Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Се будам и гледам 2 страни напишани за Финчер во рок од 4 сати.
А баш сакав да присуствувам во дискусијата. :(
За да кажам дека тој Финчер што го направил Фајт Клаб, Д Гејм и Севен, и овој Финчер сега, не се познаваат...
 
...легендарен говор на Мики Рурк, кога доби БАФТА за Врестлер на Аронофски. Секогаш искрен. Спомнав дека ми е омилен актер? :cool:
 
Според мене, Финчер има константност во кариерата и не сметам дека Зодијак и Бенџамин Батон му се утка, баш напротив, уживав кога ги гледав, а особено ме бендиса нарацијата и во двата филма,што е јака страна на Финчер, типот умее да раскаже филм. Е сега, не се Севен , Фајт Клуб и Играта, филмови со пресврт на крајот кој придонесува за дополнителна возбуда кај гледачот, следствено на тоа и директно повисока оценка, но како драми функционираат и се доволно ефектни (барем кај мене), па не гледам причина зошто да не ги ставам на рамниште со горе споменативе.
За разлика од нив, Социјалната мрежа ми беше просечен филм. :)
 
Игор4ете и Га4е пишуваат за Финчер, а не го спомнуваат Филмот. Е, сеа не сум сигурен дали се хардкор и ги почитуваат првите две правила или се само лејм
 
Игор4ете и Га4е пишуваат за Финчер, а не го спомнуваат Филмот. Е, сеа не сум сигурен дали се хардкор и ги почитуваат првите две правила или се само лејм
Што да пишам кога ти си ме претекнал и се убаво си напишал во врска со Филмот

http://blogical.info/fight-club-1999-87/
 
Се мислев дали таа рецензија да ставам тука или да пишувам нова на Македонски...Не сакам многу рецензии да читам ни да пишувам, но за Филмот вреди да се напише
 
The Red Shoes
MV5BMzMzNDY4MzE1Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwNTQzMzU0Mw@@._V1._SY317_CR4,0,214,317_.jpg


Заради ваквите филмови гледам(е) филмови, кога филмот ќе прејде во уметност. Каква само улога изигра прекрасната Moira Shearer како балерина (била професионална балерина, а не глумица) која е растргната помеѓу човекот во кого е вљубена и нејзиниот сон, да стане врвна балерина. Ми се свиѓаше Црниот Лебед ама... без дилема, црвена си е црвена, а да, и кога го играа The Red Shoes балетот, а бе мелем за очи, 9.3/10

Апсолутно се слагам, секвенцата со балетот е нешто неверојатно, како само успеале да ја снимат алал да им е,бидејќи не може а да не се потенцира дека филмов е снимен во 1948, а сеуште свеж и денеска. Имам читано дека е меѓу највлијателните филмови во денешно време, а Скорсезе го вбројува во неговите омилени, токму поради работата со камерата во филмов.
 
Го гледав Cell 211, браво! Шпанциве уште еднаш докажаа дека филмската уметност кај нив завзема значајно место од нивната култура.

Од мене има една цврста 7-ца, фала Iosono за препораката. Исто така фала ти и за Warrior, можеби најдобриот филм во историјата на тематика боречки вештини, за мене овој филм е подобар од The Fighter, единствена замерка ми беше крајот, малце претераа ама им се простува, пред се заради феноменалниот Ник Нолт, каков грабеж беше тоа на оскарите дури сега разбрав....
 
Го гледав Cell 211, браво! Шпанциве уште еднаш докажаа дека филмската уметност кај нив завзема значајно место од нивната култура.

Од мене има една цврста 7-ца, фала Iosono за препораката. Исто така фала ти и за Warrior, можеби најдобриот филм во историјата на тематика боречки вештини, за мене овој филм е подобар од The Fighter, единсвена замерка ми беше крајот, малце претераа ама им се простува, пред се заради феноменалниот Ник Нолт, каков грабеж беше тоа на оскарите дури сега разбрав....

Исто и ја пред некој ден го глеав Cell 211 и планирав да пишам рецензија, ама некако слабо стојам со слободно време. Одличен филм, не знам само што чекав толку време да го гледам, симнат ми беше уште од летото.

Исто и за Вориор, лично јас се изненадив како може филм со тепање да се доживее толку емотивно. :)
 
Што ми го толку многу фалат Парада? Го гледаше некој? Гледам на IMDb има висока оцена, а и некаква награда добил на Берлинскиот фестивал. Не знам само до кога се прикажува во Рамстор.
 
Што ми го толку многу фалат Парада? Го гледаше некој? Гледам на IMDb има висока оцена, а и некаква награда добил на Берлинскиот фестивал. Не знам само до кога се прикажува во Рамстор.

Го немам гледано, ама како нема да ти го фалат. Која е последна комедија од Холивуд? Умира жанрот.
Еве последно гледано ми е Carnage (2011) и не велам не беше добар, покрај Jodie Foster, Kate Winslet, Christoph Waltz и John C. Reilly оди автоматски филмов над просек (5), барем од аспект на глума. Ама не беше нешто фантастично смеење, туку неколку wtf моменти. И тоа го класифицира во тие филмови, да убиеш попладне..

Zaboraviv da napomenam i deka e od Polanski.
 
Што ми го толку многу фалат Парада? Го гледаше некој? Гледам на IMDb има висока оцена, а и некаква награда добил на Берлинскиот фестивал. Не знам само до кога се прикажува во Рамстор.

Супер (балкански) хумор, глупа приказна. Според мене. :)
 
Стварно, кога ке размислам поубаво немам видено комедија добра последниве неколку години. Последен филм што го гледав а класифициран како комедија е Your Highness, а не беше смешен освен исто некои wtf моменти. Ама што знам, можеби е смешен на стонери. А исто како и Pineapple Express е предолг
 
Од приказната знам само дека се работи за геј-парадата. А комедии навистина нема во последно време. Затоа започнав да гледам репризи на оние кои ме насмеале на времето. Наредна комедија на список ми е повторно Tucker and Dale.
Добро филмче, хумор оној препознатлив српски, кој ни е само на нас Балканците смешен. Иначе е доста пропаганден за прифаќање малце повеќе на геј популацијата. И успешна пропаганда, многу луѓе го сменија мислењето после гледање на филмов. Гледај го, нема да зажалиш :)
 
Дајте бе некоја препорака за еротски филм :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom