По тоа што катастрофално ми започна со непријатна атмосфера, по тоа што со некои луѓе, меѓу кои и колеги, влегов во кавга, но ако не друго дознав дека сето тоа било лицемерие, корист и дволичност, па ако не друго, бар се ослободив од некои лажни пријатели, т.е. непријатели.
По тоа што во работата стекнав многу поголемо знаење и искуство, по тоа што низ работа запознав многу нови луѓе.
По тоа што напорно вежбав на фитнес и добив приближен ефект на тој што го сакам, и се гордеам со тоа што доста вложував во своето тело, за да го добијам посакуваниот изглед.
По тоа што отидов на одлично испланиран одмор, но ради ред проблеми морав порано да се вратам.
По тоа што речиси сите видеа на Солзи и смеа ги изгледав и се мочнав од смеење.
По летото кое наместо сонце ни даде дожд, по поплавената Србија и Босна, но фала му на Господ нас ништо не ни бидна.
По тоа што на форумов запознав нови пријатели, меѓу кои и
@Саншајн. , па низ километарски муабети стигнавме и до тоа да ја создадеме Пачавра
По тоа што за прв пат го пробав она вистинското Крушевско грне и тоа во Крушево, и притоа се маѓепсав од вкусот.
По тоа што дома се кречеше без никакви мајстори, а притоа деновите додека се кречеше, беа исполнети со пријатна атмосфера, а и не е така лошо искречено.
По прекрасно направената зимница, при која раце и кичма сокршив додека ги мелев пиперките и модрите патлиџани
По тоа што си се почастив со едно џипче
По одличната
музика која во секој момент течеше низ слушалките, па низ моите уши и ми даваше сила за да продолжам понатаму.
По сите оние неостварени планови кои ме поттикнуваат да се борам низ животот за да ги остварам.