Firefox?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Готово, јас си ја апгрејдував. :wink:
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.848
Поени од реакции
10.190
Само што видов, со новиов апдејт Фајрфокс пушти и 3 рекламни видеа. Видеата се ептен смешни, може да ги погледнете овде.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Ви реков дека не е страшна работата :wink:
Вистина е дека е потенцијална дупка, но далеку од опасна.
веста беше толку ударна зошто лисицата е најпопуларна во моментот и веб страните кои се спонзорирани, едвај чекаат да објават некоја топ вест и со тоа да ги привлечат луѓето на нивните страни и да „штампат“ пари :D Маркетинг трикови.
Оваа вест за „ранливоста“ на Firefox беше толку ударна, што може да се мери со веста кога беше нападот на Ирак. :lol:
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.848
Поени од реакции
10.190

ИБМ порано објави дека 10% од нивниот персонал (инаку околу 10 илјади луѓе) го користат овој прелистувач. Од претходниот петок, инсталационата последна верзија е ставена на внатрешниот сервер и понудена телефонска подршка. ИБМ е една од најголемите компании која го користи овој софтвер.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Постојат две теми за лисицата, едната е овде, едната се наоѓа во Интернет. Би било убаво кога некој од администраторите би ги сплотил како една. Ако е можно, секако :lol:
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.848
Поени од реакции
10.190
humanoid напиша:
Постојат две теми за лисицата, едната е овде, едната се наоѓа во Интернет. Би било убаво кога некој од администраторите би ги сплотил како една. Ако е можно, секако :lol:
Јас приметив дека е на погрешно место кај Интернет ама немам привилегии на тој форум да модерирам. Остави кај редакцијата.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
5
Поени од реакции
0
Јас сум верен на старата добра Mozilla. :)
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
Дечки Помош!!!

Незнам зашо... отварам фирефоксов и ме прашуе за нов профиле, и онака јас рандом напишав нешто и ми се отвори прозорот арно ама исто ко да сум ја инталирал сега...

Знае кај се мења тоа профиле ова она ?! се утепав барајќи немозам да најдам

незнам што му текна да ме праша за тоа!

ај плсссс
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
VeGaS напиша:

Овака ќе одиш бате Вегас:

Start > Run > во рaн ќе напишеш: firefox.exe -p пази да има space помеѓу ехе и минусот.
Ќе ти се отвори едно мени и внатре ќе го замениш веќе постоечкиот профил или можеш да креираш нов.
firefox треба да ти е исклучена кога го правиш ова батка.

Па пиши што биднало :wink:

Ова им го советувам на сите што користат firefox. Random профилот заменете го со име.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
humanoid, ТЕ САКАМ!!!

Дојјди во Лас Вегас, еве татко ми ќе те частел, така вика, него си го спасил со неколкуте боокмаркед страни :)
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
VeGaS напиша:
humanoid, ТЕ САКАМ!!!

Дојјди во Лас Вегас, еве татко ми ќе те частел, така вика, него си го спасил со неколкуте боокмаркед страни :)
:oops: :D

Добро е штом си средил батка!
Можете да креирате повеќе профили, па при стартувањето на лисицата да се логираш со твојот профил. На тој начин можете да имате различни подесувања за лисицата, свои букмаркс...
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
VeGaS напиша:
Дечки Помош!!!

Незнам зашо... отварам фирефоксов и ме прашуе за нов профиле, и онака јас рандом напишав нешто и ми се отвори прозорот арно ама исто ко да сум ја инталирал сега...

Знае кај се мења тоа профиле ова она ?! се утепав барајќи немозам да најдам

незнам што му текна да ме праша за тоа!

ај плсссс
И мене ми се дешава ова често, сакав да прашам.. па еве прочитав подоле.
Има уште нешто да прашам. Скоро еднаш во денот ми се дешава лисицата да ми замре на некој начин. Никако не можам да ја стартувам па морам да ресетирам компјутер.
На пр. работам нешто во неа.. листам.. и од еднаш ќе закочи.. не замрзнува туку само стои така, може да се клика на неа ама не реагира како да е офлајн. Ја гасам и кликам на неа пак да ја уклучам ..како да нема ништо. Како празен шорткат да е.. па морам да ресетирам. Нормално е тоа, на секому му се случува?
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
gerard напиша:

Obicno ako ti blokira ili ti se iskluci skoro sekogas ostanuva da raboti kako process firefox.exe. Zatoa koga ke se obides pak da go pustis ili voopsto ne se pusta ili te prasuva za nov user bidejki veke on si raboti so predhodniot user. Togas odi Ctrl-Alt-Del i vo processes najdi go firefox.exe i iskluci go nema potreba od restartiranje na kompjuterot.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
gerard напиша:
И мене ми се дешава ова често, сакав да прашам.. па еве прочитав подоле.
Има уште нешто да прашам. Скоро еднаш во денот ми се дешава лисицата да ми замре на некој начин. Никако не можам да ја стартувам па морам да ресетирам компјутер.
На пр. работам нешто во неа.. листам.. и од еднаш ќе закочи.. не замрзнува туку само стои така, може да се клика на неа ама не реагира како да е офлајн. Ја гасам и кликам на неа пак да ја уклучам ..како да нема ништо. Како празен шорткат да е.. па морам да ресетирам. Нормално е тоа, на секому му се случува?

Мене таква работа ми се нема случено до сега.
Пробај да креираш профил gerard.
Кога ќе ја гасиш лисицата, пробај преку file> exit.
Поодамна имав пуштено еден пост па еве го најдов пак. Некои корисни трикови за лисицата.
Инаку ја тестирам firefox1.1 deer park alpha и можам да кажам дека е одлична, едвај чекам да искочи официјалната верзија.

Кликајќи двапати на празниот Таб бар кај што се сместени отворените страници, ви отвара нова празна табела.

Среден клик на некој линк во bookmarks, ви ги отвара во нов таб.

Среден клик на папка во фаворитите и ќе ви ги отвори сите фаворити од таа папка.

Среден клик на табот, ќе го затвори.

Среден клик на командите за напред или назад, ќе ви ја отвори последната или наредната страница на нова страна.

CTRL+ TAB можете да се префрлувате од страна на страна

Ако го држите CTRL и кликнете на некоја секција од страната, таа ќе биде означена. Десен клик во таа секција и избирајќи 'View selection source, ќе го видите кодот само за тој дел од страната.

Можете да ставите некоја страна во фаворитите едноставно држејќи го левиот клик врз иконата на страната која се појавува во address bar-от и влечејќи ја до bookmarks. На истиот начин можете да ја одвлечете и на десктопот и со тоа да имате икона само за таа страна.

Држејќи CTRL и притискајќи на + или - можете да ја зголемувате или намалувате големината на фонтот. Истото може да се постигне и со CTRL и скролот на глувчето.

Можете да ги зачувате сите отворени страни во една папка во фаворитите. CTRL + D и вклучете ја командата Bookmark all tabs in a folder.

Можете да имате повеќе почетни страници во исто време. Во Опциите под General кликнете на Use Bookmark и ако селектирате цел фолдер, на стартувањето на лисицата, ќе се отворат сите страни од тој фолдер.

За да ја направите лисицата побрза, отворете нова празна страна и напишете: about:config

Во filter внесувајте ги следниве команди една по друга(откако ќе завршите со едната):

network.http.pipelining
Овде ќе видите дека пишува false. Кликнете двапати за да се промени во true.

Следната работа е: network.http.proxy.pipelining
Повторете ја истата команда од претходното конфигурирање.

Следното е: network.http.pipelining.maxrequests
Овде ќе видите дека стои бројката 4. Десен клик и Modify, Потоа можете да внесете бројка максимум до 30. Нормално би било од 8 до 20.
Овие работи ќе придонесат за побрза работа и побрзо отварање на страните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom