Football Manager 2010 Online

Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Доста беше фалење. Со Торес, Агуеро, Гуркуф, Руни... во тимовите, срамота е ништо да не освоите. Сега да видиме кој колку знае. Исти правила за сите, исти можности. :)

За да играте FM Online, треба да го имате пачот 10.3.0 и соодветниот крак. Всушност, не мора баш тој пач, ама ние со тој ќе играме. Пачот тука, кракот тука.

За да играте FM мрежно, исто така треба да имате Hamachi.

Во случај вие да сте тој што креира игра, треба да го направите следново:

1. Вклучувате Hamachi.

2. Креирате ваша мрежа така што одите на Create a new network и тука напишете си име и лозинка по избор. После тоа, ги давате шифрата и името на противникот, за да се приклучи.
hamagv2.jpg

3. Вклучете FM, одете на New game, потоа во Preferences, па Network и проверете дали ви е означено полето Run as server.
fmslikamy5.jpg

4. Почекајте противникот да се приклучи и почнувате со играта.


Во случај кога вие не сте тој што креира игра:

1. Вклучувате Hamachi.

2. Кога противникот ќе ви даде име и лозинка, одете на Join an excisting network и тука ги впишувате името и лозинката.
hamagv2.jpg

3. После тоа, вклучете FM, и одете на Network. Во делот Local servers ќе се појави креираната игра, во случај креаторот да направил се како што е објаснето погоре и почнувате со играта.


Можни проблеми:

1. Пожелно е да вклучите Hamachi пред да ја вклучите играта бидејќи може да се случи да не се види серверот, иако и двајцата сте вклучиле Hamachi.
2. Доколку не можете да се конектирате на Hamachi, и доколку иконата за Hamachi конекцијата во Control Panel/Network Connections ви е ваква
networkkj0.jpg
морате да го направите следново: одете на My Computer/Propertis Hardware, па Device Manager и тука најдете Network Adapters и Hamachi Network Interface
devicezq0.jpg ,
десен клик и Uninstall. После тоа симнете ја верзијата која сте ја имале во моментот кога дошло до проблемот од сајтот www.hamachi.cc и после се тоа, одете во Control Panel/Add or Remove Programs, најдете го Hamachi и избришете го. Откако ќе го избришете, инсталирајте го повторно.
3. Во случај да не се види серверот, побарајте од креаторот да ви даде IP кој го добива на Hamachi. Ова ќе го најде над nickname-от. Потоа оваа адреса внесете ја во Network/Join other server.
4. И двајцата треба да имате ист пач.
5. Исклучете Firewall така што ќе одите во Control Panel/Windows Firewall.
6. Исклучете и Antivirus.
7. Во Preferences/Security обележете Block vulnerable Windows services, ова е пожелно поради безбедноста на вашиот компјутер.

Let the fun begin!

Devil_guy likes this. :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Дали е можно во исто време да играат 3-4 играчи, или само двајца? И дали некој досега има пробано, да кажи што е како е, дали кочи или сл.?
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Дали е можно во исто време да играат 3-4 играчи, или само двајца? И дали некој досега има пробано, да кажи што е како е, дали кочи или сл.?
Да, може да играат повеќе играчи во исто време. Јас не сум играл, играше еден мој другар со некои Хрвати и добро беше, не кочеше. Ќе пробаме па ќе видиме. :)
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Count me in ! ! :smir: Да мојме негде 10тина да се собериме би било супер. Јас можам да прашам 2-3 другари кои долго играат менаџер дали се за.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
ај од утре да се пробаме по еднаш :)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Би сакал да се придружам, ама многу заебана ми е процедурава некако (со Хамачи мамачи)

Пошо не сум играл игри онлајн, незнам како функционираат тие работи.
Сакате да оформиме наша сопствена лига (Кајгана) или тоа се само поединечни натпревари?


П.С. Едвај го управив кракот, нејќам да симнувам нов пак да не ми прави проблеми, затоа се двоумам околу приклучувањето на турниров
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
И ја не го симнав кракот, незнам каква врска има кракот. Ќе пробам утре ако нејќе со мојов, ке го симнам.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Не ви треба крак ако не ве мрзи да го лоадирате image-от. Мислам дека ни хамачи не ви треба али работи и така и така.

Тој што ќе биде сервер треба да има добар компјутер и добра конекција. Иначе ќе иде споро. Не се собирајте многу на едно пошо ептен ќе се чекате и нема да има игра. 5 души највеќе, поради тоа што најчесто нема да може да се соберете сите за да играте.

Толку имам да кажам, најдобро да си одберете време во денот кога ќе бидете слободни и да се држите до тоа. Напраите си неколку правила за да не ви пропадне после :) И незнам на новава дали има али ако има во options отштиклирајте move matches for tv за да играте сите во исто време и да не се чекате.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Подобро нека си симнат крак, досадно е пред секое вклучување на играта да правиш mount. :)

Инаку John Galt, тебе не ти треба кракот, ти веќе го имаш. Го ставив за оние кои го немаат, за да не им бара ЦД.

Ајде да се организираме, па ќе направиме еден мини-турнир, колку за проба. Ако биде како што треба може и лига да си направиме.

Пријавувајте се. :)
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.505
Поени од реакции
2.180
Finally, some brave warriors without shitty excuses! I am so in ! Патем, мора да се одштиклира Move Matches for TV, ама и опцијата Force Continue мора да се среди обавезно...
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Па еве утре или викендов да се организираме неколку души и да пробаме како е. После доаѓа лето и ќе можеме да организираме некое турнирче.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Значи може без никакви дополнителни програми да се игра, само да се кликне на тој делот за играње во мрежа (4тото, под Load Saved Game) ?

Јас сум сеуште 1ва сезона на почеток, штотуку почнав да играм. Имајте милост, однапред ви кажувам :) :kesa:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Значи може без никакви дополнителни програми да се игра, само да се кликне на тој делот за играње во мрежа (4тото, под Load Saved Game) ?

Јас сум сеуште 1ва сезона на почеток, штотуку почнав да играм. Имајте милост, однапред ви кажувам :) :kesa:
Јас пробував така на 2009, не можеше.

Ајде кој сака да се договориме после или утре околу 14-15:00 да одиграме една контролна. Чисто да пробаме што како. :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Еве јас сум кандидат да пробаме, ама втора смена сум на школо, не можам тоа време. Ако сакате утре вечер или сабота/недела. Се договоривме со jovanovski да пробаме, па ако сака уште некој да се договориме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom