Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
^ Мислам дека 100.000 евра казна добија.
+ разгледување на случајот во судот на FIA. Чим ве опнаа на разгледување, се знае епилогот. Кога ви викам дека џабе се радувате...И Мекларен го казнија во 2006 со 100М евра, но и му го одземаа бодовите. Знам дека не е ист случај, но чисто за споредба колку само нема заебанции со Светскиот моторспорт совет. Постојат очигледни докази, и одговорот на Маса на прес конференцијата дека "Да, забавив за да помине Алонсо" е закопување.
 
Бидејќи спортот општо во светот назадува така и Ф1 неможе да биде имуна на тој “тренд“.
Дефиниција за спорт: „ A sport is commonly defined as an organized, competitive, and skillful physical activity requiring commitment and fair play.“
Бидејќи парите го вртат светот, го “вртат“ и спортот и поради тоа целосно се изгубија основните начела за рамноправно натпреварување во кое подобриот победува а публиката ужива.
Кажете ми еден спорт во кој сеуште е важен спортот и спортското натпрварување??????
Ф1 може да се каже дека и предњачи пред другите спортови бидејќи посекако е еден од поскапите спортови односно најскап, па така да одамна тука се побитни парите од спортскиот натпревар меѓу возачите.

Вчерашната трка ме водеше од радост на почетокот на трката до пист офф (изнервираност) при крајот.
Супер си тргнаа ферари (чиј што фан сум) и си викам конечно се опоравија и станаа конкурентни. Фетел се држеше некако а сите други беа за класа послаби. Си се менуваа Маса и Алонсо во најбрзите кругови и константно им бегаа на сите. Помина промената на гумите и се си беше во ред и со двата болида и на тврдите гуми. Си викаш ок браво, се опоравија ќе гледаме поинтересни трки до крај на сезоната. Наместо два ќе се тркаат три тима и ќе има интерсни дуели.
Кога, ете ти ги од тимот му викаат на Маса пушти го (плачкото) Алонсо, демек побрз е. Па ако е побрз нека го претрка на стаза бе, не туку се забавајте со нас да гледаме местено тркање.
Маса ми се допаѓа како возач ама го нема она потребното за да биде шампион и затоа стално ќе си биде задња рупа на свирало. Кога немаш гз да им кажеш на тие гомната у тимот „што ве тркалам, јас ќе си возам па ако може нека ме помине“ ич не треба ни да седнуваш у болид. Нека си собере парталите и нека иде на пазарче да продава патлиџани.
Алонсо одсекогаш бил плачко и како таков никогаш и не сум го рангирал у квалитетни возачи. Џабе му се титули и победи кога не е спортист. Едноставно лигле е.

Оваа казна од 100 000 за ферари е малку и треба да си го добијат убаво по газот (како мекларен) за да малку од малку се подоправат.
Факт е дека и во другите тимови има местенки и тимски наредби (Ред Бул со предното крило на пр.) ама Ферари вака апла си го заслужи и треба од ФИА да го искористат случајов како пример за другите, и малку да ги подисплашат. За да може да гледаме натпревар а не парадно возење.
 
Фераристи, незнам шо се радувате на "победава" кога НАЈВЕРОЈАТНО на Светскиот мотоспорт совет ќе ви ги одземат бодовите. Стварно не можам да ве сватам :pos:

Се радувам дека беа најбрзи а тоа што се случи во тимот стварно е глупо па уште на крај му се извинја на Маса глупи криминалци Го оправдувам потегот ама начинот е стварно глуп.
 
Јас како фан на Ферари несакам да ги казнат(освен тие 100к),ама заслужија
 
Ќе ги казнат,со тоа што ќе му одземат бодови на Ферари.......
 
+ разгледување на случајот во судот на FIA. Чим ве опнаа на разгледување, се знае епилогот. Кога ви викам дека џабе се радувате...И Мекларен го казнија во 2006 со 100М евра, но и му го одземаа бодовите. Знам дека не е ист случај, но чисто за споредба колку само нема заебанции со Светскиот моторспорт совет. Постојат очигледни докази, и одговорот на Маса на прес конференцијата дека "Да, забавив за да помине Алонсо" е закопување.

Ќе ги казнат,со тоа што ќе му одземат бодови на Ферари.......

Нема основа да ги казнат.Да, Маса го пушти Алонсо ама нема казна за пуштање на тимски колега туку казната е за тимски наредби а се што му кажаа на Маса преку радио е ,,Фелипе, Фернандо е побрз од тебе".
 
Нема основа да ги казнат.Да, Маса го пушти Алонсо ама нема казна за пуштање на тимски колега туку казната е за тимски наредби а се што му кажаа на Маса преку радио е ,,Фелипе, Фернандо е побрз од тебе".
А како ке го објаснат извинувањето кон Маса зашто тимот му се извинува зашто беше изнервиран Маса што е тоа што треба да му објаснат после трката. А бе и јас сум за Ферари ама реално си заслужуваат казна и ке ја добијата ама може и да се прогледа низ прсти како и да е си ја упропастија сезоната од дамна па сеа ке се вадат некако.
 
А како ке го објаснат извинувањето кон Маса зашто тимот му се извинува зашто беше изнервиран Маса што е тоа што треба да му објаснат после трката. А бе и јас сум за Ферари ама реално си заслужуваат казна и ке ја добијата ама може и да се прогледа низ прсти како и да е си ја упропастија сезоната од дамна па сеа ке се вадат некако.

И јас мислам дека треба да има казна бидејќи најверојатно пуштањето е однапред договорено ама за посериозна казна нема основа барем не од она што се слушаше на тимското радио.
 
Лицемерите лаат, караванот си врви...

Каде ли беа овие лицемери во следните случаи?
П.С. Листата е далеку од целосна!!!!!!:

1. Френцен -> Вилнев - Херез 1997
2. Култхард -> Хакинен - Херез 1997
3. Вилнев -> Хакинен и Култхард - Херез 1997
4. Култхард -> Хакинен - Австралија 1998
5. Ралф Шумахер -> Дејмон Хил - Спа 1998
6. Баричело -> Шумахер - Австрија 2001/2002
----------------------------------------------------------------------

7. Физикела -> Алонсо - Турција 2005
8. Маса -> Шумахер - Јапонија 2006
9. Трули -> Ралф Шумахер - Јапонија 2006
10. Хамилтон -> Алонсо - Монако 2007
11. Маса -> Раинконен - Бразил 2007
12. Ковалаинен -> Хамилтон - Германија 2008
13. Ковалаинен -> Хамилтон - Велика Британија 2008
14. Пике -> Алонсо - Сингапур 2008
15. Раиконен -> Маса - Кина 2008
16. Хајтфелд -> Кубица - Канада 2008
17. Батон -> Хамилтон - Турција 2010
18. Маса -> Алонсо - Германија 2010

Тимските наредби ги имало и ќе ги има. Ф1 е тимски спорт но за жал е и бизнис (2 возачи кои работат за 1 тим, без кого истите би биле никој и ништо) и апслурдно е да не си помагаат еден на друг или на тимот. Да би имале 1 возач во 1 тим, овој проблем не би постоел, но вака по автоматизам: едниот возач во тимот ќе е секогаш победник, а другиот секогаш губитник (без разлика дали ќе е тоа по своја или туѓа заслуга).

Во меѓуверме Берни бара „легализирање“ на тимските наредби, и признавам дека овој пат би се сложил со старецот. Повеќе од 50 години Ф1 функционирала корисејќи ги тимските наредби, дури и во „златната ера“ на Лауда, Прост, Сена, Менсел, Пике ... истите постоеле, па зошто да не се проба да се крене забраната на тимските правила ..... just a thought. :toe:
 
Испадна она што најмалку го очекував - Доминација на РБ во Маџарска !!! :jaj: - И тоа уште на с.т., втор пат им е ова после В.Б. и фатија 1-2 на грид.

Мислев дека во Будимпешта битката ќе биде Ферари-МекЛарен, а испаѓа ова : Брзото, си е брзо.:toe:

Фетел со 2 топ времиња, Марк 2. и 3. време, Ферари +/- тука некаде е, ааа МекЛарен стагнира, и тоа страшно стагнира.

Изјавата што ја даде Л.Хамилтон после минатата трка беше следнава : We're the third fastest team, since Valencia. - Убеден бев дека тоа нема да важи за оваа трка, но очигледно е дека МекЛарен полека, но сигурно ''тоне'' во однос на конкуренцијата. Надежта за добар резултат ја полагам на добрата форма за време на трката, но пошто ова ГП не е од отворен тип со претекнувања и сончево ќе биде, така да мнооогу ќе зависи од грид позициите.

А за утрешниве квали. на f1.com пишува : RAIN !! :nesum: Така даа ..
 
Машала машала RED BULL останатите само чурта позади нив можат да им ја видат.
 
Ред Бул маме ебат во последниот сектор до сега. 22.4 имаат и двајцата додека Ферари 22.8 а МекЛарен 23.0. Тука лежи зајакот :)

--- надополнето ---

Не се нормални!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom