Football Manager 2012 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Овој што ја правел македонскава лига или е негде од крај на светот или со сила се правел глуп...
Во Вардар фалат неколку играчи(за тоа колку се добри нејкам да коментирам),но не само во ВАРДАР туку приметив и во работнички и металург...
Второ типот морал да го мрази ВАРДАР и во сите утакмици е направен аутсајдер да е т.е нигде не е фаборит
Сопственик на клубот е Трифун К. :D:D:D
Шкендија во мојов сејв донесе засилување од 1.2м што апсолутно е невозмошно
11 Октомври после 10 кола има 27поени(само еден пораз од Вардар)
Табелата е комедии
По редослед идат вака Вардар,11 О.,Шкендија,Напредок,Турново,Охрид,Брегалница,Металурк,Тетекс,Силекс,Работнички,Ренова
Како и да е ја со Вардар речиси сигурно ќе ја освојам титулата и во новата ќе атакувам на Балканската лига(иам дата со балканска лига во која од мкд влегуваат само првите 3 екипи)
зошто сеа за сеа немам никави шанси за ЛШ или ЛЕ
Буџетот ми е 500к зошто ветив дека ќе бидеме шампиони
--- надополнето: 16 декември 2011 во 17:53 ---
И Фичо е ептен слаб,оној али е направен подобар од него o_O
 
Исто и Оса е очајно направен, а Влатче не е ни ставен во Вардар ( плус најголем аутсаидер ).
Вардар на домашен терен има просечна гледаност од 348 луге o_O, а Брегалница има 3500+ . Ептен е анти Вардар направено али сепак и ја веројатно ќе осојам.
Фичо иако е очајно направен после 6 кола ми има 7.58 просечен рејтинг :) ( како таргет мен го играм ).
На сите што играте Македонска лига би ви препорачал да купувате нигеријци. За помалку од 100к евра добивате екстра квалитет за македонска лига.
 
Ќути најпосетен меч оваа година ми беше на гости кај брегалница 7000.Оваа бројка кога ќе си го прашам :D
Ја си земав доста кавалитетни засилувања меѓу кои и влатче еден бразилец и 2 нигири :) Оса не ми го спомнувај катастрофа а и плус е направен напагач
есенскиот дел си го завршив исто како и во реалноста без пораз
Ова е единствена работа што ми се допадна во мак лигава :D
 
Македонска лига не е „правена“, туку само отклучена.
Затоа, жалете се на СИ.
 
Зошто ден пред утакмица кога треба да се има прес неможам да го пуштам асистентот наместо мене ? :eek:
 
Доказ дека играва е реална - на мојов сејф Величе е без клуб моментално (го шутнале од Сибир) а игра за репрезентација. :pos:
 
Сте го замолиле некогаш бордот да преговара за трансфер во ваше име? (ко што и е во реалноста патем)
 
Епа уште симињајте ФМ од торенти, не купувајте оригинал, па после зошто немало македонска лига, зошто е аутсајдер Вардар, итн итн.
 
Сте го замолиле некогаш бордот да преговара за трансфер во ваше име? (ко што и е во реалноста патем)

Да, со Њукасл кога играв ги замолив да го земат Шоукрос и го земаа...
 
Сте го замолиле некогаш бордот да преговара за трансфер во ваше име? (ко што и е во реалноста патем)

Баш вчера направив тоа со Депортиво...

Ди Марија беше на трансфер листа, понудив 11м (цел буџет), ми побараа 17 и отиднав ask board.

Го договорија за 14.5м, али педерот го одбра да оди у Марсеј... (n)
 
Баш вчера направив тоа со Депортиво...

Ди Марија беше на трансфер листа, понудив 11м (цел буџет), ми побараа 17 и отиднав ask board.

Го договорија за 14.5м, али педерот го одбра да оди у Марсеј... (n)

Како ти оди? Кое место си? Каков тим имаш ? :)
 
ЛОЛ само што приметив, у Шпанија бројот на дресот што го носат голманите мора да биде 1,13 или 25 :cautious: :pos:
 
Како ти оди? Кое место си? Каков тим имаш ? :)

Само што исклучив сеа, ме мрзи да уклучувам пак и принт-скрин да правам, ќе ти опишам набрзина.... :D

Прва сезона у Сегунда лесно пројде... имаат јак тим Депортиво за у Сегунда, али нормално неможеше да пројде без некој трансфер! :D Ги купив Тричковски (за 1м, најдобар стрелец ми беше), Јорди Гомез од Виган (за 2м. главен мотор на екипата иако има прилично слаби отцени, за сегунда беше супер) и на позајмица имав повеќемина... Хесе од Реал, Погба од Јунајтед, Фран Рико од Гранада... и ниту еден не задржав од нив оти преголема оштета бараа.

Формацијата беше 4-3-2-1, со wingers, и баш тие ми беа главнато оружје, најчести акции ми беа центаршут од едното крило на втора статива.... Гвардадо се растури од асистенции, Тричко од голови. Напаѓачите малку разочараа, Лассад играше добро, се сјеба на 5 месеци и после немоеше гол да даде... го земав и Делфуенсо на позајмица и тој играше солидно али и тој се повреди долго време.

Сеа втора сезона сум, продадов два-тројца за 7-8м, клубот се ослободи од едниот долг и ми дадоја 20м буџет. И стандард коа играм со тим кој влегува у прва лига, купив играчи од тие што отпаднаа у Сегунда, во случајов Гетафе и Бетис. Ги земав, М.Торес, Сарабиа, Шабалала за по 3м.

На free го грабнав Раул, max. плата му дадов, и Саного за (само) 2м.. Исто на free ги земав и Џовани Дос Сантос и Ричи де Лает. Првиот го шитнав за 4 милиони (се наоѓаат будали :pos:) вториот го искористив уз трампа...

и сеа ко Гвардиола сум, пробувам нова тактика со 3ца у одбрана па ќе видиме... :D

p.s. заборавив да допишам и ова... Пеп го назначија за селектор на Шпанија после ЕП, а тренер на Барса е.....

... Венгер! :pos:
 
15duxcg.jpg


Знам дека ваква понуда не се пропушта, али додека не освојам ПЛ со Блекбурн не си одам. :)

Четврта сезона завршив, три пати го освоив Карлинг купот, и два пати Европа лигата, али Премиер уште не сум успеал. На почеток на сезона имам финансии за многу добри играчи, али нејќе да дојде некој појак играч, и затоа морам да се задоволувам со играчи како Гаитан и Соу, одлични се и тие, али знаејќи какви играчи имаат Сити, Тотенхем и Челзи, нула се моиве. :)

Еве од прилика како ми изгледа тимот:

55p40.jpg

--- надополнето: 16 декември 2011 во 22:57 ---
Ја заборавив да ја спомнам и можеби мојата најголема победа, Реал ги тепав во Супер купот на Европа, на пенали.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom