Кими лудачата

... ја гледав трката, мада дури сега имам време за коментирање, и почнувам од мојте, спепците наречени Мекларен.
Добро бе бивало толку глупа стратегија? Грешката со гумите за суво на Перез (квалификациите) го кошташе пласман во бодови. Како и да е, тапа издание на сите Мерцедесови болиди. ФОРС ИНДИЈА ЕЈ, ФОРС ИНДИЈА покажа подбри перформанси. Ебате и Мерцедес и све. Дајбоже догодина да се врати Хонда во Мекларен, оти вака неможам да ги гледам појќе, греотарина се. Ултраспори, годинава очекувам многу повеќе од Хамилтон отколку Перез + Батон заедно. Ќе осетат Мекларен што им значеше Хамилтон за тимот и колку знаеше да извади 110% од Мекларенот. Батон, стандардо возење. Чоекот последен да тргни, последен ќе заврши

шо толку видоја возачки способности во него, незнам. Битно, со Вебер тука се некаде. Од Перез не ни очекувам нешто којзнае што, чоекот е дебитант сезонава. Догодина, можеби, мада пласманот во бодови му го сјебаа со катастрофалната грешка во квалификациите.
Ферари стандард прикаска: задоволни се со било шо, шо е над Фетел. Макар Фетел бил 19-ти, а шпиунот 18-ти, иако тоа значи дека на Маса трката по default е уништена. Незнам како сакаат чоекот да се бори, кога уште во прва трка, пит стопот е контра неговата стратегија, само за да шпиуниот биди понапред. Незнам ни како тој самиот вози со онаков тим... А да ја застанат Ф1, и Алонсо сам да извози цела трка? Ете и Марусија нека му ја пуштат да не е апла сам, имаше таква слична трка Шумахер и компанија во Америка 2006-07 (не се сеќавам кога беше) кога возеа Мишелин и Бриџстоун, па сите конкурентни тимови за титулата (освен Ферари) се повлекоа поради проблем со гумите (за кој ФИА недаде согласност да се заменат) и Шумахер си победи, иако во целата ситуација животот на неговиот брат Ралф беше најмногу загрозен (Ралф имаше најлошо излетување).
Бифшото Ферари а.к.а. Браун ГП, последна шанса сезонава да напрат нешто повеќе од 1 победа (во спротивно Браун ќе добие клоца од тимот). Со Хамилтон можда и ќе им биди то доволно, мада Розберг се откажа уште не ни пола извозена трка, така да ќе си имаат голема работа до наредната трка во малезија, која е идната недела

барем ќе има шо да гледаме/коментираме викендите шо претстојат. Стратегијата во трката не сакам да им ја коментирам, сакаа да го копираат Кими, мада далеку се од балансот на Лотусот... па и 5-тото место на Хамилтон е сосема ок.
Ред Бул стандардно ок се покажаа, мада мислам дека тактиката на Лотус беше пресудна за победата на Кими. Не беше толку Ред Бул побавен од Лотус колку шо Лотус имаше еден пит стоп помалце, па тука и ја реши дилемата за победникот. Честитки за Кими, да се надеваме дека ќе се вмеша во борбата за титулата.