Football Manager 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Ја негде позади кажав дека на полусезона пак ќе се исповедам. Неоти на некој му е битно. Ај вака, медиумите го типуваат мојот клошарски тим Пирин Гоце Делчев, шо нема пари ни за патлиџани, и си игра со истиот состав од претходна сезона, значи, медиумите му типуваат на тимот дека ќе излезе од лигата. Ја при нов договор на директорите (мамата олигарска скржава) им реков дека ќе се бориме за опстанок, али тоа намерно го направив, пошто исто пари даваа и за другите опции, така да исто ми се фаќаше. Е ај сеа, изненаџење на годината. После 16 утакмици у зимска пауза Пирин ГД е второ место со два бода мањак од Литекс, за обезбеден опстанок не праиме муабет ја идам на титула бре! Без пораз на домашен терен само со еден Х, а на гости сум мизерија. Формација 4-2-3-1, со тапа голман, просек десен бек, два супер центархалфови, надам се дека ќе се уште подобри, супер лев бек, шо од преска почна да сере дека сака у поголем клуб, ама ја го залажа дека за максимум две години ќе играме у ЛЕ, двајца средина, оној подефанзивно настроенио е одличен, а поофанзивниот аргентински селчо е добар, ама на крај сезона ќе дигне парталите у Ланус, пошто на 6 месеци од договор бараше повише пари, а ја тоа неам, ама кој го ебе нека крше глава. Десно крило просек играч, чат-пат умее да направе некоја чудесија. Полушпиц одличен, ама и неговата замена не е за фрлање. Лево крило, одличен е. Напаѓачо ми е еден украинец шо го собрав за ич пари претходна сезона, и се покажа животиња, иако е повреден подолг период. Замените ми се ужас, повеќето се со моментална состојба рејтинг 2.5 или 2, а неколку има со потенцијал да врват до 4.
Има едно гревче шо ми игра лев бек со силина 1.5/4, кога сум добро расположен го пуштам да потрчка малку, и стално бара да иде на позајмица, а ја го залажувам дека мора да седе на клупа пошто ми е потребен заради повреди.
Ту би континјуд на крај сезона.
Е сеа, втората сезона ни крив ни должен ја станав првак :)
Од новата сезона, аргентинец од средината ми избега за без пари, оти претходно у јануари бараше повеќе пари од шо имав на располагање. Десното крило го шитнав за кебапи, ама на оној шо ми играше десен бек (а уствари природна позиција му беше лев) му истерав 190 000. Пошто за трансфери пак ништо не ми дадоа, си барав слободни играчи. Левото крило го прекомандував да игра десно крило, полушпицот сега игра на средината, а си донесов еден од Тунис доста солиден за лево крило, и еден полушпиц, за безпари. На позиција десен бек имам два младича со 1.5 ѕвезди, со потенцијал до 3.5, ама сепак си зедов на позајмица еден десен бек со 2.5, ипак искуство е искуство. Плус си зедов резервен голман шо е доста добар па ќе ги ротирам, и резервен напаѓач шо исто е солиден. Им дадов продолжен одмор пред сезона, па така не изиграв ниедна пријателска. Прв меч од нова сезона, со Левски Супер куп, 1-1 регуларно, на пенали 3-1 за нас. :)
Квалификации за ЛШ, играме со Црвена Ѕвезда. Си викам, до тука е Европа, ама сум се изненадил кога ги пукнав 3-0 у сред Белград. На домашен 1-0 за нас. Следен противник Селтик, на домашен 1-1, таму изгубив 1-0, иако требаше да ме рокнат повеќе. Автоматски играм последно коло квалификации за групи у ЛЕ. Противник Хапоел Тел Авив. Таму 1-1, дома ме поведоа со 1-0 на полувреме заслуга на мојот голман шо реши со топка да врве до центар и ми ги репнаа од 40 метра. Второ полувреме им израмнив, и у 90 минута од слободен удар украинецот им го фукна. Се пласирав по групи, ама имам ептен тешка состојба. Ливерпул, Рубин Казан и Насионал. До сега Ливерпул ме репнаа со 3-0 на Енфилд, со целосна доминација од нивна страна (шут на гол 28-2 :)) Во лига е ОК, втор со бод разлика.
На крај сезона ми завршува договор, и ќе си одам досади ми со овие, само кај ќе завршам ќе видеме.
 
