Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
да да се враќа во пензија па после пак ќе дојди во 2013 :)

глупости


Ферари се закани, Ред Бул одржува рамнотежа

alonso_valencia_600.jpg

Фернандо Алонсо го постави најдоброто време во денот на патеката Валенсија, загревајќи ја атмосферата во пресрет на неделната трка за ГН Европа. Ферари беше еден од најангажираните тимови кога е во прашање надградбата на болидот, а резултатот на Шпанецот е мал доказ дека нештата одат во вистинската насока за италијанскиот тим. Тимот на Ред Бул имаше успешен ден од резултатски аспект, бидејќи Себастијан Фетел и Марк Вебер беа на само 56 илјадитинки, односно десетинка зад реперот на Фернандо Алонсо, кој извозе 1:39.283. Многу близу до водечкиот беше и Нико Розберг на Мерцедес, кој доцни три десетинки, следен од Луис Хамилтон на Мекларен со доцнење од нешто повеќе од четири десетинки. Роберт Кубица од Рено имаше солидно шесто место, додека Фелипе Маса на Ферари по излетувањето во свиокот број пет мораше да се задоволи само со седмото време. Адријан Зутил на Форс Индија, Џенсон Батон во вториот болид на Мекларен и Рубенс Баричело на Вилијамс го затворија кругот на првите десет. Последен возач за анализа би бил Михаел Шумахер, кој успеа само до 11-то место, со шест десетинки зад колегата Нико Розберг од Мерцедес, како и цела секунда зад реперот на Алонсо.
Во првата сесија се закани токму Нико Розберг, кој беше пред дуото на Мекларен, Луис Хамилтон и Џенсон Батон. Сепак, времињата од првата сесија беа во просек две секунди побавни во однос на вториот тренинг, кој даде појасна слика за распределбата на силите, иако релната силина на секој од тимовите ќе биде позната дури по квалификациите во Валенсија.
Што се однесува до развојот на болидите, тимскиот шеф на Рено обелодени дека Ф-каналот нема да биде користен на ГН Европа. Спротивно на овие информации, првичните најави говореа дека францускиот тим ќе има болид опремен со овој уред, додека во исто време беше најавено дека Мерцедес ќе го користи истиот само на петочните тренинзи. Овие два тима беа последните кои го модифицира задниот дел на својот болид, на сличен начин на кој е дизајниран болидот на Ред Бул.
- Не го воведуваме овој викенд (н.з. - Ф-каналот), но ќе се појави мног брзо, - гласи кусата изјава на тимскиот шеф на Рено, Ерик Булие во Валенсија.
Истовремено, мала доза на несигурност владее и во редовите на Ред Бул, кои ќе му дадат шанса на Ф-каналот на петочните тренинзи. Според однесувањето во петок ќе биде одлучено дали ќе дебитира на официјално натпреварување (квалификации, трка).
- Ако функционира (н.з. - ќе го користиме). Ќе ни даде три десетинки, - изјави консултантот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко.
 
Гледам РБ пак неприкосновни во квалификацииве,иако во сенка на Мундијалов се надевам ќе гледаме интересна трка утре.
 
Ферари беа најголемото разочарување на квалификациите, откако до денес бурно го најавуваат новиот издувен систем. Патем, изјавата на Алонсо, кажува се.

Останатите стандард, освен Мекларен, кај кого и возачите дури не се надеваа на толку високи пласмани. Хамилтон е пресреќен. :)

Вајда ќе биде интересна трката утре, иако градските од секогаш биле тапа.
 
Евидентно беше вчера подобровуњето на времињата кај Ферари и Рено. Мислев дека Алонсо, или Кубица ќе ја стрефат ППта (посебно пољаков, див беше во Q2), али РБ си е РБ :toe: .. Кај Ферари и Рено функционира ДОБРО тој низок издувен систам, но РБ иде ОДЛИЧНО !! - Задоволен сум од МекЛарен, можеше и полошо да биде, опасност имаше од 2те Ферарија и Кубица. За денес, дожд ќе нема, така да времето не може да направи неизвесност. Останува на Луис и Алонсо да пробаат со летечи старт веднаш да направат притисок и уште на почетокот на проба некој да им замати каша на РБте, бидејќи друг спас јас не гледам. Оваа е крајно досадно ГП, според мене најслабо. Па уште да е зачинето и со 1-2 триумф на РБ, биче топ. :jaj:

ПС : Добар е Шуми, а ..!?!?!? :) :)
 
Сигурно нема да ја направат истата грешка РБ, очекувам нивна доминација иако сум за Ферари. Во секој случај се надевам дека барем ќе може Алонсо да се надимине и да оди позиција погоре, а може и 2 зашто да не :)
 
Аууууууу Вебер............кое излетување човече.
 
AуУУУУУууууУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

--- надополнето ---

Почнувам да верувам во она .... Ред бул ти дава Криилјааааааа. :tv:
 
За малце неиздржа Кобајаши, ама и вака супер резултат за него. Криво ми е, невидов шо напрај Вебер.. не ги гледав првите 20-тина круга.
 
Дур не го тргнале видеово, еве го инцидентот на Вебер со Ковалаинен

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom