Еве некои корисни трикови за FireFox!
Некои се познати веќе, но сигурно ќе се најде некој овде што ќе не израдува со нова финта
Кликајќи двапати на празниот Таб бар кај што се сместени отворените страници, ви отвара нова празна табела.
Среден клик на некој линк во bookmarks, ви ги отвара во нов таб.
Среден клик на папка во фаворитите и ќе ви ги отвори сите фаворити од таа папка.
Среден клик на табот, ќе го затвори.
Среден клик на командите за напред или назад, ќе ви ја отвори последната или наредната страница на нова страна.
CTRL+ TAB можете да се префрлувате од страна на страна
Ако го држите CTRL и кликнете на некоја секција од страната, таа ќе биде означена. Десен клик во таа секција и избирајќи 'View selection source, ќе го видите кодот само за тој дел од страната.
Можете да ставите некоја страна во фаворитите едноставно држејќи го левиот клик врз иконата на страната која се појавува во address bar-от и влечејќи ја до bookmarks. На истиот начин можете да ја одвлечете и на десктопот и со тоа да имате икона само за таа страна.
Држејќи CTRL и притискајќи на + или - можете да ја зголемувате или намалувате големината на фонтот. Истото може да се постигне и со CTRL и скролот на глувчето.
МОжете да ги зачувате сите отворени страни во една папка во фаворитите. CTRL + D и вклучете ја командата Bookmark all tabs in a folder.
Можете да имате повеќе почетни страници во исто време. Во Опциите под General кликнете на Use Bookmark и ако селектирате цел фолдер, на стартувањето на лисицата, ќе се отворат сите страни од тој фолдер.
За да ја направите лисицата побрза, отворете нова празна страна и напишете: about:config
Во filter внесувајте ги следниве команди една по друга(откако ќе завршите со едната):
network.http.pipelining
Овде ќе видите дека пишува false. Кликнете двапати за да се промени во true.
Следната работа е: network.http.proxy.pipelining
Повторете ја истата команда од претходното конфигурирање.
Следното е: network.http.pipelining.maxrequests
Овде ќе видите дека стои бројката 4. Десен клик и Modify, Потоа можете да внесете бројка максимум до 30. Нормално би било од 8 до 20.
Овие работи ќе придонесат за побрза работа и побрзо отварање на страните.
Доста беше, следниот пат повеќе
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Мрза ме фати.