да да се враќа во пензија па после пак ќе дојди во 2013
глупости
Ферари се закани, Ред Бул одржува рамнотежа
Фернандо Алонсо го постави најдоброто време во денот на патеката Валенсија, загревајќи ја атмосферата во пресрет на неделната трка за ГН Европа. Ферари беше еден од најангажираните тимови кога е во прашање надградбата на болидот, а резултатот на Шпанецот е мал доказ дека нештата одат во вистинската насока за италијанскиот тим. Тимот на Ред Бул имаше успешен ден од резултатски аспект, бидејќи Себастијан Фетел и Марк Вебер беа на само 56 илјадитинки, односно десетинка зад реперот на Фернандо Алонсо, кој извозе 1:39.283. Многу близу до водечкиот беше и Нико Розберг на Мерцедес, кој доцни три десетинки, следен од Луис Хамилтон на Мекларен со доцнење од нешто повеќе од четири десетинки. Роберт Кубица од Рено имаше солидно шесто место, додека Фелипе Маса на Ферари по излетувањето во свиокот број пет мораше да се задоволи само со седмото време. Адријан Зутил на Форс Индија, Џенсон Батон во вториот болид на Мекларен и Рубенс Баричело на Вилијамс го затворија кругот на првите десет. Последен возач за анализа би бил Михаел Шумахер, кој успеа само до 11-то место, со шест десетинки зад колегата Нико Розберг од Мерцедес, како и цела секунда зад реперот на Алонсо.
Во првата сесија се закани токму Нико Розберг, кој беше пред дуото на Мекларен, Луис Хамилтон и Џенсон Батон. Сепак, времињата од првата сесија беа во просек две секунди побавни во однос на вториот тренинг, кој даде појасна слика за распределбата на силите, иако релната силина на секој од тимовите ќе биде позната дури по квалификациите во Валенсија.
Што се однесува до развојот на болидите, тимскиот шеф на Рено обелодени дека Ф-каналот нема да биде користен на ГН Европа. Спротивно на овие информации, првичните најави говореа дека францускиот тим ќе има болид опремен со овој уред, додека во исто време беше најавено дека Мерцедес ќе го користи истиот само на петочните тренинзи. Овие два тима беа последните кои го модифицира задниот дел на својот болид, на сличен начин на кој е дизајниран болидот на Ред Бул.
- Не го воведуваме овој викенд (н.з. - Ф-каналот), но ќе се појави мног брзо, - гласи кусата изјава на тимскиот шеф на Рено, Ерик Булие во Валенсија.
Истовремено, мала доза на несигурност владее и во редовите на Ред Бул, кои ќе му дадат шанса на Ф-каналот на петочните тренинзи. Според однесувањето во петок ќе биде одлучено дали ќе дебитира на официјално натпреварување (квалификации, трка).
- Ако функционира (н.з. - ќе го користиме). Ќе ни даде три десетинки, - изјави консултантот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко.