FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Симнувам друг, преводот скока, ко божем го имаа одново монтирано филмот и измешано сцените.
Да, премонтирана е блуреј верзијата. Во сцената кога вежбаат исфрлени се неколку кадри каде што не успеваат да стигнат до отворот. Во следната сцена тоа после го објаснуваат на водачот на проектот и најверојатно е скратено заради повторување на дејството.
Сакав да го прилагодам преводот за блуреј верзијата, ама се заматкав со други работи и после заборавив. Ај ако стигнам викендов ќе го сторам тоа и ќе го закачам по сајтовиве за преводи.
Можеби, да, одличен звук и монтажа на звучни ефекти, но мене нешто што прво ме импресионираше кај филмов, и за кое сметам дека му е најјака страна, е кинематографијата.
Не си го слушнал добро звукот, затоа. Ако си го слушал на стерео ТВ, не е ни 5% од тоа што е.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Еј меѓу првите сум го глеала филмов. Топ.
Овој „марсовецот“ ми личеше на Џим Кери во Глуп и Поглуп, а докторов на некаков си шпански Роберт де Ниро за сиромашни. Филмот беше предолг. И не се дешаваше скоро ништо. Немаше ни ептен engaging дијалози како во К-Пакс, јас инаку К-Пакс многу го сакам, па очекував и овој да ми се допадне ептен, уште кога го пиша Анон му реков овој ко К-Пакс е филмов. Па на крај и таа женската ја замешаа и неодговорени прашања еден куп. Муабетите за Исус се очекуваа, hello man from earth. Знам дека мунгусот пишал, ама мора да повторам.... музиката беше у-жас-на! Јас сакам џез. И не беше жанрот проблемот per se. Проблемот беше технички, саксот беше премногу гласен и премногу непримамлив за уво. Ова беше оној elevator jazz што го викаат, се слуша како позадинска музика да нема ептен awkward silence, ама овде беше рејпање на сетилата за слух. Прегласно, прегласно, дијалог не се слушаше, саксот галами, па и неадкватен со сцените кај што го имаше, се осеќав ко да имам пуштено филм и јутуб истовремено и се мешаат звуци од секаде. Сцената со диригирањето беше добра, тоа и беше кулминацијата на филмот и беше стварно многу убаво направена.
Да не се разбереме погрешно, јас филмов не го хејтам, идејата ја обожавам, јас сакам вакви филмови/идеи и многу ги ценам, ретки се и заслужуваат заслуга, ама мора да се изработат како што треба. Филмот не е само приказна, филмот е доживување, и ако само еден елемент застрани многу влијае на целокупниот впечаток. Мене тоа ми се случи, и ако музиката не беше толку наметлива филмов ќе имаше една оценка погоре сигурно.

Вака само 6/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
K-PAX за сиромашни :D

Тужби мужби за плагијат фрчеле на сите страни, сиротиве од Man Facing Southeast немале пари да продолжат, ќе добиеле. Eliseo Subiela- "it's a copy, but a good quality one".

Види вака, да не сум го изгледал K-PAX, филмов ќе ми беше поинтересен, факт. И во овој случај што е и реткост, копијата ми е подобра од оригиналот. Уствари, не можеш да кажеш дека е скроз копија. На пример, во MFS си ги покажува моќите, знаеш дека не е од тука. Мрда радио, чинии, покажува телекинези а у. И веќе си сигурен дека не е од планетава, што не е случај во Пакс. Исто така , Пакс завршува ВТФ и не знаеш дали бил луд или стварно е од вселената. Имаше една сцена кај што Рантес му вика на докторов дека во истиов момент во светот сите такви ко него прават муабет со докторите, СИ ГО ПОВРЗАВ СО ПАКС. Се замислив дека во истиот момент и Прот прави муабет со Др. Марк. Кевин Спејси каде каде е по вонземјанин од Рантес.
Иста приказна, различна егзекуција.

Ај доста со споредби, ќе пробам да кажам без да ми влијае Америка.
Му симињам капа на Елисео, уникатна и по мој вкус приказна. Јас би го направил подолг ама да биде материјалот добро изџвакан. Тука имаше мноогу непотребни сцени, филер сцени.
Иако саксот ми е еден од најомилените инструменти, со сила ми беше вметнат во некои сцени. Претеран беше, ко со сила да ти става уметност во сцена кај што не треба.
Глумата само на Рантес, на никој друг! Одличен. Сирот ја згреши планетата за да продава знаење, од здрав прав го направија ментален случај. А убаво си кажа дека се плаши од глупавоста на луѓето.

7-ца само поради приказната.

7/10[DOUBLEPOST=1527937398][/DOUBLEPOST]Златен упдејтни ми ги последните црвенки две. :love:
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Man Facing Southeast

Мене ова ич не ми се допадна, sorry @Anon . Прво, ќе почнам од сликата - катастрофична, а гледав некој BDRip (!!!). CAM верзии денес има подобри. И немој некој да ми рекол дека бил од осумдесетите, па затоа - сум гледал филмови од многу порано што се со многу почиста и подобра слика од оваа. Второ - музиката беше ужасна! Не само саксафонот што пиштеше, туку имаше моменти кога се прашував дали како инструмент користеле бронзена чинија и вилушка, и гребеле ко луди. Веројатно тука има многумина што ќе ми замерат за ова, дека љубители на џез, или што ти јас знам што, ама мене ми беше премногу лоша музиката. Трето - приказната. Секоја чест за оригиналноста, пошто ете, они ја смислиле приказната, ама по мое мислење, во случајов преработката е многу подобро обработена и многу повеќе ми се допадна од оригиналот. Вo K-Pax во ни еден момент не знаеш дали навистина типот е вонземјанин или луд. Тука поместуваше чинии со очи, а колку што јас знам, лудите имаат проблем раката да си ја поместат понекогаш, а не да користат телекинеза. Сите тие сцени ми беа ептен вишок. Потоа - сосема ми беа непотребни сите референци од Библијата, па не знам Исус, па филозофии на Кант или што ти знам јас кој... Многу нешта замешаа во филмов, а резултатот - млак. Ова на некој начин ко да ги имаш најдобрите, најквалитетните состојки и зачини дома, ама ги ставаш во едно тенџере, промешуваш, додаваш вода, оставаш да се вари манџата, и испаѓа бучкуруш. И в уста не се става. Четврто - сцената со диригирањето може беше добро сработена, не велам не, ама чуму бе? Мене ми изгледаше ко Кустурица и циганите негови од Бела мачка... да решиле да ја свират Ода на радоста. И настанува хаос! Или ко Бреговиќ и циганските пустошења на ремек-дела од времето на Бебек и Тифа во 2000-тите... Знам, малку споредбиве може ми се неумесни, ама филмов си заслужи и неумесни споредби. Плус, не видов никаква поента во таа сцена, не сфатив што сакал поетот да каже. И уште работи имав да кажам, ама се испозаборавив од што ме успа филмов. И тоа буквално. На пола филм морав да паузирам, па станав, си сварив турско, јако, без шеќер, па така успеав да го догледам. Само 4/10 од мене. Реков, sorry, @Anon , ама K-Pax ми беше ремек дело во споредба со овој.

P.S. Ако ми се врати меморијата во догледно време, ќе допишам што сакав да кажам.[DOUBLEPOST=1527964376][/DOUBLEPOST]
Музиката отепа со тоа саксофонот, толку популарен во тој период.
Ете! Алал![DOUBLEPOST=1527964493][/DOUBLEPOST]
Мрда радио, чинии, покажува телекинези а у. И веќе си сигурен дека не е од планетава, што не е случај во Пакс.
Е, е! That^^. Ти да не си од K-Pax исто? Баш ова го мислев!
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Нели и во K-pax имаше една сцена кога го однесоа во некоја институција со астрономи и физичари и им го опиша системот каде што е неговата планета и овие со пресметките потврдија дека е точно?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Нели и во K-pax имаше една сцена кога го однесоа во некоја институција со астрономи и физичари и им го опиша системот каде што е неговата планета и овие со пресметките потврдија дека е точно?
Имаше, ама пак не му веруваа мислам. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Нели и во K-pax имаше една сцена кога го однесоа во некоја институција со астрономи и физичари и им го опиша системот каде што е неговата планета и овие со пресметките потврдија дека е точно?
Да, ама пак тука нема ништо натприродно. Он не поместуваше предмети.[DOUBLEPOST=1528136997][/DOUBLEPOST]BTW, @wot - здрав, жив, среќен, весел... поприсутен тука! Ма се најубаво!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Ќе почнам од тоа дека овој филм е оригиналот, со оригинална идеја. Сигурно идејата се има спомнувано многупати низ историјата, во книгите. Но, ете, ова е првиот филм, а K - Pax е оној кој успева оваа аморфна маса сочинета од идеја, да ја моделира, усоврши и да му ја приреди на гледачот како таква, да ете и после толку години остане запаметен како култен филм. Всушност, не бев ни запознаен воопшто дека на некој начин K - Pax е римејк. Сеќавањата на него ми се избледнети, гледан ми е многу одамна, многу пати. Man facing southeast ми ја начна љубопитноста за оваа тема и најверојатно ќе го репризирам во најскоро за да се потсетам на сите сцени и детали.

Баш поради ова, не правев паралели помеѓу двата филма и Man facing southeast го доживеав до некаде како филм релативно непознат за мене. Или подобро да се изразам, непознат во врска со тоа на каде ќе фати филмот, каков ќе биде неговиот тек, и се разбира, како ќе заврши. Базичната, првенствена идеја ми беше позната веќе од K - Pax. И можам да кажам дека доволно уживав во гледањето на истиот без нешто премногу да се досадувам, а тоа за мене е нота на добар филм кој успева да ти го држи вниманието.

Сцената кога играше со сестра му (?), а потоа диригираше, беше highlight на филмот. Одлично ми беше доловена музиката со сцените на побуната кои беа во болницата. Ќе ми остане таа сцена во сеќавање, сигурно. За останатото, можам да се сложам дека музиката потфрли, т.е не беше соодветен избор за сцените иако обожавам џез. Во врска со квалитетот на сликата и своевидно целиот квалитет на филмот не би сакал да го земам како некоја голема негативност. Го гледав повеќе од призмата на нискобуџетен филм како Man from the earth и целосно се насочив кон приказната. Е тука единствена замерка ми беа паралелите со Исус, Пилат и компарациите со библијата, Господ. Некако ми се видоа сувишни.

Се на се. Идејата за да се направи еден оваков филм беше одлична, и во времето на неговото излегување оригинална, но истата не беше доделкана до крај за да успее да ме фасцинира до степен на воодушевување. Затоа од мене добива една многу добра 7ца.

Е сега веќе кога си искоментирав непристрасно за филмов и си го задржав позитивниот впечаток. Можам слободно да се фрлам на репризирање на К - Pax. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Имаше, ама пак не му веруваа мислам. :D
Да, ама пак тука нема ништо натприродно. Он не поместуваше предмети.
Сосема е неважно дали му верувале или не, типот располагаше со знаење за одреден соларен систем дотогаш непознат за човештвото.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Сосема е неважно дали му верувале или не, типот располагаше со знаење за одреден соларен систем дотогаш непознат за човештвото.
Мислам дека им беше познат системот, ако не беше, како тогаш го лоцираа, го најдоа? Единствено, можеби не му било обратено доволно внимание и не биле разглобени деталите за сонцата (чинам две беа?), месечините и планетата од која тврдеше дека доаѓа. А можеби токму тој претходно го проучувал токму тој систем за приказната да му е поуверлива, па од таму и му беше познат? Или можеби беше чиста коинциденција? Важно има "можеби" во приказната за и ние да не му веруваме дека е од друга планета. Тука мрдаше предмети со очи бре! Нема простор за дискусија.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Мислам дека им беше познат системот, ако не беше, како тогаш го лоцираа, го најдоа? Единствено, можеби не му било обратено доволно внимание и не биле разглобени деталите за сонцата (чинам две беа?), месечините и планетата од која тврдеше дека доаѓа. А можеби токму тој претходно го проучувал токму тој систем за приказната да му е поуверлива, па од таму и му беше познат? Или можеби беше чиста коинциденција? Важно има "можеби" во приказната за и ние да не му веруваме дека е од друга планета. Тука мрдаше предмети со очи бре! Нема простор за дискусија.
Го гледав пред 15+ години, не паметам толку детаљи, но се сеќавам дека таа сцена беше пресудна во потврдата на потеклото на ликот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
@Anon , @wot , @grande-juve , @Iceboy и @Хоуп - вие нешто за човеков што гледа кон југоисток? Ден и пол имате, пред да го замениме филмов со нај-awesome филмот кој ќе го гледате во клубот од нај-awesome предложувачот.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Филмот е супер. Јас си уживав во него и немам никакви замерки.
Дури и она што го хејтам во други филмови, крај отворен за интерпретирање, во случајов ми се допадна.
9/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
човеков што гледа кон југоисток

Ме заинтересира од почеток, ама како што одминуваше ме губеше малку по малку. Некако се развлече и разводени. Дефинитивно не помагаше и тотално утнатиот саундтрак, и неговата претерана и прегласна употреба. Рантес си кажуе супер интересен монолог, а у позадина ечи саксофонот и се губи ефектот. Значи тоа ми сметаше, целата изведба.. инаку интересна приказна, сценариото исто релативно добро(мислам најмногу на деловите со Рантес).

6,5/10[DOUBLEPOST=1528644395][/DOUBLEPOST]
Сцената кога играше со сестра му (?)
читај ко Арапите
a-rat-in-the-kitchen-2.jpg
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Мене ми се допадна.

Јас го обожавам... или обожавав K-PAX, години поминаа, и како повеќето и јас влечев паралела со него на почеток цело време, и иако ни на момент не се ни доближи до K-PAX, овој ми се допадна од сосема друг агол многу повеќе. Додека кај K-PAX цело време мистеријата ми го возеше, дали е марсовец или не, бараш ситни детаљи, пратиш све шо може да издаде некоја вистина овде го занемарив тоа од старт. Дури тргнав до муабети у себе за, пошо у westworld фаза сум, if you cant tell the difference, does it really matter. Мене многу повеќе ми беше акцентот на „обраќањето на масите“ од марсовецот на докторот, дијалозите за тоа зошто тој е во докторски алишта а тој за ментални кога тој на луѓе во потрага по помош помага, сослушува, не одминува, за понатаму цело време цинично рефлектирајќи ја глупоста на цивилизираниот свет како self-destruct оружје, обраќајќи ги на глава сите стандарди за што е нормално а што не. Дури и тој мини твистот со сестра му ми беше освежување, ги гледаме двајцата какви се и што се резултат баш на тоа цивилизирано и модерно општество. И да, можеби е overused trope више, додуша дури на форумов имавме таков лик упорен до јаја со вакви муабети, ама мене ме замисли на некои теми така да добива и повеќе од пролазна. Прави сте и за техничките работи, звук, глума и глупости али не ми смени многу пошо ме впи и (повторно) уживав.

4/5

Кој е следен?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom