FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
08. Nar Bağı / Pomegranate Orchard / Градина со калинки

1649273491636.png

Го најдооооооов! :vozbud: Thanks to @Anon . Ми го симна од некој приватен тракер за кој никогаш не бев слушнал. Ама можете и со една друга финта:
1. Филмов го има на youtube = https://www.youtube.com/watch?v=THXHQCQ2eVc&t=42s
2. Го симнувате од таму. Не мора да инсталирате софтвер, можете и со некој од тие онлајн „симнувачи“
3. Еве англиски превод - https://www.opensubtitles.org/en/subtitles/8116672/pomegranate-orchard-en . Симнете го.
4. Уживајте! Преводот одговара.

Мнооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооогу споооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооор фииииииииииииииииииииииииииииииииииилм. Саат и пол трае, ама и тоа се чини ко да му е многу. Ама многу убав! Ептен ми се допадна. Како што реков: станува збор за адаптација на „Вишновата градина“ на Чехов. Сетингот е прекрасен: стара куќа пред која има преубава градина со дрвја со калинки. Преубаво воден, со прекрасна режија која „тајните“ и духовите од минатото еден по еден ни ги отплеткува како клопче пред нашите очи. Глумата е исто - прекрасна. Музиката можеби минималистичка, но совршено го дополнува тој меланхоличен тон на филмот. По тој тон и по музиката ме потсети на естонскиот „Tangerines“. Приказната е навистина интересна и болна: човек, од на почеток неразјаснети причини го напушта своето семејство: татко, мајка, жена и син, и заминува за Русија од каде 12 години не се ни јавува. После 12 години се враќа дома каде мајка му починала од тага, татко му е веќе стар и го полека го очекува неизбежното, сопругата се чини одамна се откажала од него, а синот - сега веќе пораснат, не го ни познава. За него тој е само еден странец. Но сите тајни не завршуваат тука...

Прекрасен, навистина прекрасен филм. Не за џабе ова го номинирале за Европска филмска награда. Далеку подобро од првиот кој го гледав од Азербејџан. Препорака за сите! А ако не го изгледате, може ова да биде еден од моите следни предлози во Клубот. 9/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.739
Поени од реакции
27.732
Ми го симна од некој приватен тракер за кој никогаш не бев слушнал.
Не ти го симнав јас туку познајник.
Јас немам пристап до Pass The Popcorn и како може да немаш слушнато за PTP? Па веројатно е во секоја листа од "top 10 private torrent sites for movies" ко ќе срчнеш на Гагл (позз професоре Темелковски, како сте?)

Видиииии прввввв еееее
1649279874760.png
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Го најдооооооов! :vozbud: Thanks to @Anon
Ц, ц, ц. Пред три дена на темава го закачив преводот за филмов (кој патем не е ниту еднаш симнат), он на Анон му се заблагодарува...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
Ц, ц, ц. Пред три дена на темава го закачив преводот за филмов (кој патем не е ниту еднаш симнат), он на Анон му се заблагодарува...
Неее, Анон ми го најде филмот, не преводот. Значи друг рип, не овој од youtube.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Неее, Анон ми го најде филмот, не преводот. Значи друг рип, не овој од youtube.
Не може човек крајот да ви го најде :)
Па бараше превод за филмот на јутуб, не друга копија. Како викаат, внимавај што посакуваш може да се оствари :)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.891
Поени од реакции
6.166
Pomegranate Orchard

Сликата што ја ставил Злате е одлична и филмот го изгледав на начинот што он го имаше пишано.

Визуелно беше многу убав, село, природа, светлите сатурирани бои му даваа едно убаво и топло чувство на филмот додека се гледаше. Понекогаш малку ми сметаше прегласниот звук во позадината кој правеше мала дистракција од дијалогот. Но, океј е, немам многу замерки.
Глумата исто така солидна, емоциите беа убаво изразени на лицата, како клучен дел за еден оваков филм каде што акцентот е ставен на дијалогот и тежината која ја носат ликовите поради минатото.

Филмот е спор, би рекол преспор и дури и за мене, кој е љубител на оваквите филмови ми сметаше по малку. Од друга страна, и Фархади знае да направи спори драми, но самиот социјален конфликт кој се наоѓа во неговите филмови, и моралната дилема на ликовите ја разбива монотонијата и има поголема тензичност во дијалозите, па држи и повеќе внимание.
Овде, го немаше тоа толку.

Баш поради некои такви ситници не можам да кажам дека филмот заслужува некоја огромна оцена, иако мене ми беше солидно - интересен филм кој оправдано бил предложен за номинација за оскар, но колку што прочитав сепак не успеал да влезе во потесниот круг.

Ви ги исчитав сите предлози кои сте ги гледале во клубов. Алал нека ви е колку сте успеале да гледате. :D Предлог од мене за сите оние што се мислат што да гледаат од Азербејџан, нека го гледаат токму овој.

7
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Pomegranate Orchard (2017)

Го фатив последниот воз за да изгледам филм од Азербејџан. Многу сиромашна кинематографија за толку богата и популациски бројна држава. Не ни знаев што филм да изгледам, го изгледав овој само поради тоа што Zlatikevichius пиша дека го имало на Youtube и дека превод може да се најде на opensubtitles, па за да не експериментирам и онака си реков да гледам барем еден филм од држава.
Прво би кажал дека не е совршен филм, маните се повеќе во техничките аспекти иако нуди одлични сцени и кинематографија. Дејството не знам како да го објаснам без да напишам spoiler, но иако бавно на моменти сепак на крај вреди за сите пари, погаѓа многу.
Ликовите се секој посебно сопствена приказна и за секого може да се дискутира за нивните постапки долго и широко. Актерскиот ансамбал иако мал сепак солидно си ја заврши работата.
Треба да е подостапен филмов за гледање и тоа многу, сепак вреди да се изгледа од љубителите на филмови од ваков жанр.
Од мене добива 7,5/10.

П.С. Азербејџан не е европска држава, ни политички ни географски па ни културолошки до скоро време. :vrtioci:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
09. Ali & Nino

1649396498735.png

Овоштарник со калинки (Nar Bağı) е азербејџански, веројатно со него си се смешал. Овој беше кандидат за Оскар на Азербејџан за 2017, а истата година беше меѓу 50-тината кандидати за Европската филмска награда. Јас кога почнав да пребарувам филм од Азербејџан овој ми беше прв избор зашто само за него (и за уште еден кој и не е баш Азербејџански, туку копродукција, но ќе го гледам и ќе постирам тука за него) знаев од претходно.
Е овој е тој! Не е азербејџански, туку британски филм, ми беше во watchlist уште претходно, но не го оставив за тогаш кога ќе дојде Велика Британија на ред, зашто од таму има неверојатен избор. Затоа одлучив да го гледам сега. Режисер на филмов е Асиф Кападија, британски режисер со индиско потекло кого го знаеме по документарците Amy, Senna и Diego Maradona. Речиси целосно е снимен во Баку, па баш затоа (и дека е британско-азербејџанска копродукција), го гледав сега. 100% е на англиски, нема ниту збор на азербејџански, но културата е таа, особено од периодот кој е опишан тука, што ми се допадна, зашто е доста информативен и научив нешто ново.

Снимен е според вистински настани и ликови, но се сомневам дека приказната беше во голема мера вистинска. Али Кан Ширваншах е момче во своите рани 20-ти, азербејџански принц во времето кога Азербејџан е под руска окупација, некаде 1913 и 1914, пред почетокот на Првата светска војна. Нормално, Али е муслиман. Се заљубува во Нино Кипијани, ќерка на грузиски благородник кој живее исто во Баку, и е православна христијанка.
И кога ќе добиете ваков опис, очекувате дека филмот ќе се движи околу забранета љубов заради различните култури и религии на младите зашто сепак и двајцата се благородници, ако ништо друго. Но за чудо, во Азербејџан во почетокот на 20 век според филмов биле многу либерални и без никакви предрасуди, па така нивната љубов не наидува на никакви пречки во нивните семејства. Напротив, дури и поддржана е, а нивните татковци стануваат пријатели. Она што застанува на патот на нивната среќа не се предрасудите, туку војните: најпрво Првата светска војна, подоцна и војната за независност на Азербејџан.

Филмот е доста информативен кога станува збор за историјата на Азербејџан од тој период: за време на Првата светска војна (и многу пред тоа) се дел од руската федерација и се борат на страната на Русија. Но тогаш кај нив се раѓа идејата за независност, па непосредно пред војната се свртуваат против Русија и успеваат да прогласат независност, која според филмов трае многу кратко, околу 6 месеци. Во 1920 година Ленин повторно го окупира Азербејџан, зашто смета дека (цитирам од филмот) „победата не би била комплетна без нафтата од Баку“. „Окупацијата“ трае нови 71 година, се до 1991, кога Азербејџан конечно станува независна држава.

Се е ова ОК, но филмов како филм е едно големо разочарување за мене. Прво: насловот е погрешен. Иако центриран околу тие два лика, филмов не е филм за Али и Нино првенствено, туку за Азербејџан и неговата историја. Второ: многу стерилен филм. Не сум видел толкаво отсуство на емоции на филм којзнае од кога. Човече, овој што го глумеше Али во секоја сцена насмеан. Може таква му е физиономијата на ликот, но не може во некои сцени таква насмевка, ми личеше ко да подобро јас ќе изглумам од него. Нино троа подобра, ама и таа: се разделуваат, или го напушта Баку и се смее. Емоции ко на мртва магарица! Можеле многу да се потрудат. Од тоа што ми се допадна: кинематографијата е прекрасна, со преубави сцени и од градскиот живот во Баку, градбите (особено внатрешноста), но и селската идила и природата на Азербејџан. Сценографијата е исто одлична. Ми се допадна особено операта во Баку (иако имаше една facepalm реплика за неа). Музиката совршена! Но ко за љубовен филм, а овој не е баш тоа, или барем не во целост тоа. Ама пак ќе речам - максимално стерилен филм кој испадна дека го гледам само ради реда и на кој не можам да му дадам ништо погоре од 5/10.

Со ова завршува моето патешествие и во Азербејџан. И тука ми останаа 3 филма симнати а неизгледани. Ќе одат директно на екстерен хард диск и ќе чекаат некои подобри времиња. Ако некој има уште нешто да пише за Азербејџан, ви оставам уште малку време, и се селиме малку поблиску до нас и во држава која се надевам ќе побуди поголем интерес кај сите.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
...се селиме малку поблиску до нас и во држава која се надевам ќе побуди поголем интерес кај сите.
Сигурно. Азербејџан е една од тие 5-6 држави со кои ќе имаме мака за наоѓање филм. Доколку неделава не се некоја од Андора, Лихтенштајн, Луксембург, Сан Марино не би требало да има проблем со интерес или наоѓање на филм.

П.С. гледам и Ватикан влегува во тие 51 држава, а немаат ништо снимено. Ќе бараме филм со дејство во Ватикан или ги бришеме нив?
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
П.С. гледам и Ватикан влегува во тие 51 држава, а немаат ништо снимено. Ќе бараме филм со дејство во Ватикан или ги бришеме нив?
Не. Ватикан ги избришав од листата. Кога ќе дојде редот на Ватикан, можеме да играме со Југославија. Или едноставно да го скокнеме само.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
Завршивме и со втората држава, Азербејџан. Вкупно 9 души беа до Баку и гледаа 11 филма. И тоа:

1. @Zlatikevichius - 3 филма - средна оценка: 6,66
2. @devilko , @Shawn Spencer , @Filip Telford , @The Cooler King , @Shutmanga , @moongoses , @Violetova , @Keyser - по еден филм - средна оценка 5,71

Севкупно average на Азербејџан е 6,00 , што е послабо од 6,69 за Норвешка.

@Dumbledore , @Mark Renton , @grande-juve и @Corvus не стигнаа на време да изгледаат филм од Азербејџан, но не е важно, може да го узурпираат терминот на новата држава.

А новата држава, трета по ред е:

Croatia.jpg

ХРВАТСКА 08.04 - 14.04.2022

Кинематографијата на Хрватска е со многу пократка традиција во споредба со другите европски земји. Првите сериозни филмови од Хрватска потекнуваат од 40-тите години на 20 век, во рамките на поранешна федеративна Југославија. Вкупно 3 хрватски филмови имаат освоено номинација за Оскар, иако ниту еден по осамостојувањето во 1991 немал таков успех (иако до сега дури 30 филма се предложени за Оскар за најдобар интернационален). Во поранешна Југославија тоа се:

1. „Cesta duga godinu dana / La strada lunga un anno / The Road a Year Long“ на Џузепе де Сантис (1958)
2. „Deveti krug / The Ninth Circle“ на Франце Штиглиц (1960)
3. „Bitka na Neretvi / The Battle of Neretva“ на Вељко Булајиќ (1969)

Сепак, најзабележителен успех Хрватите имаат во нивната ширум Европа позната школа за анимација. Сите ние добро се сеќаваме на некои од цртаните од детството како „Професор Балтазар“ или „Мали летечки мечиња“. Но, она што е позабележително и малкумина го знаат е дека првиот не-американски краток анимиран филм кој освоил Оскар е всушност хрватски - „Surogat / Ersatz (The Substitute)“ во 1961 во режија на Душан Вукотиќ, продуцент од Загреб филм студиото за анимација каде се правени и Балтазар и Малите летечки мечиња. Уште вкупно 3 филма од Загреб филм се номинирани за Оскар за најдобар краток анимиран филм (подолу сите 4) :

1. „Surogat / Ersatz (The Substitute)“ - Душан Вукотиќ (1961)
2. „Igra / The Game“ - Душан Вукотиќ (1963)
3. „Tup Tup“ - Недељко Драгиќ (1972)
4. „Lutka snova / Dream Doll“ - Боб Годфри и Златко Гргиќ (1979)

Од овие, верувам дека сите, или барем оние родени во осумдесетите и раните деведесети се сеќаваат на „Igra / The Game“ на Душан Вукотиќ кој многу често го даваа ва МТВ во вечерниот термин (во тоа време многу се лутев, зашто наместо омилените Том и Џери, Веселите грашковци, Чевличињата или Пинк Пантер ми пуштаат „глупости“ :pos:). Еве го анимираниот филм, можете да се потестите на детството:


Уште неколку кратки анимирани филмови од Загреб филм влегле во потесна конкуренција за Оскар:

1. „Krava na mjesecu / Cow on the Moon“ (Душан Вукотиќ, 1959)
2. „Piccolo“ (Душан Вукотиќ, 1959)
3. „Zid / The Wall“ (Анте Заниновиќ, 1966)
4. „Muha / The Fly“ (1968)
5. „Dnevnik / The Diary“ (Недељко Драгиќ, 1974)
6. „Satiemania“ (Зденко Гашпаровиќ, 1978)
7. „Riblje oko / Fisheye“ (Јошко Марушиќ, 1980)

Освен Душан Вукотиќ за Surogat, никој друг Хрват нема добиено Оскар во ниту една категорија.

Да се вратиме назад на играните филмови - првите филмови во Хрватска се дела на аматери-ентузијасти, како Јосип Караман од Сплит и подоцна Октавијан Милетиќ од Загреб. Во 1906 е отворено првото кино во Загреб. Првите посериозни филмови во Хрватска се документарци во режија на Јосип Хала од 1911 и 1912 („Plitvice“ и „Sinjska alka“). Првиот долгометражен игран филм е „Brcko u Zagrebu“ од 1917, режиран од Арсен Маас, а истата година е објавен филмот „Mateja Gubec“ режиран од Аца Бинички. Ниту еден од овие 2 филма не постои денес, т.е. не се зачувани нивни копии.

За време на Втората светска војна, кога била воспоставена усташката република Независна држава Хрватска (NDH) биле снимани многу пропагандни филмови од новиот усташки режим. Во 1943 истата пробагандна машинерија го снимила пропагандниот документарец „Straža na Drini“ кој освоил Златен Лав во Венеција, на фестивалот тогаш организиран од фашистичките држави: Италија, Германија и Јапонија. По колапсот на NDH во 1945, сите знаеме кајде завршила Хрватска - во титова комунистичка Југославија. Тогаш (поточно во 1950-тите) е првата златна доба на хрватскиот филм: Бранко Бауер е најважниот режисер (го знаеме како режисер на нашиот филм „Три Ани“ (1959), а од хрватските најпознати се „Ne okreći se, sine“ (1956), „Licem u lice“ (1962) и веројатно најпознатиот од тој период „H8“ (Никола Танхофер, 1958)). Во првиот златен период на хрватското кино се снимени и двата погореспомнати филмови на Џузепе де Сантис и Франце Штиглиц, номинирани за Оскар.

Во '60-тите години се забележува една нова насока во хрватскиот филм: модернизам. Првиот хрватски модернистички филм е „Prometej s otoka Viševice“ (1965) во режија на поранешниот аниматор Ватрослав Мимица. Други познати модернистички класици се: „Rondo“ (1965, Звонимир Берковиќ), „Breza“ (1967, Анте Бабаја) и комедијата „Tko pjeva zlo ne misli“ (1970, Крешо Голик).

Хрватска учествувала и во пан-југословенскиот феномен: „црн бран“ иако повеќето режисери од тој период биле Срби. Најпознат хрватски филм од црниот бран е „Lisice“ (1969, Крсто Папиќ). Во 1969 е снимен најскапиот југословенски филм на сите времиња „Bitka na Neretvi“, со Јул Бринер, кој иако е од црногорски режисер, најчесто се спомнува како хрватски филм, исто така, заради тоа што дел од продуцентите биле од Хрватска.

Во раните 70-ти по уставните измени во Југославија, Хрватска добива поголема автономија при снимањето филмови, и при тоа фондовите не се веќе централизирани во Белград, но иронично - баш во тој период настапува пад на квалитетот на се што е снимено во Хрватска.

Второто хрватско златно доба започнува во доцните 70-ти и раните 80-ти под влијание на т.н. Прашка школа. Двајца режисери кои се школувале на истоимената школа доаѓаат токму од Хрватска: Лордан Зафрановиќ („Okupacija u 26 slika“ (1979), „Pad Italije“ (1981)) и Рајко Грлиќ (Samo jednom se ljubi (1981)).

Интересен феномен во хрватското кино е и таканаречениот „нео-жанр“ со режисери кои се пробувале во жанрови покарактеристични за Западот, како хорори, трилери, и детективски филмови сместени во комунистички сетинг. Од тој период може да го спомнеме Зоран Тадиќ со филмовите „Ritam zločina“ (1981) и хоророт „Treći kljuć“ (1983).

Деведесетите години Хрватска станува независна држава, но заради војните, а и заради режимот на Фрањо Туѓман каде владата забранувала директна цензура, но барала филмови по-националистички ориентирани, падот на хрватското кино е евидентен. По политичките промени во 2000 година, настапува последното златно доба во Хрватска. Некои од попознатите наслови на филмови се: „Kako je počeo rat na mom otoku“ (1997), „Maršal“ (1999), двата на Винко Брешан, „Ta divna splitska noć“ (Арсен Остојиќ, 2004), „Tu“ (Зрињко Огреста, 2003), „Oprosti za kung fu“ (2004) и „Armin“ (2006), двата на Огњен Свиличиќ...

Меѓу најпознатите филмски фестивали, не само во земјата, туку и во регионот, ќе ги спомнеме: Загреб, Пула и Сплит.

Многу Хрвати се познати во светскиот филм: Раде Шербеџија е роден во Хрватска, актерот Горан Вишњиќ („ER“) е исто Хрват, како и двократниот освојувач на Оскар, продуцентот Бранко Лустиг. Понатаму Мира Фурлан („Lost“, „Babylon 5“) е исто со хрватско потекло, како и Џон Малкович и Ерик Бана.

Јас имам гледано само неколку хрватски филмови, веројатно на прсти на една рака се бројат. Од нив, најтопла препорака за сите: „S one strane“ (Зринко Огреста, 2016) и веројатно најдобриот хрватски филм кој сум го гледал: „Ustav Republike Hrvatske“ (Рајко Грлиќ, 2016) со ненадминатиот Небојша Глоговац во главна улога.

Други листи кои ќе ви помогнат при изборот на филмови:

Uživajte!
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Верувале или не, баш вчера мислев дека Хрватска ќе биде и што би гледал од таму. :D

Што имам изгледано и препорачувам:
1) Караула од Рајко Грлиќ со наша Верица Недеска и уште неколку други Македонци во епизодни улоги. Мислам голем дел сниман во Охрид, ако не и целосно.
2) Ministarstvo ljubavi (2016) - комедија/драма што мене ептен ми легна.
3) Pjevajte nešto ljubavno (2007) - романтична комедија што исто ептен ме бендиса кога ја гледав.

Солидни ми беа и Aleksi (2018), Takva su pravila (2014), Ustav Republike Hrvatske (2016), Svecenikova djeca (2013).

Не ми се свиѓале и не препорачувам: Tko pjeva zlo ne misli, Comic Sans, Tereza37, Anka, F20, Poslednji Srbin u Hrvatskoj, Dopunska nastava, Zagreb Capuccino, Sonja i Bik, Kosac, Mare, Zora, Osmi povjerenik, Ufuraj se i pukni, Kratki izlet, Sve najbolje, Koja je ovo drzava, Duh babe Ilonke, Lopovi prve klase, Sto je muskarac bez brkova, Fuck off I love you, Vrijeme ragnita.

Во 2020 имаа собрано 30-40 критичари од земјата кои што гласаа кои се најдобрите хрватски филмови од 1944 до 2019.
Може ќе му биде од помош на некој ова, па еве кои се најдобрите 20 хрватски филмови според нивните критичари.

NAJBOLJI HRVATSKI IGRANI FILMOVI „SVIH VREMENA“

Kritičarke i kritičari su na svoje liste uvrstili čak 161 film. A najbolji su:

1. H-8… Nikola Tanhofer (1958)
2. RONDO – Zvonimir Berković (1966)
3. TKO PJEVA ZLO NE MISLI – Krešo Golik (1970)
4. LISICE – Krsto Papić (1970)
5. BREZA – Ante Babaje (1967)
6. RITAM ZLOČINA – Zoran Tadić (1981)
7. NE OKREĆI SE SINE – Branko Bauer (1958)
8. KAJA, UBIT ĆU TE – Vatroslav Mimica (1967)
9. KONCERT – Branko Belan (1954)
10. ŠTO JE IVA SNIMILA 21. LISTOPADA 2003. – Tomislav Radić (2005)
11. SAMO JEDNOM SE LJUBI – Rajko Grlić (1981)
12. DEVETI KRUG – France Štiglic (1960)
13. DOGAĐAJ – Vatroslav Mimica (1969)
14. KAKO JE POČEO RAT NA MOM OTOKU – Vinko Brešan (1996)
15. OPROSTI ZA KUNG FU – Ognjen Sviličić (2004)
16. ZVIZDAN – Dalibor Matanić (2015)
17. IZGUBLJENI ZAVIČAJ – Ante Babaja (1980)
18. GLEMBAJEVI – Antun Vrdoljak (1988)
19. SLUČAJNI ŽIVOT – Ante Peterlić (1969)
20. PONEDJELJAK ILI UTORAK – Vatroslav Mimica (1960)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
Во 2020 имаа собрано 30-40 критичари од земјата кои што гласаа кои се најдобрите хрватски филмови од 1944 до 2019.
Може ќе му биде од помош на некој ова, па еве кои се најдобрите 20 хрватски филмови според нивните критичари.

NAJBOLJI HRVATSKI IGRANI FILMOVI „SVIH VREMENA“

Kritičarke i kritičari su na svoje liste uvrstili čak 161 film. A najbolji su:

1. H-8… Nikola Tanhofer (1958)
2. RONDO – Zvonimir Berković (1966)
3. TKO PJEVA ZLO NE MISLI – Krešo Golik (1970)
4. LISICE – Krsto Papić (1970)
5. BREZA – Ante Babaje (1967)
6. RITAM ZLOČINA – Zoran Tadić (1981)
7. NE OKREĆI SE SINE – Branko Bauer (1958)
8. KAJA, UBIT ĆU TE – Vatroslav Mimica (1967)
9. KONCERT – Branko Belan (1954)
10. ŠTO JE IVA SNIMILA 21. LISTOPADA 2003. – Tomislav Radić (2005)
11. SAMO JEDNOM SE LJUBI – Rajko Grlić (1981)
12. DEVETI KRUG – France Štiglic (1960)
13. DOGAĐAJ – Vatroslav Mimica (1969)
14. KAKO JE POČEO RAT NA MOM OTOKU – Vinko Brešan (1996)
15. OPROSTI ZA KUNG FU – Ognjen Sviličić (2004)
16. ZVIZDAN – Dalibor Matanić (2015)
17. IZGUBLJENI ZAVIČAJ – Ante Babaja (1980)
18. GLEMBAJEVI – Antun Vrdoljak (1988)
19. SLUČAJNI ŽIVOT – Ante Peterlić (1969)
20. PONEDJELJAK ILI UTORAK – Vatroslav Mimica (1960)
Ја има и како Letterboxd листа, во моите линкови погоре. Јас знам само дека Битката на Неретва нема шанси да го гледам, ќе умрам од досада од таков филм. Мене прв кој ми фати око е Samo jednom se ljubi со Мики Манојловиќ, тој ќе биде веројатно првиот.

1) Караула од Рајко Грлиќ со наша Верица Недеска и уште неколку други Македонци во епизодни улоги. Мислам голем дел сниман во Охрид, ако не и целосно.
Ако не сум грешка, и дејството беше таму, не само снимен таму. ОК филм, ОК секс сцени, супер цицки. :цицки:

Друго ОК филмче што може да го ѕирнете: Zvizdan (2015)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom