Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
:icon_mrgr:

За мене The Elephant Man и The Straight Story се филмови кои ми даваат верба во човештвото.

Останува да изнауживаме во овие неколку филмови што ги направи Линч затоа што тешко изгледа дека во блиска иднина ќе прави нов (ако воопшто прави).
 
Пер не ме тегни сеа и страигхт стори го глеав :icon_mrgr:

Се спрема за мега рецензија ја цепка 1 по 1 на крај не му останува ниту еден филм за коментирање



nxuhyt.jpg



Шо се деси доека го праев мемево :pos:

nx8h12.jpg
 
Знае некој што филмови ќе даваат во Милениум за роденденот на МКЦ?
 
Интерстелар е булшит (no spoilers will be told). Единствената, ама единствената и ниедна друга причина зашто толку луѓе го праат бог знае што, е пошто луѓето по default сакаат да се прават паметни. Повеќето убеден сум дека не го разбираат, али пошто е мистерија+sci-fi+квантни физики и сл. срања, автоматски во нивните очи филмот е откритие на векот. Не е дека намерно кажуваат дека им се свиѓа за да испаднат паметни, вистината е покомплциирана. Кажуваат дека е јак филмот, бидејќи и самите веруваат во лагите што си ги кажуват, без да бидат свесни од што потекнува нивната квази напаленост по филмот. И нормално, секој сака да дискутира, да објаснува, да дојде дома да ги мозга заплетките во филмот, да дискутира со други истомисленици, пошто така си го храни егото и самобендисаноста. Што не мора да е bad thing, али it's the truth која тешко ќе ја прифатат пошто ко што реков, и самите не се свесни за тоа зошто им се свиѓа филмот.

Рики, значи тебе ти е филмот булшит затоа што публиката по дифолт го дига у врвови поради комплексната тематика? Филмот ти е булшит поради мајндсетот на гледачите? :rolleyes:
 
Рики, значи тебе ти е филмот булшит затоа што публиката по дифолт го дига у врвови поради комплексната тематика? Филмот ти е булшит поради мајндсетот на гледачите? :rolleyes:
Не, не, филмот ми е булшит по default. Никаква приказна, глуп вовед, катастрофа крај, предвидливи пресврти. Ова е само непопуларно мислење.
 
Не, не, филмот ми е булшит по default. Никаква приказна, глуп вовед, катастрофа крај, предвидливи пресврти. Ова е само непопуларно мислење.
Дека највеќе потенцираше на односите на гледачите кон филмот, мислев таму ти е забелешката, шо е нешто несоодветно, и не се совпаѓа коа градиш критика за филм, анахроно е.
Другово, твое си е, леџитимно. :)))
 
Не го дискутирајте Интерстелар овде бар уште два месеци, @Psyside го нема гледано :)
 
Следат спојлери за Интерстелар, stop here.

Безвезе ми е воведот, сите садат пченка пошто природата го сјебала човештвото, па сега НАСА постои у шупа и со единствениот план за спас на луѓето раководи Мајкл Кејн кој цело време уствари манипулира со луѓето. Надвор од секоја логика за такво сценарио, веруј ми, човештвото има планови за секакви сценарија. Башка воведот не е убаво прикажан, односно можам комотно да речам дека не ни има вовед. Приказната можам и јас да ја осмислам, можеше и цел мој клас у петто одделение, setting у приказна за мали деца. Нерационални потези од типот коа оној со брадата што стоеше кај водата и гледаше и го собра водата, збудалувањето на Мет Дејмон, многу дебилно и безвезе прикажани у фазон „да се дешава нешто“. Крајот, односно почнувајќи од тоа кога стигна до новата димензија главниот лик (чие глумење ми предизвикуваше по два-три нерва да ми пукаат со секој збор кој го изустуваше и името нејќам да му го знам за да не се обесхрабрам од гледање на други филмови со него), беше неверојатно тупење. Ама она, толку беше измешано што стана досадно. Како кога гледаш небитна утакмица фудбал, резултатот е 0-0 и главата ти е потрпена на раката, се прашуваш што правиш со животот, дека многу поубаво би ти било да излезеш надвор и да лежиш на трева. Се одолговлече све, се издолжи и битното и небитното и филмот почна да го губи вниманието на гледачите. Возбуда нула, и на крајот остануваш со едно "meh" мислење, гледајќи ја картата од Синеплекс и барем дел од тебе е среќен што си отишол да го гледаш у вторник кога се најефтини, а да си отишол у ударен термин ќе си извршел Харикири.
 
Не, не, филмот ми е булшит по default. Никаква приказна, глуп вовед, катастрофа крај, предвидливи пресврти. Ова е само непопуларно мислење.

run forrest run

И да погинеш, колку можеш ќе се спасиш
 
На позитивно, оваа година сфатив дека сум прилично интелигентна и остроумна личност со посебни и уникатни квалитети
Интерстелар е булшит (no spoilers will be told). Единствената, ама единствената и ниедна друга причина зашто толку луѓе го праат бог знае што, е пошто луѓето по default сакаат да се прават паметни.
Повеќето убеден сум дека не го разбираат
и самите не се свесни за тоа зошто им се свиѓа филмот.
Добар си Рики :) Rebel without a cause. И покрај сите твои способности, не си сфатил дека еден филм не мора да се разбере за да се сака.
 
И ти не си го разбрал. Рики е остроумен. Тој не го гледа филмот како целина. Не ја гледа љубовта како емоција. Гледа длабоко во него, до самата душа, од таму ја црпи вистината !!! :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom