Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ауууу Whiplash филмиште!!! Каква среќа што баш денес ми излезе прилика да ја згреам мојата соба, и воедно филмот го гледав на јако озвучење :D
Перверзија е филмов, каква тензија, возење, глумата на J.K Симонс е :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Кој торент го симна?
 
Lucy

Прв филм на Скарлет од ваков жанр и мислам дека се покажа солидно...Визуелни ефекти добри, музика исто така, НО, ...премногу ефтина научна-фантастика за мој вкус, уште во комбинација со каубојски акциони сцени...Хммм, Луси е дефинитивно филм што јас нема да го гледам два пати...Ниту пак ќе трошам овде време да мозгам многу..
Почетокот вети многу, створи баш добра тензија, па уште кога ги видов клеточните делби, универзитетското предавање и некои сцени што ме потсетија на филм на Аронофски - си реков ова ќе биде филмиште - но расплетот се случи одеднаш и како се доближуваше до крајот беше све посрање и посрање...
Како молекуларен биолог, баш бев "фрапирана" од фактот дека еден ден ќе се синтетизира материја која ќе овозможи 100% искористување на мозочниот капацитет, АЛИ ПРИ ТОА индивидуата ќе биде моќна да се движи низ просторот и времето, дури ќе се врати и милијарди години уназад и ќе го погледне во очи човековиот предок..Абе магионичар - што ќе придвижува и жива и нежива материја...!

Жалосно што режисерот ваква оригинална идеја за филм што можеше да резултира со некое јако Оскаровско филмиште, ја претвори во ефтина научна-фантастика која оди во екстрем...Катастрофа...
 
Немам видено вака исти мислења за Whiplash како за некој друг филм. Сите се воодушевени. Овој кај нас има шанси да го даваат во кино во блиска иднина или да си симињам рип?
 
Месецов во Синеплекс.
 
Добар си Рики :) Rebel without a cause. И покрај сите твои способности, не си сфатил дека еден филм не мора да се разбере за да се сака.
Е арно за првиот цитат. Али ете, ја не мислам дека можеш да сакаш нешто што не можеш да го разбереш. „И ја не го разбирам али јако е брат“ ти е муабет во основно што се праи кога од дома ќе ти кажат нешто за политика и ти истото им го кажуваш на другарчињата, нит сфаќаш нит знаеш што збориш. Епа исто и ова. Барем тоа важи за 99% од луѓето што го сакаат филмов, секако дека секад си има исклучоци.
 
Уметноста е за доживување. Политиката, историјата, математиката, тие треба да ги разбереш за да ги познаваш. Уметноста не бара логика, не е ограничена од простор и од време, туку постои за да мрдне нешто во нас. Јас не знам што сака да каже на пример... Линч со Inland Empire, ама убаво ми е кога го гледам филмот, си го доживувам на свој начин, буди нешто во мене (колку и да изгледа клише).
Исто така не знам ништо посебно од наука, од астрономија особено, имав еден атлас како помал и него го имам прочитано, па после изгледав две епизоди од Cosmos, па почнав да ја гледам Lost. И неа не ја разбравме, како што велиш ти 99 посто не ја разбравме серијата, ама убаво ни беше. Кога излегов од кино после Интерстелар не се осеќав исто како и кога влегов. Не знам како поедноставно да ти објаснам.

Има еден филм со Џим Кери кога жена му оди со џуџе црнец и после тој ги расти синовите црнци. Ова го разбираш? Логично ти е?
 
Јас ја разбрав Lost. Омилена серија ми е. Со другото што го кажа само ми го потврди тоа што го зборев, дека секој човек се пали на вакви филмови пошто длабоко во себе сака да ги преиспитува работите, да ги толкува и нештата што не ги ни разбира. Никаде во моето мислење не кажав дека е лоша работа ако го сакаш Интерстелар, како што ти алудираш.
 
Еј глумење лудило имало во темава. Кул.

Night at the museum 3: Пред да го гледам филмов имав мали очекувања пошто како помал првите 2 филма памтамт дека не ми беа нешто wow филмовите..
3тиов дел мене ми беше забавен. Сепак филмов нели е за помладата публика ама се на се забавен фамилијарен филм (y)

На крај краева филм што ги има најдобрите комични актери (Куган,Гервејс,Стилер,Вилсон,Вилијамс.....па и мајмунон) заедно во филм во кој што најкежуал си прават муабет Теди Рузвелт,Ланселот и Атила Хунот е сосема ок работа во моите очи.
 
Јас ја разбрав Lost. Омилена серија ми е. Со другото што го кажа само ми го потврди тоа што го зборев, дека секој човек се пали на вакви филмови пошто длабоко во себе сака да ги преиспитува работите, да ги толкува и нештата што не ги ни разбира. Никаде во моето мислење не кажав дека е лоша работа ако го сакаш Интерстелар, како што ти алудираш.
Ја разбра Лост, и teneke ја разбира. Сега се повторуваш, па ќе морам и јас уште еднаш да ти кажам - кажуваш дека лоша работа е да се правиш паметен дека разбираш нешто колку да си во мода (што го правеле 99 посто од луѓето а на форумов бајаги го испоштовавме Интерстелар), па после викаш не е лоша работа ако го сакаш Интерстелар. Јас ти велам дека не мора да се разбере за да се сака филмот. Ти многу дрско влезе со егобустот во темата непопуларни мислења. Патем, мислење кое не беше за филмот туку за неговата фан база.
 
TMNT... My childhood is ruined :'(
Е сега и ти претеруваш, или потпаѓаш под влијание на луѓе што се прават паметни.

Филм за желки што се тинејџери и се тепаат тренирани од стаорец....мене ми беше ептен забавен филмот и покрај тоа што луѓето во филмот беа тапа..се надевам ќе научат од грешките за вториот дел и ќе направат добар втор дел.[DOUBLEPOST=1420938477][/DOUBLEPOST]
Ја разбра Лост, и teneke ја разбира. Сега се повторуваш, па ќе морам и јас уште еднаш да ти кажам - кажуваш дека лоша работа е да се правиш паметен дека разбираш нешто колку да си во мода (што го правеле 99 посто од луѓето а на форумов бајаги го испоштовавме Интерстелар), па после викаш не е лоша работа ако го сакаш Интерстелар. Јас ти велам дека не мора да се разбере за да се сака филмот. Ти многу дрско влезе со егобустот во темата непопуларни мислења. Патем, мислење кое не беше за филмот туку за неговата фан база.
Ама сфаќаш колку дебилно звучи "Појма немам што се случи ама ми се допадна" ?[DOUBLEPOST=1420938537][/DOUBLEPOST]
Има еден филм со Џим Кери кога жена му оди со џуџе црнец и после тој ги расти синовите црнци. Ова го разбираш? Логично ти е?
Кој филм е ова ?
 
Ја разбра Лост, и teneke ја разбира. Сега се повторуваш, па ќе морам и јас уште еднаш да ти кажам - кажуваш дека лоша работа е да се правиш паметен дека разбираш нешто колку да си во мода (што го правеле 99 посто од луѓето а на форумов бајаги го испоштовавме Интерстелар), па после викаш не е лоша работа ако го сакаш Интерстелар. Јас ти велам дека не мора да се разбере за да се сака филмот. Ти многу дрско влезе со егобустот во темата непопуларни мислења. Патем, мислење кое не беше за филмот туку за неговата фан база.
Прво темата е непопуларни филмски мислења, а во избришаните мислења пишав дека можам да објаснувам зашто е тапа филмот, али тогаш би навлегол у спојлери, па ете дел од мислењето го пишав во темава. А дел од непопуларните филмски мислења се и мислењата за се што произлегува од филмската индустрија, нели? Зарем тоа не го формира токму она за што е наменета темата? И друго, никаде не реков дека е лоша работа да се правиш паметен за такво нешто. Ако се правиш паметен, не значи дека не си паметен, ако тоа толку те допре ете.

Едит: Пази еј, па дури и сум пишал:
Што не мора да е bad thing
 
Ама сфаќаш колку дебилно звучи "Појма немам што се случи ама ми се допадна" ?
Да го надминеше и ти Плух синдромот наместо да црташ мемиња, можеби ќе сфатеше што сакам да кажам. Вака не знам како да ти објаснам и тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom