ладниот Фетел или жешкиот Алонсо,бико или коњо за титула.......
Три опции за Фетел да ја освои титулата во САД
Себастијан Фетел на следната трка за Големата награда на САД ќе ја вози својата јубилејна 100 гран при трка, а таа може да му ја донесе третата светска круна.
Германскиот пилот со освојувањето на титулите во 2010 и 2011 стана најмладиот светски првак, како и најмладиот двоен светски првак, а во моментот се натпреваруваат со Алонсо кој од нив ќе стане најмладиот светски шампион со три титули. Во моментов, Фетел е прв на табелата со 255 бода, додека Алонсо има 245. Доколку Фетел на крајот од трката во Тексас има 25 бода или повеќе во однос на директниот ривал, тој може да ја освои титулата на една трка пред крајот.
- Прва опција: За да стигне до 25 бода, на Фетел му се потребни најмалку 15 бода повеќе од Алонсо, кои се добиваат со освојување на третото место. Со други зборови, доколку Фетел е третопласиран, Алонсо треба да биде надвор од зоната за бодови, под 11 место или да не ја заврши трката.
- Втора опција: Доколку Фетел е второпласиран (18 бода), Алонсо треба да биде деветто или десетто место (2 или 1 бод).
- Трета опција: Доколку Фетел победи (25 бода), Алонсо треба да биде петти (10 бода) или послабо пласиран.
Во тимското соопштение по трката во Абу Даби, Фетел изјави дека доколку постои шанса, тие ќе се обидат да ја искористат.
- Најпрво сакаме да се издишеме и релаксираме на неколку дена, а потоа ќе се фокусираме повторно. Но, да, доколку постои шанса, зошто да не направиме гем, сет и меч,- рекол низ смеа Германецот, а дополнително објаснил дека се согласува оти го има на располагање најдобриот болид. – Бевме брзи на последните трки,
но дури и кога не би го имале најдоброто возило, би можеле да победиме,- самоуверено рекол Фетел.

за последната реченица
ПС
нека победи најбрзиот или најсреќниот или со најдобар болид или со најдобри инженери или со најдобри кувари.....
иако јас сакам црвените да тепаат...