Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Македонска Телевизија ги има правата за 2013 и 2014 со Free to Air лиценца, а додека СпортКлуб ги откупил правата за Pay TV... Така да и двете ТВ-ии имаат право да пренесуваат во Македонија...
 
За инсомнијаците : Од 2.30 на СК ќе има пренос од првиот ОТ во Мелбурн !
 
Многу добар прв тренинг,само што заврши...се жалат малце за гумите ама се ќе биде во ред...1.Фетел 2.Маса 3.Алонсо 4.Хамилтон 5.Вебер 6.Kими :) за толку ми текнува..касно е не ми работи меморијата баш најдобро како и да е ќе биде интересно
 
Уште не знаеме кој на шо е но нема веке тајни од утре :)
 
Конечно чекање заврши. Формула 1 2013 сезоната започна во раните утрински часови по Македонско време со двата слободни тренинзи за Австралиското Гран При. Алберт Парк не е постојана патека, па првиот тренинг започна со многу мала активност на тимовите, и сите чекаа да се наталожи што повеќе гума на асфалтот. Како што одминуваа минутите, болидите забележуваа се побрзи и побрзи времиња, за зенитот да биде достигнат на вториот слободен тренинг.

http://mkformula1.blogspot.com/
 
Оооо МекЛарен тугооо :facepalm: !!

Ми се надигна во 10 сабајле кога видов дека подобро од 9то време немале, и Лотус и Мерцедес се дебело понапред ... WTF ?! Тимот лани го имаше најбрзиот болид во финишот од сезоната, сега на стартот за влез во Q3 ли ќе се бориме ??? Ахх не дај Боже само 2009та да се повтори ..
 
Аидееееееееее...

Тренинзите ич не ми се интересни и никогаш ги немам следено.

Не минува време. :notworthy:

GOGO FERRARI!
 
Конечно, ги очекував долго време, еве ги квалификациите на МТВ1!!
 
Kaжувајте резултати од квалифакцииве оти тек сега станувам :D
 
Kaжувајте резултати од квалифакцииве оти тек сега станувам :D
Само првата сесија ја возеле, многу имало ветер и дожд. Втората и третата у 1 саат нокеска, барем ке можеме ко луге да глеаме, не вака кој ке ти стане у 7 :D
 
Минута молк за сите шо станаја од 7 сато...
Втората и третата у 1 саат нокеска, барем ке можеме ко луге да глеаме, не вака кој ке ти стане у 7 :D
Не се секирај, трката ќе си биди пак во 7. Кој ќе стани да гледа трка само...
 
Минута молк за сите шо станаја од 7 сато...

Не се секирај, трката ќе си биди пак во 7. Кој ќе стани да гледа трка само...

Нема ич да легнеме. Од 1 ќе гледаме квалификации потоа ќе слушаме радио кајгана ноќна верзија и таман во 7 ќе гледаме трката :icon_mrgr:
 
Со најголем ентузијазам станав сабајле,но кога третиот пат кажаа дека ќе се одложи за 10мин решив да си се вратам во сон :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom