Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Session 9

Вака се немам изморено од Memento. Фасцинантен филм. Толку обична приказна прикажана толку комплексно, што обичниот расплет изгледа толку неочекувано, изненадување. Толку ме извози филмот што незнам од кај да почнам да го рецензирам. Жалосно е да го класифицирам како хорор кога заслужува своја класа. Ако очекувате неконтролирано шприцање крв и црева, цицки, трчање низ шуми прогонувани од мутант, филмов не е за вас. Ако сте по психолошки хорор, што бара концентрација, мислење и запазување секој детал, тогаше е must see!

Локацијата е сама приказна по себе, напуштена ментална болница, енормна, што од нејзината конструкција лазат морници, а да не пишувам за внатрешноста. Морбидна тишина, што дури дава чуство дека болницата е жива, преовладува еден supernatural елемент. Приказната е 5 карактери, кои се согласуваат да ја спасат болницата од распаѓање една недела порано од понудата на други компании. Одтаму започнува притисокот, тензијата меѓу актерите, што се доста клучни за плотот. Во позадина тече втора паралелна приказна, која, лично по мој вкус, ѕверска но е многу тешко да се спојат линковите на крајот. Кршлива поврзаност, што впрочем ако се обрнале доста внимание, посебно на расплетот сами во темна соба, нема да ви биде проблем. Ве навлекува сами да си ја раскажувате приказната, дали е приказната за прогонуваната мрачна зграда, дали одмазда меѓу ликовите, дали сосема трето, крајот ќе ве задоволи, ако не барате spoon-fed одговори како досаден LOST фан.

Секоја чест за режисерот од секој аспект, што впрочем не ме изненадува кога видов кој е и каква атмосфера има створено во The Machinist. Слична тензија и морбидност преовладува и во овој. Едиствено што можам да замерам е претставувањето на актерите. Тешко се ствара конекција, да симпатизираш со нив, да навиваш за некој, за секој осеќаш жал и омраза истовремено. Има некоја уникатна убавина во тоа, но како што реков, потребна е атмосфера за да се долови моментот. Е тогаш ќе осетите какво зло прикажува филмот и колку е језива помислата. Многу ќе се разочарат кога ќе го гледат и ќе ме хејтаат. Не е за сечиј вкус, ако повеќе цените сечење, крв уз плавуши, слободно скокнете го овој.

Длабок. Морбиден. Ѕверски. Jaс му спуштам капа.

Одлична рецензија и се разбира маестрален филм. Од многу хорор фанови веќе одамна е прогласен како култно остварување. Фактор на језивост 10/10, морбиден..напнат мистериозен,mindfuck - филм кој те тера да мислиш (интелегентен)

Хехе вчера баш збрев за Бред Андерсон, и неговите филмови но и за епизодата од Masters Of Horror, (Sounds Like - која тензија OMG!) и се разбира за одличните дела-филмови кои уживаат огромен респект кај фановите. Session9, Transsiberian и Machinist. И ете, веќе денеска ти си го гледал еден од нив т.e. Session 9 одличен избор :)

Уште еднаш се докажа дека имаме ист вкус за филмови, Session 9 е нискобуџетно ремек дело. И пак ќе спомнам одлична рецензија, го доловува филмот без никаков спојлер, браво.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Денес со нов сообраќај, го спуштам Transsiberian по твоја препорака. Ќе пишам рецензија, ако имам време. :)
 
Вторава сцена е едно од најпотресните краеви што ги имам видено.
Бејл ја скина улогава во филмов.

АААААААААААА!!!! браво за изборот Маја...:cuc: заедно со The Machinist убедливо најдобрата,најпсихопатската улога на Бејл! ок тука морам да ги додадам и American Psycho и Rescue Dawn!

Штета што ми се потрошија зеленките :(
 
Нема да отидам многу у офтопик ако барам предлог за некоја романтична драма, онака да се исплачам сагламски :kesa: ?
Само да не биде The notebook, Sweet november, A walk to remember, A millionarie's first love, P.S I love you или City of angels , ги имам гледано..

Фала !

Love Story класика од срцепарателен филм, ако не си го гледала под итно симни го, присуство на пакетче палома е задолжително!My blueberry nights е одличен како и повеќето филмови на режисеров би ди го препорачала и In the Mood for Love, Кар Ваи Вонг прави уникатни филмови со неверојатно чувство на меланхолија,медитативни, би рекла поетични дела!
 
Harsh Times (2005)

Кристијан Бејл мајсторе. Досега да не се заречам не ме имат разочарано во некој филм. Драмиште и пол. Некако премногу ме потсеќаше на Training Day.
Имено раскажува за двајца "дебили"(не ко Глуп и поглуп) во потрага по работа, нивните пороци, психолошки состојби, брачни обврски итн...
Јако, јако... 8ка од мене.

Каков психопат е Бејл во Харш Тајмс, немам доволно зборови да го опишам, многу јако одглуми. Затоа ми е во листата на underrated, општо гледачиве заради неговата полуарност го ставаат на листата на просечни глумци бидејќи на некој начин е форсиран во Холивуд но тоа е далеку од вистина, вистински професионалец кој максимално се посветува на улогите. Само сетете се на улогата во Машинист каде што симна 40-на кила за улогата......симнувам капа....
 
Не можам, а да не се согласам со тебе во однос на Бејл.Ретко кој актер има таква посветеност на улогите.:cuc:
 
Adrien Brody исто така "забегава" кога станува збор за посветеност кон улогите :)
 
Не можам, а да не се согласам со тебе во однос на Бејл.Ретко кој актер има таква посветеност на улогите.:cuc:
Бејл е дефинитивно еден од најдобрите во моментов, го потценуваат ради што е леп не за друго...али ќе се смени тоа за неколку години. Само треба внимателно да ги бира филмовите...
 
Бејл е дефинитивно еден од најдобрите во моментов, го потценуваат ради што е леп не за друго...али ќе се смени тоа за неколку години. Само треба внимателно да ги бира филмовите...
Он е континуирано добар.Спилберг го има одбрано на 12 години да игра во Импереија на сонцето и од она што го имам забележано нема утка во избор на улога ниту пак во изведба.Земајќи предвид дека одлично жонглира со комерцијала и малку поинаков тип на филмови.
 
Бејл е дефинитивно еден од најдобрите во моментов, го потценуваат ради што е леп не за друго...али ќе се смени тоа за неколку години. Само треба внимателно да ги бира филмовите...

Класичен случај на љубомора како и за многу други машки актери, истото и на Пит му се случуваше/случува. IMHO, и он е underrated од тој аспект.
 
Класичен случај на љубомора како и за многу други машки актери, истито и на Пит му се случуваше/случува. IMHO, и он е underrated од тој аспект.

Како и Редфорд на времето...Убавината некогаш е пречка за докажување во фелата,не за друго се им пикаат под нос сценарија од слаткушави филмови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom