После првата (неуспешно) изиграна кариера на FM 2010, да дадам краток извештај. :kesa:
Ептен е тешко со Лацио да се игра, зашто сите играчи сакаат да си одат во поголеми клубови. Ледесма морав уште на почеток да го продадам. Лихштајнер побара да си оди на полусезона, кога бев четврти на табела, поради што морав да го играм Скалони кој шитна 2-3 утакмици, дојде до пад во формата и на крај завршив 12-ти
. И покрај се, Зарате на крај беше најдобар стрелец во Серија А, а воедно и Златна Копачка на Европа со 27 постигнати голови. Најдобри моменти во сезоната беа победите против Џенова дома со 7:2, Фиорентина на гости со 3:1 и Јувентус дома со 5:1 (на таа утакмица Зарате даде 4 гола), како и победата дома против Фиорентина со 4:1 (по 2 гола Зарате и Бекам) во последното коло, победа која ме спаси од отказ.
Проблемите продолжија пред почетокот на наредната сезона, кога Коларов побара да си оди. Со скроз нова одбрана (единствени што ми останаа од првата сезона беа Раду и Андраде), како и плус неколку нови играчи, екипата делуваше некомпактно на почетокот на новата сезона, со променлива форма. Капакот на се беше кога и Зарате побара да си оди, по што дојде пад во формата и неминовниот отказ.
Единственото нешто што ме зачуди беше тоа што Пандев не побара да си оди :pos2: Уште на почетокот му го продолжив договорот со неделна плата од 37.000 евра.