Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
1, 2, 3 - Лоши, и тоа многу лоши филмови
4 - Под просек, малце се дели од првите 3 оцени
5 - Просек
6 - Над просек, има некои добри елементи но ништо посебно
7 - Добар филм, можело доста подобро ака „кружеље око стол :Д
8 - Солиден филм
9 - Уживанција, уживаш во секој момент од филмот, секоја сцена, секој дијалог, најблузи до ремек дело
10 - вистинско ремек дело, буди страсти и емоции, ги опфаќа сите елементи, има добро сценарио и одлична режија, глумата перфекција. За филм кој треба да се оцени со 10ка, треба се, ама се според мене да биде опфатено во тој филм. Овде спаѓаат филмовите како легендарната Одисеја на Кјубрик или Итс Вондерфул Лајф, или Господарот на прстените, во тие филмови е опфатено се како што треба.

Бобмастичниот критериум за оценување на Толстој :)
 
Ја престанав да ги оценувам филмовите со оцени. Подобро ми е да опишам што е добро, лошо и што фали во филмот.

Но, сепак филмовите од 1-4 се филмови што се толку лоши што ти прават фрустрации и те мачат на нервна база. Од 1-4 се оценува продукцијата колку се потрошила. Пошто се друго е срање.

Филм од 5 би требало да е филм шо тргнал добро али се спрепнал некаде на пола пат, и виси на конче да не падне во кец до четири.

Филм од 6 е филм шо е добар но му фали многу за да биде солиден. Исто овие филмови можеш да ги оставиш, да не паузираш, да одиш до вц да каснеш нешто и пак ништо да немаш испуштено.

Филм од 7 е солиден филм. Ко што кажав погоре го глеаш еднаш, не те заинтересирува толку да го предложиш или да го глеаш одново освен ако не го начекаш на тв.

Филм од 8 е филм кој го предложуваш на сите и го анализираш и го дискутираш но се разликува од филм 9 така што...

Филм од 9 го поминуваш наредниот временски период дали е недела или неколку дена го прегледуваш најмалку 3 пати, се соживуваш со ликовите, те расплакуваат, се грижиш за нив, сакаш да ги гушнеш кога им е најтешко и киснеш на интернет и ја објавуваш својата љубов и слепо го браниш од злобните хејтери.

Филм од 10 е истото како филм од 9 но со многу поинтензивно чувство. Ова е филм за кој си спремен да го купиш, и ги цениш луѓето врз база на тоа какво мислење имаат за овој филм. Филм од 10 практично е она што го изострува твојот вкус и го менува кон нешто во слична насока.
 
Последно уредено:
Според мене 7ца како оцена не требит да постојт, пошо се стават на филмој шо на пример :
1.Ти бил интересен ама сиве од форумов го хејтет па да не си хејтан(уствари мака ти е да се објаснуваш) му ставаш 7ца.
2.Филмот заслужвит 6ка или помала оцена ама сиве на форумов го фалет и прајш компромис со 7ца.
 
Убав филм е "Животот е Убав" но далеку од коментарите што ги имаше тука дека е најдобар на сите времиња и слично. Сум гледал многу филмови на оваа тема и јас не би го сместил ниту во 3те најдобри филмови поврзани со војната и евреите.

Да се надоврзам на темата за оценувањето, од мене 8ка
 
Убав филм е "Животот е Убав" но далеку од коментарите што ги имаше тука дека е најдобар на сите времиња и слично. Сум гледал многу филмови на оваа тема и јас не би го сместил ниту во 3те најдобри филмови поврзани со војната и евреите.

Да се надоврзам на темата за оценувањето, од мене 8ка
Претпоставував јас дека нема да ти се допадне многу затоа што повторно ја промашуваш поентата на филмот. Евреите не се многу биден детаљ тука. Најбитна е поврзаноста на таткото - синот и мајката која е оддалечена од нив. Суштината на филмот е како еден човек успева да го замаскира хоророт од војната во очите на едно дете правејќи магии.
Филмови како Black hawk down или на пример We were soldiers се филмови со и ЗА војна. Животот е убав е филм во кој дејствието е сместено во втората светска војна, но не е ЗА втората светска војна.
 
Претпоставував јас дека нема да ти се допадне многу затоа што повторно ја промашуваш поентата на филмот. Евреите не се многу биден детаљ тука. Најбитна е поврзаноста на таткото - синот и мајката која е оддалечена од нив. Суштината на филмот е како еден човек успева да го замаскира хоророт од војната во очите на едно дете правејќи магии.
Филмови како Black hawk down или на пример We were soldiers се филмови со и ЗА војна. Животот е убав е филм во кој дејствието е сместено во втората светска војна, но не е ЗА втората светска војна.
Нормално дека не го споредував со такви филмови, ако би го споредил со некој тоа би било Пијанист. Тој филм за мене е ремек дело.

Инаку јасно е што е приказната на Животот е Убав, а и филмот е стварно добар. Јас само реков дека не се сложувам со коментарите од типот најдобар филм на сите времиња бидејќи имаше и такви
 
Абе што се објаснувате со оценките. Субјективно е - а јас едноставно не можам да дадам иста оценка на Interstellar и X Men во никој случај!
 
Нормално дека не го споредував со такви филмови, ако би го споредил со некој тоа би било Пијанист. Тој филм за мене е ремек дело.

Инаку јасно е што е приказната на Животот е Убав, а и филмот е стварно добар. Јас само реков дека не се сложувам со коментарите од типот најдобар филм на сите времиња бидејќи имаше и такви
Имаше, јас бев.
И никаде не реков дека најдобар на сите времиња, не ми е на крај памет пред LoTR или пред Godfather да биде на реалните листи, ама за мене лично е најдобар. Пред 10 години сигурно беше кога го гледав првпат, ми остави страшен впечаток, а не знаев ништо тогаш.
Кога и да го гледам од ново, истиот импакт (фактор) го има на мене, филмиште е и за мене субјективно е најдобар на сите времиња.
 
"Животот е убав" е апсолутно преубав филм.
Преполн со емоции. Филмот е доста комичен, таткото е толку откачен, шармантен и несекојдневен лик, а од друга страна, ебано тажен филм.
Не ни се мачам да мислам која оценка да му ја дадам на филм кој истовремено те тера да се смееш и да плачеш.
 
inkblot6.gif


its a must (гледај го ултимејт кат-от)
Чиј ултимејт кат? BTW, да бидам искрен, и сликава со Роршаховиот тест не ја сфатив баш во контекстот. :P
 
Дека гледам не е спомнато овде се уште, се решив јас да споделам:



3336305-353f5340.jpg


Scarlett Johansson е официјално потпишана да ја глуми Motoko Kusanagi, главниот протагонист во live action филмската верзија на култниот манга и аниме серијал Ghost in the Shell пренесуваат Nerdist и Variety. За тие кои не се запознаени со приказната, се работи за општество во релативно блиска иднина каде голем дел од популацијата има и/или е зависна од кибернетски импланти и додатоци во помал или поголем процент, каде вештачките интелигенции постојат и шетаат меѓу луѓето како андроиди, или човечка свест целосно префрлена во роботизирано тело. Виртуелниот свет и интернетот прераснале во суштинска потреба во текот на еден ден кај доста луѓе, и каде сајбер-тероризмот достигнува крајно опасни размери и реперкусии, далеку поопасни од било која форма на тероризам денес.

ghost-in-the-shell-0.jpg


Kusanagi е лидер на специјална единица за Јавна Безбедност наречена Section 9, која се бори против растечката закана на сајбер-тероризмот. Приказната ги истражува филозофските и моралните импликации од растечката зависност на виртуелниот простор и технологијата и како тие би го обоиле тогашното/денешното општество во некоја блиска иднина, и кои биле инспирација назад во 1995та за создавање на аниме-то, но важат за уште позначајни денес, 20 години подоцна, ако се осврнеме какво е општеството денес и во која насока иде. Еден вид уметничка и филозофска критика на растечката популарност и резултирачка романтизација на трансхуманизмот и технологизацијата на секојдневниот живот. Како фан, можам само да кажам дека филмов ќе биде love it all или hate it all, дури и меѓу тие кои не се фанови и немаат претходно искуство со приказнава и светот во кој се раскажува.

ib26ALA9FmAhTf.jpg


Прв црвен аларм ми е што филмов го создаваат луѓе од Холивуд, а не соодветен еквивалент од Јапонија, Холивуд има лоша репутација да усерува азиска интелектуална стока (дали преку правење римејци, или свои верзии на на некој материјал, или некакви си адаптации кои се за нигде. Верувам многу малку луѓе тука знаат дека оргиналната приказна за Resident Evil е од јапонско потекло). Стивен Спилберг наводно е заинтересиран веќе поодамна за ваква адаптација што до некаде може да се смета за сигурно, но во последно време не ми се допаѓаат многу работи што биле средени од негива страна (барем не толку колку други). Друг црвен аларм, карактерот дава увид дека е од Јапонија и дека е со азиска позадина, а ќе ја глуми европјанка. До толку не можеа да најдат актерка со азиско потекло, од цел Холивуд? Ја сакам Скарлет, ама не баш сегде и на секој начин. Тука некако ми штрчи. Се надевам дека барем убаво ќе одглуми и ќе го долови карактерот, кога веќе официјално влегла како главен лик во филмов. Последниот црвен аларм е општо за филмов, после The Machine, Transcendence, Automata и ред други флмови со слична тематика Холивуд е решен изгледа да ја цеди кравата наречена cyberpunk до последната капка млеко. Обично кога ова се случува со трендовите најчесто ја усеруваат работата.

Можеби е ова одраз на inner fanboy disservice впечаток и ништо повеќе. Можеби и ќе биде супер, што знам. Anyone else, thoughts?




--------------------------------------





За тие што немаат поим за ни за мангата, ни аниме серијалот и долгометражните едиции, прво еден минутен молк...











... А сега малку со visual tease, и препорака да ги изгледате во што поскоро време доколку немате серија за гледање + празен простор од 2-3 филма:

Ghost_in_the_Shell-379748254-large.jpg


531753a5cbb5242c738b671a3272839a.jpg


ghost-in-the-shell-innocence-o.gif
giphy.gif
ghost-in-the-shell-cyberbrain1.jpg
ghost-in-the-shell-o.gif
giphy.gif
akmzw6uskrj5rsanvanq-30-artists-use-ghost-in-the-shell-for-passion-project.jpeg

innocence-ghost-in-the-shell-148209.jpg
ghost-in-the-shell-0.jpg

322738.jpg
25931_ghost_in_the_shell.jpg
 
Последно уредено:
А бе, @Io Sono Interista - што не кажа дека I Origins е на Мајк Кејхил, режисерот на Another Earth? Сега не ме ни чуди зошто @wot го хејта. Морам да признаам дека и вториот негов долгометражен филм ме воодушеви речиси исто како и првиот. Дечково дефинитивно има потенцијал да прерасне во режисериште! Најдоброто што до сега го изгледав во 2015 ( :P ) . 9/10 од мене!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom