Football Manager 2012 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе помош :///

Ја симнав играта, ја инсталирам фап све тоа е у ред, и сеа сакам да ја пуштам ама нејќе некако да упали, значи ја вклучувам играта, а ништо не се пушта и ќе си почекам минута и па ја пуштам ми пишува "football manager 2012 is already running"

Чаре?
пробај run as administrator ако не можи барај нов крак
 
Може да ми каже некој кај да го ставам фаилот D3DX9_41.dll?

Фала однапред.:)
 
Ја преземав Англија и го направив Руни најдобар стрелец во репрезентацијата, го надмина Сер Боби, сега има 54 гола. Да заврши фудбалов ќе поставам скриншотови и од тимот и од репрезентацијата, како ми изгледа составот. :)
 
My Documents-Sports Interactive-Football Manager 2012-editor data
И после кога ќе идеш New Game, кај што местиш пач, ќе идеш changes и ќе ја селектираш.
 
Секоја чест за тој што се потрудил да ја направи македонскава лига, ама барем да му кажел некој дека Вардар игра во првата лига.
 
Ја преземав Англија и го направив Руни најдобар стрелец во репрезентацијата, го надмина Сер Боби, сега има 54 гола. Да заврши фудбалов ќе поставам скриншотови и од тимот и од репрезентацијата, како ми изгледа составот. :)

Јас ги водев 3 месеци Данска,па ми стигна понуди од Англија,Аргентина и Франција.Ја прифатив таа на Англија.
Сега играм квалификации за ЕП 2016.
 
Најпрво подвигот што го направи Руни, го зачував како note затоа што не можев веднаш да прикачам скриншот :pipi:

BXs.png


Eве го и отприлика горе доле мојот тим со кој ќе одам на Европското, иако уште траат квалификациите. Зборам голе доле зошто нападот ми е среден (можно е Родригез да лета за сметка на Стариџ, не знам кој попрво, кога и да ги ставам двајцата голови даваат) и Џонс ќе биде во тандем со Шокрос на стоперските позиции. Го немам во тимот зошто повреден беше и не го повикав за последниот натпревар. Волкот гази по таа десна страна, Бејнс е многу добар изведувач на слободни удари. Офанзивата ми е скоцкана а мислам дека сум веќе готова и со одбраната. Фланаган и Бертранд имаат потенцијал и им давам често шанса, како и голманот Батланд. Тој Смајтис е викнат колку место да пополнува, затоа што Фостер се откажа привремено од репрезентацијата и уште не е премислен. Фердинанд јас го замолив да се откаже пошто више е стар и колку толку да прави услуга на клубот :D. Само Шелви ме разочарува и никогаш не изиграл добро, ќе мора наместо него да викнам некој друг, талент зошто Баркли/Родвел/Вилшер/Клеверли ми се прв избор за средината. Замените на скриншотов не ги глејте, рандом се ставени.

cPUOr.png



Со Манчестер е прелесно да се игра. Веќе ми здосади ама играм на сејвов колку да освојам уште на репрезентативно ниво нешто :) а со нов клуб сакам да почнам нов сејв па да го доиграм ова и ќе почнам со Стоук.

Ко што може да се види немам некои огромни измени во тимов и звучни трансфери освен Силва кој го начекав на free. Се другото е ефтино земено. Има одлични млади играчи во резервите и младинците кои сакам да ги развивам (Погба, Клеверли и Џонс пред се). Моја препорака е да го купите Carlos Fierro од Мексико. Како што читав на странски форуми, разарал секаде кај што го купувале па еве и јас да му дадам шанса да видам како ќе се покаже. За стопер, верувале или не, Еванс е стварно талентиран на играва и го играм често и на левата бековска позиција каде е одличен, како што може да се види по неговиот рејтинг. Моментално Чичарито е паднат во форма инаку со Руни имаат ненормално партнерство. На листа на шиткање ми се Силва, Валенсија и Јанг затоа што се веќе во 30ката и сакам да заработам на нив а од другата страна гледам Бејл се кара со управата на кокошките па познавајќи го квалитетот негов на играва од тоа што го водев Тотенхем на 2011ката, прв ми е на шопинг листата :pos:

wWuDb.png


Друго нешто, I present you my little monsters.

fh8Po.png


Оваа сезона ама им разработи партнерството на Руни и Чичарито, страшно нешто + Руни беше повреден 2 месеца.

sPhX2.png


Башка Руни не ми изведува пенали, Јанг ми изведува, посигурен ми е :D Руни е втор на листа за изведување.

Tерминаторот кој го играм во средина најчесто:

9IFeu.png


И типчево што све живо и диво од пенали го фаќа :)

g42L9.png


Maлце дупка беше првата сезона ама после се среди. :) И другиот голман, Линдегаард е одличен, ако менаџирате екипа со помал буџет а ви треба голман, земете го, иако нема којзнае какви оценки, никогаш не ме изневерил.

Како и да е ми здосади више сејвов и едвај чекам да помине европсково и да почнам со копачиштата Стоук :)
 
Одлично одлично Ilumious.


Ај и јас да се пофалам - конечно титула во ПЛ со Сандерленд. Сеуште терам со анонимуси до некаде. Ок, се засилив со Вилшер, Ибрахимовиќ и Ивановиќ али сепак не е тоа тоа, зашто и Ибра не е баш млад во 2014та година. Како што гледам кај Ilumious, јас имам во тимот повеќе потенцијални репрезентативци. Wickham веќе изигра 2 натпревари за Англија, Butland и Flanagan сеуште се млади кај мене, едвај и јас ги ставам во натпреварите.

Иначе предлог за DC - Younès Kabоul од Тотенхем. Станува најдобар централен дефанзивец за 2 години максимум. Не е баш млад од почетокот ама сосема брзо прераснува во одличен дефанзивец и добар стрелец од корнери.
 
Може некој така набрзинка накратко да ми ја каже како оди играта, со што се занимаваш во неа, сеа знам оти е менаџер знам отприлика каква може да е но првпат ке ја играм и воопшто малку знам за играва, ја играв досеа само ФИФА менаџер, некој набрзина да ми ја објасни играва споредувајќи ја со фифа, кои се предностите недостатоците, што има таму, што нема таму и така, ај фала :)
 
Може некој така набрзинка накратко да ми ја каже како оди играта, со што се занимаваш во неа, сеа знам оти е менаџер знам отприлика каква може да е но првпат ке ја играм и воопшто малку знам за играва, ја играв досеа само ФИФА менаџер, некој набрзина да ми ја објасни играва споредувајќи ја со фифа, кои се предностите недостатоците, што има таму, што нема таму и така, ај фала :)

Две класи над ФИФА менаџер е оваа. :)
 
Две класи над ФИФА менаџер е оваа. :)
Ја слимнав ја пробав, видов отприлика што е разликата меѓу оваа и фифа. Како што забележав неможеш овде да се занимаваш со инфраструктурата на клубот, болници, тренинг центри, карти, бла бла, или?
Иначе, сите тимови ми се без амблеми и играчите немаат слика, што кај твоите скриншотови не е така, ваљда некои пачови а?
Упати ме подобро ако сакаш :)
PS. И да замунда користам.
 
Ја слимнав ја пробав, видов отприлика што е разликата меѓу оваа и фифа. Како што забележав неможеш овде да се занимаваш со инфраструктурата на клубот, болници, тренинг центри, карти, бла бла, или?
Иначе, сите тимови ми се без амблеми и играчите немаат слика, што кај твоите скриншотови не е така, ваљда некои пачови а?
Упати ме подобро ако сакаш :)
PS. И да замунда користам.

Нее, ова е фудбал менаџер, не геодезија менаџер :) Се секираш само за тимот и донекаде за финансиите. Пиши на замунда Sortitoutsi и ќе ти даде линк еден и спушти, се имаш во него. Имаш во торентот упатство како да ги ставиш во играта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom