Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте бе некоја препорака за еротски филм :icon_mrgr:

Еве нешто последно вакво што гледав.
Знам дека имаше тема, ама не можам да ја најдам, затоа овде од мене препорака за еротски филм: Q. Ме мрзи рецензија да пишувам, а и не сакам да испуштам нешто од говорот на Миланка, затоа на кратко. Се работи за филм во кој една девојка, Сесил, се обидува да ја преброди смртта на својот татко. И тоа, преку секс. Филмот е баајќи експлицитен, можеби некаде би го класифицирале во жанрот порно, ама ете за французите ова е еротика.
Финтата со филмот не е само експлицитност for the sake of it, туку и разработува интересни теми. Од тоа како еден човек се справува со тешки ситуациии во животот, па до тоа како младите живеат во средина со голема невработеност.
Ако некој сака да го најде на нет, ќе го најде под името Desire. Тоа.
 
The girl with the dragon tattoo 2011 , вреди да се гледа?
Според imdb.com оценкава котира високо..?
 
The girl with the dragon tattoo 2011 , вреди да се гледа?
Според imdb.com оценкава котира високо..?

Па.. вреди. Ретко нови трилери што заинтригираат. Мене ми се допадна. 8-ка.
Гледам кога бараше "еротски", си го гледал Friends with Benefits.. последен ваков гледан ми е Young People Fucking, онака awkward хумор, океј е за опуштено гледање.
 
Можно споилерче за филм кој не е почнат и за филм кој не се знае кога ќе биде почнат со снимање.

Рамбо д' фифт. Евентуално снимање, ваљда после премиерата The Expendables 2. Или нешо така.
 
Убаво си напиша Edgar Wright денес на твитер.
Затоа се додека сте на подфорумов немате гајле :icon_lol:

A simple internet rule is this: don't get your news from film sites that either don't watch films or seem to hate them all equally.
 
Го изглеав конечно 50/50 ...топ филмче! (y)

Него, очекував дека е така, малце посмешен, а тоа излезе дека ќе треба да внимавам да не пуштам солзи. Само два коментара: срцка е! ...и подобра песна за крајот не можеле да изберат :)
 
Само двајца го пофаливме :D

Него, дај кажи што му фалеше во Паричната топка

Ова Миланка да не го измислила:D
Не мислев на луѓе на форумов што го пофалиле, туку на пишанава критика на сајтови што ја читам. Не ми е јасно од каде Хил стана актериште со една одиграна улога? Па искрено гледајќи го во филмот не ми остави некој впечаток, секој втор можеше да ја изведе улогата, бидејќи реално немаше никаква комплекност. Ништо посебно.
За актер сметам човек кој се докажал со повеќе улоги. Хил засега има само една значајна. Ако него го сметаат за сериозен актер од помладава холивудска фела, што да каже Џозеф Гордон Левит кој се изнаглуми во разно разни улоги и растури во повеќето филмови во кои одигра?
Хил ќе биде заборавен за многу скоро време. Ова е мој тип за него и неговава кариера. Евентуално ќе си глуми во "б" категорија комедии.
 
Абе сеа, не го направив јас актериште, ниту па ги знам другите негови улоги, али во улогата сосема добро се уклопи и одлично си ја сработи. Не беше комплексна, да. Иначе ретко приметувам кога некој ќе одлуми добро, не се замарам многу-многу за такви работи, али улогата на Џона ептен ми се допадна.
Е така :)
 
Ова за Бејл и ослабнувањето на секоја втора страна на форумов, и во секој втор муабет за филмови го има :)
 
Изгледа луѓето започнаа Џона да го сметаат за сериозен глумец откако ослабна. Не дека не беше добар во Паричната топка, ама ќе му треба уште многу за да излезе од American-Pie-актер шаблонот.
 
На Џејсон Бигс ни филм со Вуди Ален не му помогна. Си остана пај факерот. Додека со Хил нагло нешто се случи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom