Ви работи ад блокерот на Летербокс?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ДаВи работи ад блокерот на Летербокс?
Може да се најде листа со датум на излагање на сите 70 филма што ги најави Нетфликс за 2021 година?
Пак да гледаш Synonyms место Sound of Metal.Вчера гледав филм по подолг пост и не ми се гледаше нешто депресивно/тажно, а прочитав таков е Sound of Metal, па го пуштив Synonyms, победникот на Берлинале во 2019 г.
Подолго време ми беше на листата и очекував добар филм по големи фалби, ама изгледа џабе фалбите.
Би продолжил со спојлери, па кој не го гледал, а има во план, стоп.
Филмов почнува со сцена во која главниов лик израелски мигрант во Франција оди во некоја зграда, влегува во голем простор што личи на напуштен стан, преспива таму на подот во вреќа за спиење, утрото ја соблекува вреќата за спиење, се капе во бањата и кога се враќа во собата му ја нема ни вреќата ни алиштата.
Очекувано ќе речеш, нели мигрант ликов, за покасно да дознаеш дека ликов бил 7 месеци во Франција и веќе има станче во кое живее. За кој кур тогаш почетната сцена и што кур бара во зградата, останува мистерија.
Друго, ликов цело време раскажува некои приказни кои не знаеш дали се вистински или ги измислува.
Трето, седум месеци бил во Франција и секојдневно јадел по двеста грама шпагети со патлиџан и две лажици павлака по цена од евро и дваесет.
Кого ебат не знам. Само 200 грама храна да внесуваш 7 месеци и тоа истата храна, гарант ќе го наруши здравјето, а не ко ликов во топ форма.
Четврто, збори скоро перфектно француски, а нема никакви пријатели?? Научил француски од продавачите на шпагети?
Од технички аспект исто не ме бендиса што 95 посто од филмот е сниман со камера во место или стедикем, оди ваму, таму ликот, камерата е мирна, и одеднаш им текнува кога главниов лик оди и камерманот оди и цела камера мрда, ликов оди во диско и камерманов почна да скока, ми идеше да го изгасам.
Доста нереален филм. Му дадов 3ка чисто зашто бев добро расположен, иначе и 2ка ќе му беше доволна.
Очекував интересен филм, ама...Пак да гледаш Synonyms место Sound of Metal.![]()