Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Не се сметам за некој експерт за формула иако на прсти се бројат трките што сум ги пропуштил во последниве 10 год.
Мене лично ми пречат две работи кои моментално се случуваат во ф1.
Прво што ми пречи е кога ке видам стратегија на некој возач со еден пит помалце, не ја сфаќам логиката. На пр. за тие 10-20 круга (зависи од стазата) возачот го губи времето поминато во пит-стоп. Според мене тоа е дефанзивно возење кај кое главна цел е зачувување на позицијата, и на таков начин возачот се брани од тој позади, без амбиција за напредок во позициите. Ова премногу влијае на квалитетот на еден натпревар

И втора работа што ми пречи е поделеноста на возачите во самите тимови на прв и втор. Ова највеќе ме нервира кога ке го видам на трка. Обично ’’вториот’’ возач ги губи шансите за титула во првата половина на шампионатот. Оваа сезона најочигледно му се случува на Вебер. Вебер може до крај да се бори за титулата, но бидејки Фетел мора да биде шампион на секоја трка Вебер има некаков проблем кој намерно му го прават од тимот. Ке видиме наредна сезона дали со Кими ке можат така да се заебаваат.

Ке си ги пцуе Кими отворено на прес-конференции ако му дојдат преку таквото :D
 
Ја отепа Ф1 ова Пирели,а ичигледно и поминувањето на турбо мотори(кај и да е за 10на години и дизели можеби ќе бидат),па затоа гледаме ваква сезона, можеби на моменти има јаки дуели и трки ама она со пневматиците е врв.Порано со еден пит завршуваа трка додека беше Бриџстон,сега,со по 3-4 и плус пола од трката не смеат да гонат време.
А стратегија со пит помалце сега со ДРС повеќе не е толку исплатлива според мене.
Бидејќи колку и да се тактизира,плус противникот ако е позади тебе го забавуваш,сепак поминувањето му е многу лесно заради ДРСот.
Најквалитетни сега се стратегиите со јак болид,добри квалификации,квалитетен тимски колега.
Ред Бул така функционира,близу се Лотус,и Мерцедес ама не толку добри.Ферари веке заостанува и само заради возачката интелегентност на Алонсо,и (не)среката на некои моменти сеуште е во борба за титула.А и Ферарито е доста слабо(барем со стручни луге).
Ех на времето Жан Тод и Шуми знаеа што ќе се случува цела трка,кој круг што да се прави,ама сега,не е така.
Фали генијалноста на Тод.И супериорното Ферари.
 
Не се сметам за некој експерт за формула иако на прсти се бројат трките што сум ги пропуштил во последниве 10 год.
Мене лично ми пречат две работи кои моментално се случуваат во ф1.
Прво што ми пречи е кога ке видам стратегија на некој возач со еден пит помалце, не ја сфаќам логиката. На пр. за тие 10-20 круга (зависи од стазата) возачот го губи времето поминато во пит-стоп. Според мене тоа е дефанзивно возење кај кое главна цел е зачувување на позицијата, и на таков начин возачот се брани од тој позади, без амбиција за напредок во позициите. Ова премногу влијае на квалитетот на еден натпревар

И втора работа што ми пречи е поделеноста на возачите во самите тимови на прв и втор. Ова највеќе ме нервира кога ке го видам на трка. Обично ’’вториот’’ возач ги губи шансите за титула во првата половина на шампионатот. Оваа сезона најочигледно му се случува на Вебер. Вебер може до крај да се бори за титулата, но бидејки Фетел мора да биде шампион на секоја трка Вебер има некаков проблем кој намерно му го прават од тимот. Ке видиме наредна сезона дали со Кими ке можат така да се заебаваат.

За поделбата на прв и втор возач во тимот се согласувам. Такво нешто единствено толерирам при крајот на шампионатот (на пример во последните 5 трки) ако едниот возач реално има отворени шанси за титула, а другиот е во поголем бодовен минус. Во таков случај фер и разбирливо е да му се излезе во пресрет на едниот возач.

А за тактиката со влез помалце во бокс, не би се согласил дека значи дефанзивна поставеност и неамбициозност. Земи го за пример само Пол ди Реста во Канада, кој ги утна квалификациите (17 стартуваше), другиот ден почна на медиум и заврши 7ми со еден влез во боксот, кој патем според правилникот мораше да го направи. Гумите му држеа и ќе можеше и без бокс да ја заврши трката. Дел од возачите јес да ги ќари преку нивен влез во бокс, ама имаше Пол и доста успешни дуели на таа трка и заработуваше позиции со отворена борба. Импресивни од секогаш се ми биле такви подвизи.
 