не можеш мануелно да го подесуваш до детаљ тренингот тука како на 2012.

Видов откако пишав.
Има многу измени во играва треба 1 саат да ја чепкаш да видиш кое што е.
Почнав со Евертон па ќе видиме како ќе иде... :)

Дајте некои препораки за играчи.
 
Дајте некои препораки за играчи.

Зависи што сакаш. Јас во Парма купив еден Saimon од Гремио за 2.3мил, 91ва година штопер, ме изненади како добро се покажа, до сега има 4 гола дадено а уште не сум стигнал ни до полусезона.. За тоа покасно ќе се исповедам, коа ќе стигнам на полусезона.
 
Карајте ме,пофалете ме,било што.. мојата прва сезона одиграна на играва (сеуште не е завршена) :

611c8ece558a79aa9ed171b77dfc3395.png


1e2084dff835c83e526620caefb93cf9.png


0523aa2d9787c7d4445f6585dc754082.png


13859327592d8b657b9bc2c55e4819b3.png


EDIT :
Од F.A купот полуфинале,незнам што беше финтата ама пола тим од Челзи не го знеав,дали купувале или нешто којзнае
61d3617dd7c4652640c61b458a075ee9.png
 
Ае некој да ми каже зашто нема 3-ти македонски лиги на фм13?
 
Фрустрација #no.843924392

Мислам дека е крајно дебилно што направиле дури до две сезони да трае периодот на адаптација на еден фудбалер - читај учењето на јазик. Не може бе веќе сезона и пол пројде а уште да ми дава дека има проблем со комуникација со соиграчите поради непознавање на јазикот. Па и најголемиот кретен ќе научи јазик колку да се разбере за една година.
 
Фрустрација #no.843924392

Мислам дека е крајно дебилно што направиле дури до две сезони да трае периодот на адаптација на еден фудбалер - читај учењето на јазик. Не може бе веќе сезона и пол пројде а уште да ми дава дека има проблем со комуникација со соиграчите поради непознавање на јазикот. Па и најголемиот кретен ќе научи јазик колку да се разбере за една година.
Carlos Tevez likes this.
 
Carlos Tevez likes this.
Се преправал тој, во некое интервју за CityTV Забалета рекол дека супер си зборел англиски само така сакал да ги нервира другите :)
 
Фрустрација #no.843924392

Мислам дека е крајно дебилно што направиле дури до две сезони да трае периодот на адаптација на еден фудбалер - читај учењето на јазик. Не може бе веќе сезона и пол пројде а уште да ми дава дека има проблем со комуникација со соиграчите поради непознавање на јазикот. Па и најголемиот кретен ќе научи јазик колку да се разбере за една година.
images



Рики :mad:
 
Кракот излезеа ? Ќе може едно линкче од него да ми пуштите на порака или профил ?
 
Мојот најнов пронајдок, го донесов од Македонија Ѓ.П. за 650к и го планирав една сезона во резерви да се адаптира пред да му дадам шанса во прв тим, но во резервите растури и за 12 натпревари даде 14 гола па морав да му дадам шанса во прв тим. Во прв тим продолжи исто на ниво и за 6 натпревари даде 7 гола и 2 асистенции.Viktor Gocevski_ Overview Attributes-2.png
 

Attachments

  • Viktor Gocevski_ Overview Attributes-2.png
    Viktor Gocevski_ Overview Attributes-2.png
    466,8 KB · Прегледи: 9

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom