Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Eдинствена шанса за Алонсо да се врати во борбата за титулата е да ги победи 2те наредни трки,кои му одговараат на болидот на ферари,иначе отиде титулата кај петелот пак:mad:
 
Фетел ти е плачко на векот.
 
Ферари е дно! Ништо не ги спасва. До пред Германија барем имаја тркачко темпо, сега 2 трки со ред и во трка се тапа. 2 пати по 3 недели имаше пауза тие со прст не мрднаја, Ред Бул, Мерцедес и Лотус си работат напорно и резултатите се гледат. Ништо нема да се смени и после летната пауза. Ептен се неспособни во Ферари. Нека го замат Браун или Бријаторе и можи ќе мрднат малце!
 
Ферари е дно! Ништо не ги спасва. До пред Германија барем имаја тркачко темпо, сега 2 трки со ред и во трка се тапа. 2 пати по 3 недели имаше пауза тие со прст не мрднаја, Ред Бул, Мерцедес и Лотус си работат напорно и резултатите се гледат. Ништо нема да се смени и после летната пауза. Ептен се неспособни во Ферари. Нека го замат Браун или Бријаторе и можи ќе мрднат малце!


Проблемот е во целосната поставеност на тимот ( сите луѓе од Доменикали како шеф па понатака....) тие место да работат на болидот, секогаш после трките даваат некој приказни.... Под хитно смена на Доменикали.
 
Добра трка. Одличен викенд за Хамилтон, конечно до победата, време беше. Многу ми е ќеиф Кими што се снаоѓа добро со гумиве и успева одвреме навреме да им ги подзаебе сметките на ред булциве. Од друга страна се гледа колку се силите на Фетел кога треба да се бори за позиција, т.е кога не е напред од почеток до крај на трката или дечките од боксот кога ги нема да му помогнат. Ајде да не излезе дека го омаловажувам неговиот успех, сепак трикратен првак е, но за мене само е човек што се нашол на право место во правото време. Алонсо, Кими и Хамилтон се подобри возачи од него. Годинава веројатно повторно ќе ја земе титулата, но од наредна сезона со Кими во екипа мало морген дека ќе биде доминантен.
 
Мислам дека единствениот кој може да му направи проблеми на Ветел годинава е Кими но треба да биде подобар во квалификацијата и во нив да биде барем пред дрвава од Ферари. Да не беше зад нив во првите 15/20 круга можеше да се бори и за победа.
 
1. Со тешко срце морам да признаам дека Луис направи правилна (барем инстант) одлука со преминот во Мерцедес. Тешко ми е да го гледам и криво ми е многу што го напушти МекЛарен, ама повеќе од евидентно е каде стојат и колкава е разликата во конкурентноста меѓу двата тима оваа сезона. Се надевам само дека тимот нема да стане новиот Вилијамс. Иначе победата денес повеќе му се должи на неговото познавање и тоа што му лежи Маџарска, отколку што беше спремен болидот.

2. Грожан не ми е баш омилена фаца, ама пцуев кога му ја лупнаа казната. Беше голем фактор и можеше свашта да направи до крајот, но педерски го клецнаа. УА !

3. Не се возбудувајте премногу од победата на Луис и третото место на Себ. Сезоната си е благоречено решена. Уште пар трки има во Европа, а после следува Азија каде малиот си е како дома.
 
Во прав момент ја дувна Хамилтон и мене криво ми е, фан на Мекларен сум, но тимот ја има веројатно најлошата сезона во историјата. Дури и со Пежо кога беа мислам дека беа подобри. Од друга страна криво ми е што ќе се прекине соработката со Мерцедес после толку време, но веројатно тоа беше неизбежно.
 
Фетелчо нека му поплаче на Чарли може ке му пуштат уште некој поен беше и остана истиот да плаче
 
Кими покажува и по враќањето и во слаб тим дека е класа возач, од година најголем кандидат за првак
п.с Мора Алонсо да тепа наредни, инаку отиде титулата пак кај Петелчево.
 
Фетел се жалел дека Кими не му оставил простор. Плачко !
 
Мерцедес го среди проблемот со `јадењето` на гумите и сега се доста конкурентми.Фетел докажа дека е послаб кога ја нема пол позицијата.

Ферари неколку години по ред кога става нови делови наместо да добива-губи на брзина.Треба поголема чистка таму.Се сеќавам кога пишуваа за Енцо ферари-кога ќе закажел состанок,недела дена пред состанокот им се треселе гаќите од страв.

Доменикали го повторува истото па истото-`мора де реагира и тоа веднаш,мора да се унапреди болидот,треба да се остани со ладна глава.бла,бла бла
 
602179_298107626986100_3867208_n.jpg


Ферари ако сакат титула прво нека го шутнат Алонсо за да тоа место биде пополнето од Фетел. Ако тоа не го направат титула не гледаат :icon_lol:.
Чудо треба да се случи за да Фетел ја загуби битката за титулата сезонава. Од ден во ден е се посупериорен :cool:

Фетел ти е иста работа ко Леброн во кошарката. Најдобар, но голем процент не сакаат да го признаат тоа :D
 
Најдобар, но голем процент не сакаат да го признаат тоа :D

Ај потковај го ова со аргументи? Денешната трка го докажа сосем спротивното. Дека дури и со најдобар болид тој не секогаш може да оствари најдобар резултат. Button со скапаниот мекларен 12 круга го држеше Vettel позади.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom