- Член од
- 9 мај 2019
- Мислења
- 171
- Поени од реакции
- 776
Bunny Lake Is Missing (1965)
Очајна и во паника, Ен го пријавува исчезнувањето на нејзината ќерка Бани на првиот ден во градинка, но никој од вработените дента не го видел девојчето таму. Околината започнува да се сомнева во нејзиниот разум, а исказот на нејзиниот брат Стивен само оди во прилог на верувањето дека таа е психички нестабилна.
По Хичкок, а и по сите трилер-мистерии на 90тите, може да се предвиди насоката во која се движи, но и покрај тоа останува добра мистерија која само ми го потврди мислењето што го имам за филмографијата на Премингер.
8/10
The Third Man (1949)
Уште од Ирска ми беше зачуван Odd Man Out, во последен момент се предомислив. Не знам кога ќе се откажам од ноари, особено од овие со Џозеф Котен. Затоа Орсон Велс, damn!
The world doesn't make any heroes outside of your stories.
7/10
Trainspotting (1996)
For a vegetarian, Rents, you're a fucking evil shot.
Единствената причина зошто не сум го гледала досега е настојувањето од другите - од декември до април 2017та единственото нешто за кое слушав 24/7 беше Трејнспотинг. Сочувствувам со сите кои поминале низ истово меѓутоа разбирам зошто луѓето околу мене биле како расипана касета. Би сакала да можев лесно да кажам дека е мех, па некој барем на секунда да ја почувствува мојата болка за Le Samourai Ама како?
8.5/10
Vera Drake (2004)
Тивка, емотивна драма со силен заплет околу прашањата за женската солидарност, совеста и моралната одговорност. Подеднакво потресен како Happening и 4 Months, 3 Weeks and 2 Days иако ја покажува другата страна. Во свет каде повеќето се лажно учтиви, дистанцирани и ладни, Вера Дрејк скапо ја плаќа својата наивност.
p.s. Имелда Стаунтон е брилијантна актерка!