Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест за Tony Scott. 10 дена можеби го одложував Unstoppable за гледање, ама сега сфатив дека нема причина за страв. Тука се гледа моќта на еден режисер, како навидум обичен акционен трилер, со помош на мала креативност, може да биде претворено во одлично ремек-дело.
Дури не беше ни битно што Дензел и Крис играат типични-за-нив-улоги, Scott успеа да го издигне филмов.

Браво, вреди да го погледате, кој го нема изгледано...
 
Симнат BDrip 15GB уште пред 1 недела, ќе му се ставам деновиве :)
 
:pos:

Него, јас не трепнав на филмот. Тензична атмосфера има ептен.
Секоја соработка на Скот и Дензел е хит.
 
Еј ја имам 10 ГБ месечен лимит. Beat That!:icon_cool
Ова може само еден другар кој е среќен што има неограничен, ама толку е бавен што и да сака не може да префрли 5gb download :pos:
 
Ова може само еден другар кој е среќен што има неограничен, ама толку е бавен што и да сака не може да префрли 5gb download :pos:
Пази сега една тотално македонска реплика: Бар и ја у нешто да сум прва :pos:
 
200GB имам така да можам да се опуштам со 10-на HD (1080p) филмови на месец :)

Псај се понатаму на тема колку ГБ месечен лимит имаме, ќе се смета како директна провокација кон двајца од модераторите што ќе повлече последици само по себе :pos:
 
Стварно не знам како може да ве интересира еден филм као Анстапабл. :) Ај едне од форумов што има добар укус ама сите :)
Како прво, приказната е топ! .....not
Као второ, клишерај, Спид само со воз
као трето, не го сфаќам Дензел В. не му ли се смачи од цело време едни те исти улоги, како актер не му ли е предизвик да одглуми нешто поразлично и да земе Оскар за тоа? Иде на сигурно и млати пари, затоа никад нема да го почитувам...

Не сум го гледал ама кажете ми нешто
удри возот на крај у градот? :pos:
 
као трето, не го сфаќам Дензел В. не му ли се смачи од цело време едни те исти улоги, како актер не му ли е предизвик да одглуми нешто поразлично и да земе Оскар за тоа? Иде на сигурно и млати пари, затоа никад нема да го почитувам.
Дензел е актер кој константно глуми едно те исто. А ова за Оскаров, па веќе има два освоено. Може затоа си иде на сигурно, што за мене не е воопшто добро. Веќе не ми е ни мерак да гледам нешто со човеков, особено не после оној безвезен филм со Траволта Taking of Pelham 123.
 
Мене ме разочара Pelham пошто го имав изгледано оригиналниот, а новиот имаше така лош крај кој побрзав да го заборавам од што беше лош и сега освен тоа не знам што да пишам :)
Енивеј, добар филм со Дензел кој ретко се спомнува на форумов: John Q (2002). Одлична улога на Дензел.
 
John Q и Man on Fire се едни од понетипичните негови улоги т.е по нашки не го спасува светот и пак си е добар филмот...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom