Решив пак да се вратам на играва со поинаков предизвик:
Отидов на одмор до 25 декември 2013 година со план да превземам клуб кој е на последно место во најдобриве европски лиги. И за тоа го одбрав Вердер во Германија. Првите 3 утакмици ги победив против директните конкуренти за испаѓање и сеа надвор од опасната зона сум но сфатив дека сум на „само“ 16 бодови зад лидерот Хановер и на САМО 6 бода до место за Европа. Ако успеам да земам до 6то место, би било одлично. Следна сезона се нудам за работа во кој било клуб од најјакиве лиги кој е на последно место и да се обидам да го спасам тој. Но прво Вердер. Ако испадне интересно, ќе отворам тема.