Финале Лига на Шампиони: Барселона-Манчестер Јунајтед (27.05.2009,Рим)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке владее со фудбалска Европа ?

  • Барселона

    Гласови: 90 54,9%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 74 45,1%

  • Вкупно гласачи
    164
Статус
Затворена за нови мислења.
BRAVO BARCA CESTITKI DO SITE :helou::helou::helou::helou::helou:
 
Јас да ви кажам искрено дека ова финале ама ич не ме бендиса, как ода играа третолигаши според квалитетот што го видовме вечерва и ич не се возбудив за разлика од претходните години јас не знам што беше работава ама дефинитивно ова финале нема да се памети.


За кого како:smir::smir:


VENI VIDI VICI !!!!!!!!!!!!
 
Ги гледав сите натпревари на Барса оваа година и сепак сум изненаден колку доминантни беа вечерва. За сите оние кои се жалат на досаден натпревар, па една екипа играше. Да се потрудија другите повеќе немаше да ви биде досаден. Патетично е што го спомнувате Норвежанецот, тоа не го очекував од навивачите на Манчестер. Сепак кој губи има право да се лути, иако победата беше најчиста што може да биде вечерва. Брилијантна игра на секој поединец во Барса, без грешка. Квалитетот дојде до израз. Керик и Андерсон не можеа против Иниеста и Чави. Стартовите на крајот посебно оној за Сколс покажаа колку се спортисти. Секому на чест. 3 титули годинава, со најдобрата игра на свет. Убаво е да си навивач на Барса :helou:
 
Браво за Барса и честитки за титулата, едноставно ги посравте. :aplauz:
 
Неверојатна доминација на Барселона. Си одиграа одлично и си ја заслужија титулата.
 
Зошто Роналдо плачеше?
ronaldo-crying.jpg
 
Не памтам кога последен пат сум видел ваква надмоќ и ваква надиграност во финале на Лигата на Шампионите. Секоја чест на Барселона. Доминираа на секој дел од теренот, како да имаа 20 играчи на теренот а не 11... Одлично поставена тактика на Пеп, одлична партија на сите играчи, а особено Пике, Меси, Иниеста, Чави. Честитки по втор пат. Повеќе од заслужен триумф.
 
Заслужена победа, иако се чинеше дека Манчестер ќе има убедливо водство, прилично беа јаки на почетокот.
Нема да честитам, се` уште го немам оној спортски дух на примање пораз.
Се` на се`, досадна утакмица, ни се приспа во кафичот.
Но добро, со среќа на Барселона во понатамошните натпревари.
 
И тука исто. Честитки до сите фанови на Барса, едноставно нели денеска ги уништивме. Они играа фудбал во првите 10 минути додека Ето не им го даде голот. После тоа Манчестер го немаше на теренот и играше само една екипа БАРСЕЛОНА. Значи повеќе од заслужена титула за нас и воедно освоена е тројната круна. Каде стапнавме се уништивме годинава
 
Ајде честито победа нека е воедно и титула кој беше тој Манчестер?Неможе 2 додавања да сврзе само 1 шут во голот и шампиони и ако зборувате досаден натпревар тогаш секој натпревар на Барселона е досаден зошто играат феноменално и неможе 10 минути топка да им се земе.
П.С Постои само еден тим кој ќе ја одбрани титулата во ЛШ а тоа не е Манчестер.
 
Поздрав до сите искрени фанови на фудбалот, поздрав до сите навивачи на Манчестер, и најголем поздрав до сите фанови на БАРСА !!!
Вечерва испишавме ново поглавје, вечерва влеговме во историјата на Барса !!!
Вечерва сите сме премногу горди што сме дел од овој тим и што сме фанови на Барса.
Големо благодарам до Пеп и до сите играчи на Барса на чело со Капитенот.
Вечерва докажавме и покажавме кој е најдобриот клуб во фудбалска Европа.
Ја освоивме тројната круна:pehar::pehar::pehar:, и на чело со Пеп и со костурот на тимот продолжуваме да газиме и освојуваме нови и нови титули и следната сезона.
 
Јеееееееее :vozbud:
Си знам јас за кого да навивам :pipi:

Манчестер беа далеку послаби вечерва, Барселона се скалило погоре бар годинава или бар на натпреваров. Мислам дека пред се Манчестер се преценија и затоа им е поразов. Ако им е :vozbud:

Барса оле олееееее :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom