надворешниот дел од патеката, но Розберг успеа да се протне и да ја искористи приликата за второто место. Даниел Рикиардо, исто така, профитираше на почетокот, имаше одличен старт, прво го претекна Фернандо Алонсо за четвртото место, а потоа ја искористи борбата на неговиот тимски колега со Розберг и стигна до третото место.
Зад нив, Ферари и Фернандо Алонсо не можеа да направат ништо повеќе и неговата трка се сведе на борба со Нико Хулкенберг за четврто и петтото место. Кими Раиконен имаше многу поголемите проблеми од својот тимски колега. Финецот заврши со дупната гума, предизвикана од дуелот со Кевин Магнусен. Додека стигна до боксовите, неговата трка беше уништена. Младиот возач на Мекларен имаше мала штета на предното крило, остана на патеката и го чуваше осмото место зад својот тимски колега Џенсон Батон. Во меѓувреме Ветел, очекувано, лесно го претекна Рикиардо за третото место. Но, за нешто повеќе не можеше да стане збор, бидејќи Хамилтон возеше импресивно и во само девет круга, создаде предност од 5,4 секунди во однос на тимскиот колега Розберг, кој пак имаше 3,8 секунди предност пред Германецот.
Магнусен прв за започна серијата на пит-стопови, кој го искористи и за промена на носот на болидот, но баш кога се врати на патеката беше соопштено дека доби казна од пет секунди за предизвикување на судир со Раиконен. Фернандо Алонсо имаше најголеми шанси да добие едно место при оваа прва серија на промени на гумите, имаше блиска борба со Рикиардо во текот на неколку свиоци, но возачот на Ред Бул го одбрани 4-тото место. На крај редоследот на првите 10 места остана непроменет.
Следуваше досаден период од трката, се до втората серија на пит-стопови, која ја започна Дањил Квјат со Торо Росо. Себастијан Ветел се доближи на мала разлика до второто место на Нико Розберг, што сигурно ги подгреа надежите за второто место, но следуваше суровата реалност и демонстрација на моќта на Мерцедесот и во рок од два круга нападот беше оневозможен.
"Во една фаза од трката изгледаше како да бевме доста изедначени со Мерцедесот, но, тогаш како да најде друга брзина и само се оддалечуваше. На крајот јас само се обидував да го донесам болидот до самиот финиш." - изјави Ветел по завршување на трката. Во тој период од трката Алонсо почна да се доближува до Рикиардо, но, сепак не дојде до борба за позиција на патеката помеѓу овие двајца возачи, поради тоа што во 40-от круг при последниот пит-стоп на Австралијанецот, неговите механичари направија катастрофална грешка и го пуштија со не заштрафено предно лево тркало. РБ10 застана на излезот од боксевите, од каде беше вратен назад со туркање.
Кога конечно се врати на патеката следуваше и нов пех, кога при преминување на ивичнаците покрај патеката се скрши неговото предно крило и ја оштети предната десна гума. Тој повторно се врати во боксот, но неговите проблеми не заврши тука. Наскоро му беше изречена казна од 10 секунди за небезбедно излегување од бокс. Кога се врати на патеката тој беше на 16-тото место, за потоа да биде одлучено тој да се повлече од трката во 50 круг. Капак на овој мизерен ден за него беше казната од 10 стартни места поназад на следната трка во Бахреин, изречена од стјуардите по завршувањето на трката за истиот прекршок.
Неговата лоша среќа значеше дека Алонсо дојде пред возачот на Ред Бул, но не на четвртото место. Тоа сега беше окупирано од страна на Хулкенберг, кој се реши за трка со две застанувања за промена на гуми. возачот на Форс Индија имаше повеќе од 10 секунди предност, но кога неговите гуми започнаа да се трошат забрзано, Алонсо почна да ја намалува разликата, за конечно да го помине во 53-от круг за 4-тото место. Во тие моменти гледавме битка помеѓу возачите на Вилијамс, Маса и Ботас, на 7-тото и 8-мо место. На Бразилецот му беше кажано преку тимското радио дека Финецот е побрз од него и дека треба да го пропушто, но Маса избра да не го послуша барањето на својот тим и со сите сили се бореше да ја задржи својата позиција.
Возачите на Мерцедес АМГ беа далеку напред, Хамилтон поставуваше најбрзи кругови, 15 секунди пред Розберг, кој пак имаше комфорни 10 секунди пред Ветел и тоа беше редоследот по кој ја завршија трката и го зазедоа Победничкиот Подиум. Алонсо заврши на четвртото место, пред Нико Хулкенберг. Џенсон Батон беше шести за Мекларен. Фелипе Маса се задржа пред Ботас, а последните две места кои носеа поени ги заокружија Магнусен и Квјат.

Голема награда на Малезија, Сепанг, Куала Лумпур.
56 круга, 310.408км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч40:25.974
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 17.313
3. Себастијан Ветел Ред Бул + 24.534
4. Фернандо Алонсо Ферари + 35.992
5. Нико Хулкенберг Форс Индија + 47.199
6. Џенсон Батон Мекларен + 1:23.691
7. Фелипе Маса Вилијамс + 1:25.076
8. Валтери Ботас Вилијамс + 1:25.537
9. Кевин Магнусен Мекларен + 1 круг
10. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
11. Роман Грожан Лотус + 1 круг
12. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
13. Камуи Кобајаши Катерам + 1 круг
14. Маркус Ериксон Катерам + 2 круга
15. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
Најбрз круг: Луис Хамилтон - 1:43.066
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Даниел Рикиардо Ред Бул 49
Естебан Гутиерес Заубер 35
Адријан Сутил Заубер 32
Жан-Ерик Верн Торо Росо 18
Жил Бјанки Марусија 8
Пастор Малдонадо Лотус 7
Серџо Перез Форс Индија 0
Генерален Пласман по 2-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 43 1. Мерцедес АМГ 68
2. Луис Хамилтон 25 2. Мекларен 43
3. Фернандо Алонсо 24 3. Ферари 30
4. Џенсон Батон 23 4. Вилијамс 20
5. Кевин Магнусен 20 5. Форс Индија 19
6. Нико Хулкенберг 18 6. Ред Бул 15
7. Себастијан Ветел 15 7. Торо Росо 6
8. Валтери Ботас 14
9. Кими Раиконен 6
10. Фелипе Маса 6
11. Жан-Ерик Верн 4
12. Дањил Квјат 2
13. Серџо Перез 1
http://mkformula1.blogspot.com/