Се е на место,не заборавај што велат експертите на МТВ за Форс Индијата оваа сезона.Цело време велат дека баш таа е најнежниот болид спрема пневматиците,нешто што не е исто кај сите болиди и зависи од самиот сет-ап на болидот,стилот на возење на возачот,патеката,температурата, и многу други фактори.
Теоретски е изводливо бокс помалку ама не секогаш исплатливо,треба внимавање многу.Лани Алонсо на неколку трки баш заради тој бокс помалку неколку трки завршуваше на подиум.Оваа сезона не се ни обидуваат на такви стратегии,не знам зошто.

А и едно излегување на сејфти кар може да им го продолжи векот на гумите ако не се менуваат додека тоа да излезе.
 
BooBojan ,
Оваа сезона (фаворитите посебно) не практикуваат такви тактики мислам, најмногу поради тенката издржливост на Пирелите. Последен кој го кркна апчето на тој начин беше Кими во Силерстоун, кој се одлучи за влегување помалку во бокс. Можеби и ќе му успееше тактиката на Ајсменот, ако не излезеше СЦ - кој директно влијаеше врз неговиот пласман. Јасно е каков беше расплетот, караванот веднаш се стесни, Кими ја изгуби предноста што ја имаше и сите со понови гуми го поминаа без проблем во завршните 5-6 круга.

Значи држи тоа дека постои ризик и неизвесност, постојат еден куп фактори кои можат да одат во прилог на возачот, или да му ја унаказат трката, ама многу пати до сега боксот помалку се покажал како исплатлива тактика која може да донесе резултат. Муабетот во предходниот пост ми беше дека таа тактика не мора да значи неатрактивност и дефанзива, и јас капа секогаш сум им симнувал на сите кои успешно завршувале трки преку истата.
 
Да да истото го збориме и двајцата,ајде може од догодина ќе има подобри гуми.
 
Берни вели догодина ќе има 20 трки, со влез на Австриското ГП. Додатни промени во календарот можеби ќе има, а може и не. Второто америчко ГП во Њу Џерси и Русија ставени на холд ..
http://www.racingfanatic.net/2013/07/bernie-ecclestone-insists-2014-calendar.html
 
Ферари на оваа трка донесе неколку измени на болидот,кои доколку испеат имаат шанса да се приклучат на Петелот,а додколку и овие надградби не успеат тоа ќе биди последната шајка на нивниот сандак

изменетигорни флапови на предното крило
xtHOzHM.jpg

додадени неколку усмерувачи на подот према дифузерот,како и мали промени на усмерувачот за ладење на задните кочници
rDWJhfD.jpg

комплетно нов дифузор кој многу наликува на тој од Лотус,кои многу сметаат дека е производ на доаѓањето на Алисон од Лотус во ферари

29553_la_ferrari_con_il_diffusore_posteriore_in_stile_lotus.jpg

и уште еднаш ќе се тестира пократката и подолгата верзија на издувот

BQCP_v-CIAICLcy.jpg:large
 
Арно шо носат подобрувања ама дали ке има подобрувања во формата на Маса
 
Маса изгледа ништо не го спасува од отказ,само тоа не му го сопштуваат да не погини на некоја кривина од секирации
 
Маса пред две години требаше да го пуштат, многу ме изненадија што и годинава се решија да го држат.
Иначе формулава ако сака да станува поинтересна, нека одјебат веќе со гумиве и влегување по 200 пати во бокс, па наместо шоферот гумите да одлучуваат кој е најдобар.
Шит невиден, пред 15тина години кога мислев дека го усраа спортов, да знаев денес што ќе се случува ќе го баталев уште тогаш.
Затоа моторите се тука, старувај вози покажи кој е кој, нема стратегии тешки, се тркаат дечките.
 
Се повицкаст е коментаторов на МРТ - Адријан Њуви треба да оди на допинг :facepalm:

Хамилтон е шофериште штета што во трка не му држи болидот, заедно со Алонсо најдобри возачи на денешнава Формула 1.
 
Вакви квалификации одамна немало.Границите се спуштаа многу изнад предвидувањата.Изгледа дека сите донесоа нови делови за оваа трка и сите имаа дополнителни адути.

Гумите ќе `паднат` идната година со воведувањето на малулитражните мотори со хибридна технологија,и најавите се дека издрѓливоста на моторите ќе биди главен фактор,како и моќноста на моторите.сега моторите во Ф1 имаат горе-долу слична моќност,а до година сите тргнуваат со различна филозофија и ќе има големи разлики.Плус тоа никој нема искуство со ТУРБО компресори а посебно со КЕРС на турбото.

Можна е голема рашомонијада следната сезона.Оваа сезона мали се шансите Фетел да не ја освои титулата.Можат да го спорат само дефекти,удари и излетувања.Ништо друго
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom