Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
И годинава повторно без конкуренција......И така којзнае уште колку:cool:Годинава најверојатно 1-2 победа....:)
Инаку Ферари го обожавам но со вакви возачи како Алонсо јасно е дека ништо не може да се направи,па се додека е тој во ферари нажалост не ќе можам да навивам за својот тим...

ВИВА РЕД БУЛ......
 
И годинава повторно без конкуренција......И така којзнае уште колку:cool:Годинава најверојатно 1-2 победа....:)
Инаку Ферари го обожавам но со вакви возачи како Алонсо јасно е дека ништо не може да се направи,па се додека е тој во ферари нажалост не ќе можам да навивам за својот тим...

ВИВА РЕД БУЛ......
Друже и јас не го сакам, ама убедливо најдобар возач е...го докажа тоа претходната сезона, ке го докаже и оваа мислам.
 
Почнува новата сезона...Јас од секогаш сум бол љубител на Ферари, а од кога почнав поинтензивно да пратам Ф1 некако Фелипе Маса ми стана омилен возач :) Затоа Напред Ферари и маса во првите 3 места (y)
 
Кими Раиконен змај секоја чест :icon_lol: како и да е задоволен не е лошо 2 место како за прва трка се надевам Ферари уште повеќе ќе се подобруваат натаму иако и ова е далеку од лошо Алосно 2 Маса 4 место така да одлично е.
 
У конструктори би требало да земе Ферари, е сега во возачи се надевам Алонсо прв, а Маса во првите 5 најмалку :)
 
Одлична трка.Се плашев дека ред бул ќе гази годинава но се покажа дека ферари и лотус се подобри од нив.Се надевам на интересна сезона.
 
Алонсо и Маса одлично извозена трка,Ферари убаво си ја завршиле домашната работа...Кими фантастично нема што
 
ICEMAN!!! Само напред КИМИ :D презадоволен сум од првата трка...:D Секоја чест и за Force India.
 
Охохохохо Кими легендо , ајде сеа сите лименки да ги чујам.Годинава нема ни Т од титула да видат слепци едни. Иначе стратегија на Лотус беше феноменална но ми се чини првите 2-3 круга на Кими ја решија трката.
(y):cuc:
 
Кими лудачата :vozbud: ... ја гледав трката, мада дури сега имам време за коментирање, и почнувам од мојте, спепците наречени Мекларен.

Добро бе бивало толку глупа стратегија? Грешката со гумите за суво на Перез (квалификациите) го кошташе пласман во бодови. Како и да е, тапа издание на сите Мерцедесови болиди. ФОРС ИНДИЈА ЕЈ, ФОРС ИНДИЈА покажа подбри перформанси. Ебате и Мерцедес и све. Дајбоже догодина да се врати Хонда во Мекларен, оти вака неможам да ги гледам појќе, греотарина се. Ултраспори, годинава очекувам многу повеќе од Хамилтон отколку Перез + Батон заедно. Ќе осетат Мекларен што им значеше Хамилтон за тимот и колку знаеше да извади 110% од Мекларенот. Батон, стандардо возење. Чоекот последен да тргни, последен ќе заврши :cuc: шо толку видоја возачки способности во него, незнам. Битно, со Вебер тука се некаде. Од Перез не ни очекувам нешто којзнае што, чоекот е дебитант сезонава. Догодина, можеби, мада пласманот во бодови му го сјебаа со катастрофалната грешка во квалификациите.

Ферари стандард прикаска: задоволни се со било шо, шо е над Фетел. Макар Фетел бил 19-ти, а шпиунот 18-ти, иако тоа значи дека на Маса трката по default е уништена. Незнам како сакаат чоекот да се бори, кога уште во прва трка, пит стопот е контра неговата стратегија, само за да шпиуниот биди понапред. Незнам ни како тој самиот вози со онаков тим... А да ја застанат Ф1, и Алонсо сам да извози цела трка? Ете и Марусија нека му ја пуштат да не е апла сам, имаше таква слична трка Шумахер и компанија во Америка 2006-07 (не се сеќавам кога беше) кога возеа Мишелин и Бриџстоун, па сите конкурентни тимови за титулата (освен Ферари) се повлекоа поради проблем со гумите (за кој ФИА недаде согласност да се заменат) и Шумахер си победи, иако во целата ситуација животот на неговиот брат Ралф беше најмногу загрозен (Ралф имаше најлошо излетување).

Бифшото Ферари а.к.а. Браун ГП, последна шанса сезонава да напрат нешто повеќе од 1 победа (во спротивно Браун ќе добие клоца од тимот). Со Хамилтон можда и ќе им биди то доволно, мада Розберг се откажа уште не ни пола извозена трка, така да ќе си имаат голема работа до наредната трка во малезија, која е идната недела :vozbud:барем ќе има шо да гледаме/коментираме викендите шо претстојат. Стратегијата во трката не сакам да им ја коментирам, сакаа да го копираат Кими, мада далеку се од балансот на Лотусот... па и 5-тото место на Хамилтон е сосема ок.

Ред Бул стандардно ок се покажаа, мада мислам дека тактиката на Лотус беше пресудна за победата на Кими. Не беше толку Ред Бул побавен од Лотус колку шо Лотус имаше еден пит стоп помалце, па тука и ја реши дилемата за победникот. Честитки за Кими, да се надеваме дека ќе се вмеша во борбата за титулата.
 
Ке има реприза на МТВ?? Или да не знае некој друг канал каде што ја даваат ???
 
Сите предвидувања за здодевната Ред Бул доминација не се покажаа точни на првата трка и тие останаа во сенка на Лотус и Ферари. Но голем удел е и среќата во прашење, а таа секогаш ги следи победниците... Хамилтон со иста стратегија само 5-ти...
http://mkformula1.blogspot.com/2013/03/2013_592.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom