FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Worst Person in the World (2021)
Verdens verste menneske



Со Јоаким Триер се запознав пред неколку години кога го гледав Осло, 31ви Август и ми остави многу добар впечаток. Reprise лани го гледав 2 пати во иста година. Добар режисер кој очигледно си ја знае работата.
Не сум сигурен колку Најлошиот човек на светот е подобар од Осло. Не дека има со што да се споредуваат ама чисто онака, на некоја ранг листа на филмови на Триер. Небитно.
*Ова е трилогија всушност, неповрзана директно ама има една тема што е заедничка во сите три филмови - егзистенцијална криза на млади луѓе во своите (околу) триесети години.

Да ме прашаш да ти кажам 5 добри и 5 лоши суштински ствари у филмов ќе не знам да ти одговорам.
Би се глупирал со вакви детали, на пример, од 5 добри би издвоил 3 - девојкава е преубава, Андерс Даниел Ли е прејак актер и Норвешка е преубава земја за снимање филмови. Од негативни, дека е малце досаден и му фалат емоции.
Не дека до толку му фалат емоции, пошто ги имаше на крајот ама ете ај, ни тоа не знам да го објаснам. А и не е баш до толку досаден.

Фактички јас не знам што да пишам за филмов, не сум доволно паметен а и од едно гледање не можам баш детално да го анализирам пошто има доста ствари за анализирање, детализирање, разговарање и слично. А ми се свиѓа, и не ми се свиѓа.
Ко Џули што му рече на Аксел кога раскинуваа - I love you, and I dont love you.

Филмов најблиску до тоа што го мислам го има пишано девилко на почетокот на страницава а јас пишувајќи вака се осеќам исто како Џули, поима немам што сакам да кажам и направам со ова што би требало да личи на рецензија а не мои изгубени мисли.

Мада, самото тоа што паметот ме влече да му стаам 4ка а не 2ка очигледно говори дека филмов ми се свиѓа. А и сигурно ќе го глеам неколку пати.

*
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
The King's Choice

Немам многу време во последно да гледам толку филмови и затоа во оваа тема ќе пишувам и многу кратки рецензии. Го одбрав The King's Choice пошо пишав и во филм клуб дека сум фанатик по историја. Филм за настаните од 2ра светска во Норвешка и како владата и кралот се справува со нив. А да, и германскиот амбасадор кој сака по секоја цена да избегне крвопролевање и се влече по двете страни да се смират страстите. Квинслишката влада инсталирана од Хитлер доаѓа до власт во Норвешка која не е подржана од народот, а кралот со семејството и "вистинската влада" се во бегство во внатрешноста во државата. Главниот фокус е на кралот и неговиот син, кој ќе го наследи по неговата смрт. Ме возеше филмот од самиот старт и имаше добра тензична музика која го водеше дејствието.

Не можам да направам проценка за Норвешката кинематографија само од овој филм, бидејќи стрикно се водеше по историската приказна, а слободата на продуцентот верувам беше ограничена. Затоа ќе се потрудам да изгледам уште еден филм од Норвешка додека не и заврши редот. Се надевам дека ќе најдам време пошо гледам дека има инересни филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
05. Kon-Tiki (2012)

1648667810374.png


Ова е историја: во 1947 година, еден норвешки авантурист, подоцна и писател, додека престојува во Јужна Америка, Перу, добива идеја дека Перуанците се првите луѓе кои ја откриле Полинезија, уште пред Кристофер Колумбо да ја открие Америка. Служел за потсмев дека тоа, со тогашната технологија би било невозможно, но Тор Хејердал сакал да докаже дека е во право, затоа одлучил да направи една експедиција од Перу до Полинезија, на дрвен сплав, онака како што првите луѓе од Јужна Америка навистина патувале, според него. Сплавот бил направен само од дрва врзани со јажиња и можел многу лесно да се распадне при првата бура. А експедицијата била уште поневеројатна затоа што Тор Хејердал не знаел да плива. Но со силната верба во себе и во идејата дека Јужноамериканците навистина први стапнале на Полинезија, успеал во подвигот. За време на експедицијата составена од неколку Норвежани и еден Швеѓанец, носеле камера и ја снимале целата авантура. Во 1950 година од снимките Тор направил документарен филм, насловен Kon-Tiki (така се викал сплавот со кој патувале, наречен според второто име на некој Бог на Инките), кој освоил Оскар за најдобар документарен филм (пишав во воведот дека тоа е најголемиот успех на норвешката кинематографија и тоа е дефинитивно филм кој треба да се погледне во иднина). Исто така, за експедицијата Тор напишал книга - мемоари кои биле преведени на преку 70 јазици и била продадена во преку 50 милиони примероци. Подвигот на Тор служел како инспирација за многу авантуристички експедиции потоа, меѓу кои и експедицијата на првите луѓе во вселената и стапнувањето на Нил Армстронг и Баз Олдрин на месечината. И самиот Тор до крајот на животот продолжил со авантуристички експедиции, па бил и еден од првите луѓе кои стапнале на Велигденските острови. Еден негов сопатник од Kon-Tiki експедицијата, пак, учествувал во подвиг да стигне до Северниот пол на скии, при што загинал. Тор Хејердал сепак доживеал 87 години и и ден денес е цитиран како еден од луѓето кои направиле неверојатен подвиг.

Kon-Tiki (2012), односно филмов кој јас го гледав, не е документарецот на Тор Хејердал за неговата експедиција, туку игран филм снимен од двајца режисери, и номиниран за Оскар за најдобар странски филм за 2012 година (изгуби од австрискиот Amour на Ханеке). Сосема ОК филм. Се запознав со неверојатниот подвиг на Тор, филмот е прекрасно снимен, иако нема многу норвешко во Тихиот Океан. Но е далеку од тоа дека е нешто невидено, напротив, како филм е нешто што сме гледале многупати до сега. Но самата приказна, како и повеќето приказни од филмовите кои ги гледав во предизвиков, навистина остава без здив, затоа реков - ќе мора да се гледа и документарецот од вистинската експедиција. Она што ми падна в очи уште на средина од филмот беше тоа што она што јас го гледав беше 99% на англиски, а колку што знам, во категоријата странски филм на Оскарите не можат да бидат номинирани филмови кои се доминантно на англиски јазик, па не можев да продолжам да гледам додека не прогуглам како му успеало тоа. Го прекинав филмот, и пребарувајќи дознав дека режисерите снимиле 2 верзии на филмот: една на норвешки, друга на англиски (а јас сум ја симнал англиската). Значи филмов што го гледав не беше римејк на оригинален норвешки, туку двете верзии биле снимени напоредно. Секоја сцена била снимана 2 пати: еднаш на норвешки, втор пат на англиски. Тоа малку ме запрепасти, да бидам искрен, и малку можеби му ја крена оценката на филмов. За сите кои сакаат авантура, препорака! За сите кои сакаат историски филмови снимени според вистински приказни - исто така, препорака! Ви ветувам дека ќе уживате! Уште еден одличен филм во предизвиков. 8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Thelma (2017)


Телма е студентка израсната во строго католичко семејство со традиционални вредности и строга контрола од својот татко. При едно сосема нормално запознавање со една нејзина соученичка, Телма добива (епилептичен) напад. Ова во заграда намерно е ставено пошто подоцна ќе се увиди дека девојката нема епилепсија, класична.

Спомнав во претходниот филм дека не обожавам супернечурал ствари ако немаат добра поента и крајна цел. Ова ми беше превише, ептен одење во крајност со надреалните ствари.

Еден дел од поентата е во ред, состојбата на притисок, стрес, запознавање со сопствени нови чувства и емоции, страв од искачање од плакарот - не само во сексуална смисла, религиско воспитување и слично. Ама имаше и делови кои не можам да ги објаснам, многу нејаснотии и се некако конфузно ми делуваше. Претерале другарите малце.

А убаво беше за гледање, добро е напраен филмов. Девојкава е убава, другарка и истотака. Татко и и мајка и се брачен пар и во Blind.

Со Триер-Вогт се дружиме и утре со 31 Осло, таман да ја затворам мојата тема и да го затворам првиот дел од оваа за која осеќам дека ќе биде полн погодок.

3/5 за Телма.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Бидејќи сум ограничен периодов само со Нетфликс, морав да изберам норвешки филм кој го има таму и немав многу избор. Го избрав 22 July.

22 July on Letterboxd https://boxd.it/h10E

Се разочарав бидејќи испадна да е на англиски јазик, но тоа е што е.

Се работи за филм снимен по вистинска приказна, на сите нас позната со терористичкиот напад нна еден од нивните острови каде ги загубија животите 70+ луѓе. И то е то, филм кој го изгледав само поради учеството во овој предизвик.

Едно 2. 5/5.

Се читаме со следната држава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Бидејќи сум ограничен периодов само со Нетфликс, морав да изберам норвешки филм кој го има таму и немав многу избор. Го избрав 22 July.

22 July on Letterboxd https://boxd.it/h10E

Се разочарав бидејќи испадна да е на англиски јазик, но тоа е што е.

Се работи за филм снимен по вистинска приказна, на сите нас позната со терористичкиот напад нна еден од нивните острови каде ги загубија животите 70+ луѓе. И то е то, филм кој го изгледав само поради учеството во овој предизвик.

Едно 2. 5/5.

Се читаме со следната држава.
Овој е повеќе американски филм, затоа и е на англиски. Во режија на Пол Гринграс, дури и на IMDB во земја на потекло стои USA. Само актерите и целиот настан се од Норвешка, затоа се прифаќа. Истата година за истата случка имаше снимен друг, чисто норвешки филм - https://m.imdb.com/title/tt7959216/?ref_=nv_sr_srsg_0
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
The Pinchcliffe Grand Prix


1648762323083.png

Можеби најпопуларниот и најомилен филм во Норвешка (погледни имдб тривија) и еден од најпозитивните, најфилгуд филмчиња воопшто, идеален за сите возрасти.

Отприлика светот ќе му дојде како во Боџак Хорсмен, измешан со луѓе и животни.
Тројца главни ликови имаме, стариот смирен, мудар и позитивен мајстор за велосипеди и иноватор Теодор, хепи гоу лаки и полна со оптимизам птица Сони и едно исплашено, успорено и секогаш внимателно крзнено суштество Ламберт.
Си живеат во хармонија додека не се решат за еден предизвик...

Очекувано според насловот, има и една многу јака трка.

Стоп енд гоу анимација, можеби делува подзастарено но сепак се гледа љубовта во секој кадар. Во саундтракот преовладува филгуд џезче. Ликовите се многу впечатливи и како и првиот пат така и сега го гледав со константна насмевка.

Јака 8ца

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
06. De uskyldige / The Innocents

1648729180147.png

По предлог на @Filip Telford , инаку првично не ми беше во план филмов. Но ме заинтригира по неговата рецензија, па затоа му дадов предност пред Thelma и Violent, кои ми се симнати, но останаа неизгледани. Симнат е и Blind, уште еден од тие на @Filip Telford , но и тој ќе чека подобри времиња.

The Innocents не беше лесен за гледање. Цело време имав некое непријатно чувство во стомакот, нешто што не можев да го совладам. Затоа можам да кажам дека не ми се допадна во таа мера како што му се допаднал на @Filip Telford . Идејата е интересна, но некако остана како недоработена. Прво, дознавме дека имаат моќи, но некако тие моќи не ми беа дефинирани. Како рандом да беа, секое од децата можеше да направи и повеќе од тоа што првично мислев дека може. За аутистичното девојче, пак, не сфатив што може да направи. Но сепак не беше тоа пресудно зошто не ми се допадна, туку непријатното чувство кое ми го предизвика: едноставно не сакам да гледам филмови со деца кои имаат толкаво зло во себе. И плус - очекував повеќе.

6/10, но сепак, фала за предлогот Џонтра. Убаво беше да се излезе од шаблонот на авантуристички драми кои преовладуваа тука за мене, со исклучок на една црна комедија со која почнав, и една прекрасна (траги)комедија.

Со овој филм јас ја завршувам Норвешка. За следната држава не верувам дека ќе успеам да гледам ни пола од ова, па затоа може ќе имам време за трите норвешки филмови кои ми останаа.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Oslo, August 31st (2011)


Некаде пред Нова година кога повторно се занимавав со скандинавците, по втор пат истата година го гледав Reprise, 31 Август го имав веќе гледано од поодамна. Еве сега пак и повторно е истото чувство секојпат.
Овој дечко на сликава е актериште, таква депресивна, монотона и тажна појава е што е чудо како ме движи и ме тера да го гледам.

Осло 31ви Август е дел од Осло трилогијата на Јоаким Триер. Заедничкото во трите филмови е егзистенцијалната криза на поединецот.
Тука се работи за еден депресивен наркоман кој излегува од рехаб центарот во потрага по работа, по изгубеното време, по нешто што ќе го отргне од суицидалните мисли и депресијата која го прати.

Ќе го ископирам мислењето од догме темата, нека стои и тука.
Комплетно разочаран од животот и од самиот себе, со суицидални мисли, тешко наоѓа мотивација да продолжи да живее, отфрлен од фамилијата односно сестра му, без некоја особена поддршка од старото друштво со кое се среќава на една забава во потрага по бившата му девојка, некако завршува последниот ден од осмиот месец.

4/5.

За Reprise немам време, утре ќе се смени државата а имам од Оскар темата да го испоштувам предлогот. Знам дека во првиот пост стои дека може да се бројат филмови кои ги имаме поодамна гледано ама не сакам така, филмовите што ќе ги пишувам во темава сакам да ги гледам во таа рамка од 5 дена. А имам уште еден норвешки, во темата со деновите.

Норвешка од мене 5 филмови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
За која држава треба да извадиме виза денес? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Еве ме! Првата дестинација од патувањето низ Европа помина подобро од очекувањата за мене. Дури 9 луѓе отпатуваа до Осло, и гледаа вкупно 18 филма и напишаа исто толку рецензии! Сите филмови беа оценети со средна оценка 6,73, значи тоа е оценката на Норвешка во предизвиков. По гледачи, со најмногу филмови:
1. Јас - 6 филма, средна оценка 6,66
2. @Filip Telford - 5 филма, средна оценка 7,6 (најмногу му се погоди предизвикот)
3. @devilko , @Shawn Spencer , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton и @grande-juve - сите по еден филм, со средна оценка за сите филмови 6,08

Azerbaijan.jpg
АЗЕРБЕЈЏАН 01.04-07.04.2022

По лесниот почеток со Норвешка, random.org сакаше како втора дестинација да ни го даде Азербејџан. Тоа е држава од која до сега не сум гледал филм, па ова ќе биде еден нов предизвик за повеќето од нас, верувам. Азербејџан е исто така држава која не може да се пофали со богата филмска продукција (дури многу посиромашни се и од нас во правењето филмови, дури и во просек на секои 3-4 години пријавуваат филм за Оскар, не секоја година), иако интересно е тоа што имаат богата филмска традиција која датира од многу порано дури и од Норвешка. Почетоците на азербејџанскиот филм се од крајот на 19 век, тоа е една од првите држави во светот која имала своја кинематографија. Првиот азербејџански филм е краток филм од 30 секунди со наслов „Bibiheybətdə neft fontanı yanğını“ („Пожарот на ископината за нафта во Бибихејбат“), снимен со Кинематографот на браќата Лумиер, во 1898, само 3 години по патентирањето на направата. Снимател бил француски претприемач кој се викал Александре Мишон, фотограф и камерман по професија кој дошол во Баку, отворил фото студио и живеел таму околу 25 години. Од 1879 до 1905 тој фотографирал сцени од природата, епизоди на ископување нафта, рафинирање на истата, како и разни пожари кои се случувале по ископините. Во 1898 почнал со снимање сцени од секојдневниот живот во Баку кои планирал да ги презентира на изложба во Париз. Неговите снимки се уште постојат во Сојузот на кинематографи на Азербејџан. Првиот филм, „Bibiheybətdə neft fontanı yanğını“ („Пожарот на ископината за нафта во Бибихејбат“) бил прикажан во Париз во 1995 на комеморација по повод сто годишнината од светското филмско наследство.

Во 1915 година браќата Пирон ја основале првата филмска продукција во Баку. Тие го поканиле рускиот режисер Борис Светлов со кој снимиле неколку филмови меѓу кои најпознатиот „Neft və milyonlar səltənətində“ („Во кралството на нафтата и милионите“) – уметнички филм од 1916 кој се смета за првиот долгометражен азербејџански филм.

По влегувањето во Советскиот Сојуз во 1920 година, Нариман Нариманов, претседател на Револуционерниот комитет на Азербејџан го национализирал азејбејџанското кино. Создал и прва фабрика за филмови – нешто што подоцна станува некогашното филмско студио Azerbaijanfilm. Во годините кои следеле, за време на Советскиот Сојуз, бројни филмови се снимени, повеќето од руски режисери. Тоа е времето на вистински процут на азејбејџанскиот филм, тоа е времето од кое веројатно сите ние ќе бараме што да гледаме.

Во 1991, откако Азербејџан прогласува независност од СССР, одржан е првиот интернационален филмски фестивал „Исток-Запад“. Но се чини како киното и воопшто снимањето филмови да назадува. Азербејџан нема свој филмски фонд (како нас, на пример), па така по осамостојувањето, филмските работници / режисерите се принудени сами да се снаоѓаат за финансии за своите филмови. Затоа и бројот на филмови е драстично помал дури и во споредба со нас.

Во 1995 (истата година кога беше номиниран нашиот „Пред дождот“), филмот „Утомлённые солнцем“ („Изгорени од сонцето“) на рускиот режисер Никита Михалков и азербејџанскиот сценарист Рустам Ибрагимбеков го освојува Оскарот за најдобар странски филм. Овој „успех“, Азербејџанците го сметаат за свој најголем успех во историјата на нивното кино (иако реално не е ни нивни успех, зашто филмот ја претставуваше Русија, а не Азербејџан). Нормално, Азербејџан никогаш немале филм номиниран за Оскар во ниту една категорија, и нормално, никогаш не освоиле Оскар за ништо.

Предлог листи за гледање:

Həzz alın
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Иако сум била тагната на почеток од овој предизвик, не ми се појави нотификација, сега случајно го видов ова. Ќе се вклучам од сега, а Норвешка ќе ја гледам во друга прилика. :)
Автоматски споено мислење:

Апел, ако најдете некој од филмовите на Нетфликс, пишете кој филм го има.
Најлесно ми е таму да ги гледам, знам дека има превод на англиски, и се разбарав сега да изгледам некој азербејџански, ама не најдов, за сега. :)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Апел, ако најдете некој од филмовите на Нетфликс, пишете кој филм го има.
Нема ни еден азербејџански филм на Netflix. Сега се обидував да најдам и некои од другите подобро оценети - оние од СССР периодот ги нема никаде, дури ни на rutracker. Таму има десетина азербејџански филмови, можете да гледате некој од нив. Нешто има на youtube, ама проблем е што таму на повеќето нема превод, па ќе треба да гледаме ко теле во шарена врата. Азербејџан ќе биде баш ПРЕДИЗВИК. Не само да се изгледа, туку и да се најде филм. Со лесно на сите. Јас најдов 4 кои ми фатија око и веќе се симнуваат, плус уште 6-7 кои ги чувам како back up.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Јас малку доцнам, таман да му ја расипам статистиката на Злате, да мора пак да пресметува :)

Го гледав „Девет животи“, филм за неверојатното преживување на еден норвешки војник во снежните планини, според вистински настан.
Филмот почна многу конфузно, некои чудни кадрирања и монтажа, не се знаеше кој од каде оди, каде бега, зошто бега...
Не објаснија ниту зошто беше толку важен војников што цел вод германци еден месец го бараа, не можам да кажам под дрво и камен, затоа што имаше само снег, снежни олуји и такви стрмнини што ни дивокози не одеа по нив.

Премногу време посветија на одењето по снегот, те нагоре, те надолу, а многу малку на самиот војник, неговата издржливост и психичката состоја со која успеа сето тоа да го преброди. Се изнагледав снежни пејсажи, навистина прекрасни иако во црно бело и во не баш сочувана копија на филмот, но сето повеќе наликуваше на некоја научно-популарна емисија, отколку на игран филм. Секој момент очекував да прозбори нараторот и да ни каже некои информации за планините и животните што таму егзистираат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па овие филмови ни самите азербејџанци ги немаат гледано, по 2-300 души ги рејтингувале филмовите на имдб, ама на торенти не постојат.
Нека ми каже некој азербејџански филм достапен на торент да го симнам. Неам намера сите филмови да ги пишувам на сите торент сајтови што ги знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom