Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не заебавај има Бред Пит и добри улоги, маестрално глуми badass ко Тајлер Дрден у Фајт Клаб, има и други добри улоги како во Seven и Интервју со вампирот, тоа што глумел во покомерцијални филмови кои и не се многу глумачки захтевни не значи и дека е лош глумец. Не викам дека Ди Каприо е лош, само ќе кажам дека Ди Каприо е глумец кој можеби од сите холивудски актери ги има добиено најдобрите улоги со кои би се прославил секој просечен актер, само види му ја листата на филмови позади него. На крај краева, еден глумец го прават славен филмовите кои стојат позади него, а не добрата глума, типичен пример е да речеме Вил Смит за кој не знам дали и некој тука би се согласил дека е актер, и сите го памтат по филмови од типот на Индепенденс Деј, Ај робот, Хенкок или пак Ај ем леџенд, ама факт е дека човекот изглуми маестрално во Да прсјут оф хепинес а тој филм и ретко кој го спомнува денес.

Голема штета ќе кажам што филмовите ги прославуваат глумците а не е обратно , улогите да бидат тие што ќе останат во меморијата.

Ама сепак повеќето што им носат пари на компаниите се обичните луѓе што не се замараат многу кој како изглумил - него сакаат да видат некој блокбастер :/ .. преовладува мејнстримот сепак ... затоа еден другар кога ми вика Торк моторџискиот филм му бил најдобриот што го гледал .. ми се темни , и ќе препорачам некој филм таков со добра глума ... и утре дента коментар .. абе ептен досаден бил филмов или неколку ми имаат кажано дека фајт Клаб и 12 мајмуни им биле глупи а Ајронмен и Трансформери супер интересни ..

да се обеси чоек :/
 
Во овај е добар, абе и во овај. А во онај е одличен...

Дај остајте го, одличен глумец е Том Круз.

Кога сме кај него, по подолго време има нов филм, Knight and Day.
 
ДиКаприо може вода да му носи на Пит, а за Круз да не зборам.

Fight Club, 12 Monkeys (кој ѕвер), Мееt Joe Black, Snatch, The Curious case of Benjamin Button, етц етц.. ретко промашај во однос на глумата.

Подценет е ради убавината, а и Бејл е потценет, појма немам зашо. Еден од најомилените глумци ми е Бејл.
 
Да не претера со тоа може вода да му носи .... која утка според тебе ја има Ди Каприо па до толку да е под Пит па камоли Круз :/ ... и да се работи за вкусови , нема смисла толкаво воздигнување на Пит и Круз , еве прочитај дискусија последниве постови - добар заклучок ќе најдеш , посебно burn84 фино објасни.
 
Во овај е добар, абе и во овај. А во онај е одличен...

Дај остајте го, одличен глумец е Том Круз.

Кога сме кај него, по подолго време има нов филм, Knight and Day.

Не зезај сеа :) далеку од одличен е...Одличeн e: Џек Лемон, одличен е Кевин Спејси, одличен е Де Ниро, одличен е Џин Хекман, одличен е Џек Николсон. Том Круз е просечен актер со неколку добри улоги и убава фаца најмногу за: ( да се влажнат цури) и толку.
 
Ако се исклучат ветераните тогаш несомнено Џони Деп,Дензел Вашингтон и Бред Пит е водечката тројка... Леонардо и Расел ја заокружуваат петорката а потоа доаѓаат Бејл,Киану Ривс,Том Круз,Нортон...
 
Да не претера со тоа може вода да му носи .... која утка според тебе ја има Ди Каприо па до толку да е под Пит па камоли Круз :/ ... и да се работи за вкусови , нема смисла толкаво воздигнување на Пит и Круз , еве прочитај дискусија последниве постови - добар заклучок ќе најдеш , посебно burn84 фино објасни.

Не велам има утки Дикаприо, туку во глума кој колку е подобар. За разлика од Том Круз го почитувам и имам високо мислење за него, ама не до ниво да се споредува со Пит. А Круз, don't get me started.
 
Ok then ...

Мислиш Пит би бил подобар во улогите што ги глумел Ди Каприо или обратно, од тоа шо Ди Каприо го глумел тешко дека Пит така ќе се внесе во улогата или пак ДиКаприо да ја замени улогата во фајтклаб,12 мајмуни .. ,кога нешто е перфектно изглумено тешко да се стави еден глумец над друг освен ако не си пристрасен ... ти си голем фан на фајт клаб па затоа и мож те влече многу ова Пит да го гледаш подобар во глума али немож да се каже дека тие топ улоги му се подобри од тие што ги глумел ДиКаприо .. еве ѕирни и кај критичарите ќе видиш како стојат со глумата и оценките ..
 
Имаш поента, точно. Некои дела се толку перфектно одглумени, што никој друг не би сторил иста работа. Можеби статистиката го прави и Круз подобар, јас само давав лично мислење. ДиКаприо е ѕвер, побудува емоции, повеќе глуми во емотивни филмови, драми, филмови што допираат, разликата ми беше во тоа што и Пит ќе долови колку толку во такви дела, но тој добро се снаоѓа во комедија, акција, хорор и така натаму. Пофлексибилен ми е. И не, не ради Фајт Клуб, таму го хејтав, Нортон е ѕверот таму. :))))
 
Не заебавај има Бред Пит и добри улоги, маестрално глуми badass ко Тајлер Дрден у Фајт Клаб, има и други добри улоги како во Seven и Интервју со вампирот, тоа што глумел во покомерцијални филмови кои и не се многу глумачки захтевни не значи и дека е лош глумец. Не викам дека Ди Каприо е лош, само ќе кажам дека Ди Каприо е глумец кој можеби од сите холивудски актери ги има добиено најдобрите улоги со кои би се прославил секој просечен актер, само види му ја листата на филмови позади него. На крај краева, еден глумец го прават славен филмовите кои стојат позади него, а не добрата глума, типичен пример е да речеме Вил Смит за кој не знам дали и некој тука би се согласил дека е актер, и сите го памтат по филмови од типот на Индепенденс Деј, Ај робот, Хенкок или пак Ај ем леџенд, ама факт е дека човекот изглуми маестрално во Да прсјут оф хепинес а тој филм и ретко кој го спомнува денес.

Го заборави и Seven pounds ...екстра филмче иако не сум љубител на драми.

--- надополнето ---

А во фајт клаб ѕверот беше Нортон ,не Пит...Иначе интересна дискусија али врти сучи сите имаат по некоја добра улога и по некоја ептен утната,лесна,само за комерцијала улога...Да не почнам за Пит од екстра фејв улоги што ми биле до бљувотината на Господин Смит.
 
Имаш поента, точно. Некои дела се толку перфектно одглумени, што никој друг не би сторил иста работа. Можеби статистиката го прави и Круз подобар, јас само давав лично мислење. ДиКаприо е ѕвер, побудува емоции, повеќе глуми во емотивни филмови, драми, филмови што допираат, разликата ми беше во тоа што и Пит ќе долови колку толку во такви дела, но тој добро се снаоѓа во комедија, акција, хорор и така натаму. Пофлексибилен ми е. И не, не ради Фајт Клуб, таму го хејтав, Нортон е ѕверот таму. :))))

win-win situation ќе биде да ги видиме и двајцата во ист филм,добар предизвик ќе биде =))) Пит и Круз беа во Интервју со вампирот ... али малце ретко деновиве толку големи ѕвезди во исти проект

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom