Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
А најавено е и вракање на Кими, во Рено, кои догодина најавија борба за титула... Е уште тој да се врати и замислете што се ке имаме во една сезона... Алонсо, двократен првак, Луис, поранешен шампион и вицешампион, Батон, акутелен светски шампион, Шумахер, седумкратен првак, Маса, поранешен вицешампион, Росберг, Ветел, Вебер, Раиконен, поранешен светски првак и вицешампион... Ауууу
 
еееееееееееј мојот тим победи???????????? wooooooooooooooooow :vozbud: и тоа дома

ме изненади со пол позицијата а на стартот од трката малку се разочарав (само малку) и кога му дишеше во вратот на актуелниот шампион знаев дека ќе го напучи покасно :icon_lol: првите 3 ца добро извозија морам да признаам

браво за хамилтон (така да продолжи)
icon_lol.gif
кај се пика кај шо не го бери

Фетел цела трка со меки гуми???? чудо

и до крајот на сезоната дај Господ да имаме 1-2 (па и 1-3) не ќе биди лошо и да ги земиме 2 те титули

а ако се врати Кими и ако Реното биди појако и Мерцедес и Шуми во форма сезоната ќе биди ЛУДНИЦА
vozbud.gif

Ферари и Мерцедес моторите растураа

:salut:
 
Кими во Рено ќе се заебе.

Негова најголема грешка е што ги одби Мекларен а ги доби парите од Ферари за возврат да не вози за никој тим во Ф1. Педерски црвен тим.
 
зш????

Педерски црвен тим????? бла бла бла

а јас ќе речам Педерски сребрен тим кои се плашеа Кими да го донесат оти Хамилтон немаше да има мирен сон а вака со Батон подобро му е иако и тој некако добро вози оваа година (или немаа пари да го платат КИМИ)

зш????

Педерски црвен тим????? бла бла бла

а јас ќе речам Педерски сребрен тимкои се плашеа Кими да го донесат оти Хамилтон немаше да има мирен сон а вака со Батон подобро му е иако и тој некако добро вози оваа година (или немаа пари да го платат КИМИ)

Педерски оти му платија да седи дома, само за да не вози за конкуренцијата. Ете затоа.
Мекларен му ставија договор на маса на Кими, но послатки му беа парите на Ферари (за да не вози во друг тим). Значи не е до Мекларен. Работата беше 90% готова шо се вика, но на крајот реши да си оди од Ф1. Дури и Мерцедес ГП се обидоа да го доведат, но мислам дека Кими бараше преголема сума (над 30М, колку што жабарите му платија ц ц ц не се нормални.)
 
Али да бидеме реални, Кими во Мекларен заедно со Луис е невозможна мисија.... Видете како помина Алонсо во таа една сезона со Луис.... И не дека немал пари Мекларен и триста глупости.... Не можи да нема пари за плата, едноставно таму е се како шо ке речи главниот, Рон Денис... Луис ке остани засекогаш, но Батон некако може да ги замрси сметките, во смисла дека има поддршка од некои важни лица во Мекларен, како на пр. Витмарш.. Но, Луис пак му е миленик на Денис, а знаеме кој е Рон во Ф1... И да признаам дека пред Луис навивав за Раиконен и ми недостасува таков возач, совршен...

Наредната сезона, тој шо ке биди возач во Рено ке се бори за титулата, тоа е 99,9 % сигурно... Тие се првите кои почнаа да го развиваат болидот за наредната сезона, а ако знаеме дека оваа година имаат 4ти најдобар болид, не би ме чудело токму тоа.... Кубица е сигурен во тимот, а мислам дека местото на Петров ке го заземе Раиконен....

Се врака уште еден „тежок“ возач, Ник Хајдфелд... не знам шо мислеше Сер Френк, оставајки го него „на клупа“ а давајки му шанса на Де Ла Роса... Не би ме чудело, наредната сезона да биде полоша за Мекларен, бидејки уште работата на овој болид, па може да се деси ко пред некоја година кога играа споредна улога во првенството...

Сигурно дека Мерцедесите на Браун, Розберг и Михаел, ке бидат посилни, бидејки тие се насочени кон нов болид, уште по Британија...

Едино, шо знам е дека наредната сезона, ке биде хаос... Ке има еден куп возачи за титули, секоја трка, борба за бодови... Едино, ако вратат се како што беше во трката, со правилата, да може да се долева гориво, и се то, па да се види и тактичката битка мегу главните лица во пит волите... Но, се надевам дека старецот и морето, ке направат уште нешто за да биде драматично... Можеби 30 бода за прво место ?! Зошто да не ?!
 
Majke mi pogoloemi gluposti ne sum procital neznam kako vi teknuvaat vakvi glupi raboti
 
Мислам дека нема да се долева гориво, мада правилата можат да ги сменат и во последен час, како нив им одговара...Инаку Мекларен никогаш не биле трето свирало...Второ да, но второ биле и Ферари. Ферари и Мекларен се големи тимови, со големо искуство во Ф1. Тие тимови никогаш нема да паднат на ниво на просечен Ф1 тим. Ред Бул ги држи Адриан Њуи. Кај Ферари и Мекларен се работи за цел тим со луѓе кои знаат што и како да сработат. Колку само препреки им стави ФИА за да се сопнат и Ред Бул да стане вештачки шампион, но куров - не оди тоа така :) Тешко дека наредната сезона ќе биде повозбудлива од оваа, но останува да видиме.

А ако БОКИ мисли дека се работи за глупости, нека демантира.
 
Не е Френк, туку Питер Заубер. :)

Хајдфелд мислеше дека Заубер нема да се вратат, па резервен возач во Мерцедес му беше подобро место отколку да ги гледа трките преку ТВ. Но Питер успеа да се врати во тимот, а веќе ги имаше обезбедно Кобајаши и ДЛР.

Сепак формата на вториов беше ептен тапа, а Хајдфелд како слободен е ќец на десетка за таков тим. :)
 
Мислам дека нема да се долева гориво, мада правилата можат да ги сменат и во последен час, како нив им одговара...Инаку Мекларен никогаш не биле трето свирало...Второ да, но второ биле и Ферари. Ферари и Мекларен се големи тимови, со големо искуство во Ф1. Тие тимови никогаш нема да паднат на ниво на просечен Ф1 тим. Ред Бул ги држи Адриан Њуи. Кај Ферари и Мекларен се работи за цел тим со луѓе кои знаат што и како да сработат. Колку само препреки им стави ФИА за да се сопнат и Ред Бул да стане вештачки шампион, но куров - не оди тоа така :) Тешко дека наредната сезона ќе биде повозбудлива од оваа, но останува да видиме.

А ако БОКИ мисли дека се работи за глупости, нека демантира.

Неможам веќе со глупости да се замарам едноставно многу сте пристрасни со глава во камен удирате ај ти не толку ама на macedonec_7 немозам да му се изначудам
 
Навреди не толерирам... Изнесете факти на маса.

А и јас мислам дека муабетите за Кими ви се тотална глупост. Човекот си зеде 30 милиони од Ферари, и отиде во WRC каде што зема екстра париња така наречени плата. Догодина дали ќе се врати или не не е битно, битно е шо имаше желба да проба рели. И таа желба му се оствари финансиски најдобро за него. Кој ти дава 30 милиони + договор за плата во WRC? Никој. Гледајте ја реалната страна, не дека немаше Мекларен доволно пари или Хамилтон ќе плачи ако му го донесат Кими.
 
А демек моето мислење е избришано ?! ха, а неговото Не ?! Демек во предпоследниот цитат на некој член по име Боки, има издржано мислење ?! Секоја чест....

Поздрав
 
Си ја најде мувата на капата?

Ако мислиш дека нема издржано мислење кај Боки, реплицирај му со факти, не со навреди.
 
:pos2::pos2: Моето мислење беше избришано, а беше во врска со темата и со дискусијата... Вакви работи не ги пишуваше во правилата на форумот, при моето зачленување, во правилникот... Шетата, што вие не се придржувате до ова(мислам на лицата кои работат на форумов)....

едит: Се поголеми се шпекулациите за Кими во Рено... Не знам зошто, но целата ситуација ми изгледа невозможна... Од една страна, знаеме зошто Кими не вози, а од друга, упорноста на Рено, барем според медиумиве...

Поздрав

--- надополнето ---

Едит: :pos2::tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom