Безвезе ми е воведот, сите садат пченка пошто природата го сјебала човештвото, па сега НАСА постои у шупа и со единствениот план за спас на луѓето раководи Мајкл Кејн кој цело време уствари манипулира со луѓето. Надвор од секоја логика за такво сценарио, веруј ми, човештвото има планови за секакви сценарија. Башка воведот не е убаво прикажан, односно можам комотно да речам дека не ни има вовед. Приказната можам и јас да ја осмислам, можеше и цел мој клас у петто одделение, setting у приказна за мали деца. Нерационални потези од типот коа оној со брадата што стоеше кај водата и гледаше и го собра водата, збудалувањето на Мет Дејмон, многу дебилно и безвезе прикажани у фазон „да се дешава нешто“. Крајот, односно почнувајќи од тоа кога стигна до новата димензија главниот лик (чие глумење ми предизвикуваше по два-три нерва да ми пукаат со секој збор кој го изустуваше и името нејќам да му го знам за да не се обесхрабрам од гледање на други филмови со него), беше неверојатно тупење. Ама она, толку беше измешано што стана досадно. Како кога гледаш небитна утакмица фудбал, резултатот е 0-0 и главата ти е потрпена на раката, се прашуваш што правиш со животот, дека многу поубаво би ти било да излезеш надвор и да лежиш на трева. Се одолговлече све, се издолжи и битното и небитното и филмот почна да го губи вниманието на гледачите. Возбуда нула, и на крајот остануваш со едно "meh" мислење, гледајќи ја картата од Синеплекс и барем дел од тебе е среќен што си отишол да го гледаш у вторник кога се најефтини, а да си отишол у ударен термин ќе си извршел Харикири.