Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Закон тема, конечно може послободно да си продискутираме за.. well, oпшто.. од филмови до режисери и актери. Јас се мислев деновиве да отворам тема за омилен режисер, и зошто, според кои остварувања и сл, но оваа е уште подобра.

Јас да си се пофалам, сношти имав филмски маратон, Matrix trilogy, и само првиот дел ме инспирираше најмногу. Капа спуштам за креативноста и уште поинтересната екранизација, мањебитно што има неколку негативни критики по нет.
 
Убав маратон си напрајл, Матрикс си е Матрикс. Или го сакаш или го мразиш. Се согласувам за првиот дел, најдобар е, нема што. Ама за мене вториот беше... катастрофа, толку сум се досадувал до немајкаде. Третиот е солиден, има и солиден крај. Ама првиот владее (како и кај сите останати серијали).
 
Мило ми е што ви се допаѓа темава :wink:

@ Џими

Ихаа браво за сцената Дефинитивно морници да те полазат! Даниел е еден од најподценетите глумци (генерално) Незнам дали си го гледал In the name of the Father!? Ќе се караме ако не си го :nenene:
 
Ехе, уште како помал :). Тогаш прв пат се запознав со типот, а втор пат во Бандите на Њујорк, исто така јако филмчиште, дури Леонардо Ди Каприо беше фрлен во сенка покрај Деј Луис.
 
Убав маратон си напрајл, Матрикс си е Матрикс. Или го сакаш или го мразиш. Се согласувам за првиот дел, најдобар е, нема што. Ама за мене вториот беше... катастрофа, толку сум се досадувал до немајкаде. Третиот е солиден, има и солиден крај. Ама првиот владее (како и кај сите останати серијали).

Истомисленици. :D

Eве дел од муабетот со Just a Boy преку пп.

Да ти кажам право, изненаден бев. Првиот беше солидно добар. Голема имагинација, одлично екранизирана, малце клише, борба меѓу доброто и лошото поспецифично луѓето и машините и фина глума. Првиот дел е класика, знаев дека изгледа премногу добро за целата триологија да е перфектна. Додека овој има 8.7 на имдб (јас му давам десетка) а другите два по 6ка (јас мислам и 5ка е премногу) Освен крајот ме задоволи. Добра акција. Се на се, како што кажа, ако нема што да се гледа, зошто не. Ама првиот треба да ти се допадне, другите ќе ги изгледаш од љубопитност. :S Kaко мене.
 
Ехе, уште како помал :). Тогаш прв пат се запознав со типот, а втор пат во Бандите на Њујорк, исто така јако филмчиште, дури Леонардо Ди Каприо беше фрлен во сенка покрај Деј Луис.

Ма каков Ди Каприо бре, Дел Луис е ЗАКОН! :vozbud:
 
Јас да си се пофалам, сношти имав филмски маратон, Matrix trilogy, и само првиот дел ме инспирираше најмногу. Капа спуштам за креативноста и уште поинтересната екранизација, мањебитно што има неколку негативни критики по нет.

Убав маратон си напрајл, Матрикс си е Матрикс. Или го сакаш или го мразиш. Се согласувам за првиот дел, најдобар е, нема што. Ама за мене вториот беше... катастрофа, толку сум се досадувал до немајкаде. Третиот е солиден, има и солиден крај. Ама првиот владее (како и кај сите останати серијали).

Тоа е општо прифатен консензус веќе. Најчудно ми е што Матрикс е трилогија (осмислен е од почеток до крај пред да почне да се снима), па затоа ми е чудно како можеле толку да ги промашат вториот и третиот дел.

Во првиот е мистеријата, веројатно затоа им бега многу на другите...
 
кога сме кај Матриксот ја се навратив на него пред месец дена... и двете експанзии Reloaded и Revolution излегоа 03 у иста година.

веројатно напуштањето и игнорирањето на Матрицата во продолженијата не ги бендисало гледачите :tv:

само со пророкот не ми е јасно шо бидна?
- зашо беше сменета улогата...
 
Единствени серијал кои ми се допаднале многу се Ајлиен/с 1,2 и Терминатор 1,2.

Матрикс како што кажаа другите, првиот дел врв другите онака ништо посебно но солидно сепак.
 
Пребарував низ интернетов и го најодв овој филм:
Phantom Racer
Да нема забуна - не сум го гледал филмов, ама насловот многу ме асоцира на копија на Ghost Rider со Николас Кејџ.

Ако некој го гледал кажете дали е ова точно или не?
 
Интересно ќе биди да се постави една анкета и да се изгласа најдобар серијал. А најголемата мана на серијалите мислам сите ја знајме...секогаш ги серат накај 3-тиот дел :( секоја чест за ретките исклучоци. Најмногу шо ме бендисале се LOTR ( комплетно цел серијал ) и Terminator и X-Men првите делови.

Пребарував низ интернетов и го најодв овој филм:
Phantom Racer
Да нема забуна - не сум го гледал филмов, ама насловот многу ме асоцира на копија на Ghost Rider со Николас Кејџ.

Ако некој го гледал кажете дали е ова точно или не?

Го немам гледано филмот ама можам да ти кажам дека не е копија од Ghost Rider. Отвори го пак линкот на имдб и прочитај во јузер ривјуто за филмот се ќе ти стани јасно.
 
кога сме кај Матриксот ја се навратив на него пред месец дена... и двете експанзии Reloaded и Revolution излегоа 03 у иста година.

веројатно напуштањето и игнорирањето на Матрицата во продолженијата не ги бендисало гледачите :tv:

само со пророкот не ми е јасно шо бидна?
- зашо беше сменета улогата...

глумицата што глумеше у прв дел умре и мораа да ја заменат со друга
 
Убав маратон си напрајл, Матрикс си е Матрикс. Или го сакаш или го мразиш. Се согласувам за првиот дел, најдобар е, нема што. Ама за мене вториот беше... катастрофа, толку сум се досадувал до немајкаде. Третиот е солиден, има и солиден крај. Ама првиот владее (како и кај сите останати серијали).

Освен кај Lethal Weapon. :)
 
глумицата што глумеше у прв дел умре и мораа да ја заменат со друга

претпоставував дека е тоа, бидејќи нема друга причина зашто би била тргната од репертоарот, а и боље беше од новата.
 
Многу често кога ќе помислам на Кјубрик ми текнува на фантастичната фотографија во неговите филмови, во тоа име уводната сцена од Сјаење! Една од најдобрите уводни сцени што сум ги видел некогаш! Верувајте сум видел многу :)

Исто така музиката многу добро се вклопува, мистична/хорор атмосфера, ако се сеќавате кога зборев за ваквиот тип на филови и нивната најсилна карактеристика да допринесат да ти се дигне косата, и да те понесе атмосферата што ја создаваат. Ајде ваше мислење за сценава и за фотографијата во филмовите на Кјубрик :vozbud:

R.I.P.

Голем човеку, Стенли Кјубрик <3

Или пак можеби?

Генијјјјјјјјјјјјј!! Илуминати :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom