FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
:3

Milo mi e sto nekoj doziveal isto sto i jas.
Ako go gledas nekad pak ke ja primekas speak low na poveke navrati niz filmot i koga znaes krajot uste tolku pumpa emocii.
Веќе планирам реприза, и тоа деновиве - мора да и го пуштам на „мојата понежна половина“. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
@moongoses , чекај малце, а тебе не ти е гледан филмов?

Taste of Cherry - Не знам како да почнам. Прво, очекував нешто слично, зашто имам гледано 4-5 филма од иранската кинематографија, и на некој начин, помалку или повеќе, ако ништо друго, барем по начинот на кој се снимени, наликуваат еден на друг. Најмногу ме потсети на Taxi на Јафар Панахи од пред некоја година, кој исто како овој имаше земено главна награда на еден од трите најреномирани европски фестивали (возењето на џипот низ Недојдија, камерата поставена на совозачкото седиште (таму беше баш камера за во кола, како оние во авто-школите), дијалози-дијалози-дијалози и само дијалози, егзистенцијални прашања...). Но светлосни години е далеку од било кој од филмовите на Асгар Фархади, кои се вистински ремек дела. Второ - филмов дефинитивно е hate it or love it. И покрај тоа што има земено Златна палма во Кан, и покрај тоа што е од режисер кој е почитуван многу низ светот, постојат несогласувања кај критичарите за неговиот квалитет. Дури случајно најдов податок дека еден Еберт го ставил на неговата листа „Најдосадни филмови на сите времиња“, додека истовремено го има и на листата „1001 филм кои мора да ги гледаш пред да умреш“. Јас сум повеќе на страната на тие кои го мразат, да бидам искрен. Филмов ме уби. Од досада. „Кружење околу стол“ како bottom level е пробиен и поставени нови рекорди. Јас се чудам дури како успеав да го догледам, искрено. А што е целата поента: средовечен човек се вози низ некои приградски подрачја околу Техеран, барајќи друг човек кој ќе го закопа под едно полу-исушено црешово дрво откако ќе се самоубие, и за тоа ќе биде платен. И тоа е тоа. Среќава три-четворица кандидати од кои првиот - младо војниче, се посра в гаќи и избега ко куршум, вториот беше преголем верник за да си ги извалка рацете на тој начин, за на крај еден старец на кој му требаа пари, сепак да се согласи да го направи тоа, иако не го оправдува. Причините зошто типот не сакаше да живее, нормално, не ни беа дадени во ниту еден момент во филмот, и разбирливо, зашто поентата на режисерот не беше да ни прикаже зошто некој сака да умре, туку кои се малите нешта за кои вреди да се живее (децата кои си возат имагинарни коли, љубовта која треба да биде овековечена, волшебната месечева светлина која продирајќи низ облаците го прави дури и тмурното небо - убаво...). И сето тоа е ОК, значи филмов е со некој вид на психолошко-егзистенцијален пристап, со по некој симбол ваму-таму, кој ни дава некои кратки одговори на тоа што сакал режисерот да каже, но во глобала, генерално е една голема празнина, и сето тоа е премногу досадно за гледачот. Дури и крајот мене ми беше недокажан и без врска. Единствената светла точка, која пак е на некој начин и одлика на иранското кино беа дијалозите. Има несразмерно повеќе дијалози од случувања тука, и тоа е ОК. И веројатно тоа, и начинот на кој е снимен биле нештата кои жирито во Кан 1997 го препознале тука и затоа го наградиле филмов, иако јас мислам дека поверојатно е дека му дале награда од политички причини, во стил: а-у, филм од Иран, и досаден е, бавен, веројатно има многу да каже, и да ги поттикне Иранците да снимаат, па дај да го наградиме. И му дале Златна палма. А ако тоа било поттик за Фархади и Панахи денес да ги направат нивните ремек дела, тогаш му давам рака на режисерот, и му благодарам многу. Инаку, од мене само една очајна 4/10 за филмов.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Вкусот на црешата.
Макар и една цреша.
Макар и една цреша може да ни внесе желба за живот.
Таа цреша подоцна ни отвора и „нови хоризонти“.

8/10

Прекрасен филм.
Со подобар крај може ќе добиеше и деветче.
Режисеров ми делува доста уникатно, интересни долги и далечни сцени/кадри а всушност слушаш дијалог.

Се согласувам со критиката на Роџерт Еберт во однос на крајот, веројатно непотребно гледаме како е сниман филмот, ама не се согласувам со тоа дека требало да знаеме повеќе за главниот актер. Реално и мене ми фалеше тоа, но ваков потег почитувам и плус во многу други одлични филмови секогаш има нешто што те копка да го знаеш, а не го знаеш... можеби тоа го прави филмот подобар.

Многу ми се допадна тоа што се уплаши главниот актер на крај и три пати му пререче да провери дали навистина е мртов пред да го закопа :)
Исто така прејака приказна му раскажа третиов тип.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
Многу ми се допадна тоа што се уплаши главниот актер на крај и три пати му пререче да провери дали навистина е мртов пред да го закопа
Да, тој дел и мене ми беше најинтересен.
Се согласувам со критиката на Роџерт Еберт во однос на крајот, веројатно непотребно гледаме како е сниман филмот, ама не се согласувам со тоа дека требало да знаеме повеќе за главниот актер. Реално и мене ми фалеше тоа, но ваков потег почитувам и плус во многу други одлични филмови секогаш има нешто што те копка да го знаеш, а не го знаеш... можеби тоа го прави филмот подобар.
Да, и плус, ко што реков, намерно не е откриено ништо за причините зошто типот сака да умре, зашто филмот е замислен не ко филм за смртта, туку ко филм за животот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Вкусот на црешите (1997)

Вкусот на црешите има еден минималистички синеастички пристап во рефлексијата на многуте параболи за егзистенцијалистичките прашања. Инаку ја обработува потрагата на еден маж кон некој што би се нафатил да го погребе по неговото самоубиство. Кјаростами не ни ги открива мотивите за неговата одлука, но ни дава различни видувања и реакции од страна на можните кандидати за работата - војник, студент по теологија и таксидермист. Не случајно одбрани професии, исто како и националностите - курд, авганистанец, турчин. Со едноставен дијалог ни пренесува една сложена ситуација. Поголемиот дел од филмот се случува во возилото на главниот лик, каде имаме крупни планови од говорниците, разбиени со тотали од пејзажите од пустината низ која се движат.

Бавно се одвива дејствието, но не е досадно. Главниот лик е поставен во тешка ситуација и темпото на филмот заедно со сценографијата ни го доловува тоа, но не го читаме од неговиот лик.

Едно појаснување во врска со последната сцена. Ме остави во прашалници што сега сакаше да каже со ваква последна сцена, па малку разбуричкав. Сцената е додадена само заради иранската цензура, којашто во нивната култура воопшто не дозволува приказ на самоубиство. Затоа е и стилистички и естетски различна од остатокот на филмот. Со приказот на филмската екипа и самиот главен актер Кјаростами се снашол да најде начин да ги задоволи цензорите.

Филмот практично завршува со затемнувањето. Затоа е и толку долг темниот дел пред да се појави последната сцена.

7/10
@moongoses , чекај малце, а тебе не ти е гледан филмов?
Не ми беше кога го предложив.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
Film Club, конечно, со свој Facebook Page. Ете начин на кој ќе го промовираме на пошироката публика, па може и некј од надвор ќе посака да ни се приклучи.

За нас, останатите, убава можност да се потсетиме на постарите филмови. Кој сака, нека кликне лајк и нека и покани оние кои би сакале да ни се приклучат!

https://www.facebook.com/FilmClubKajgana/
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Злате ќе и го пуштал Феникс на неговата понежна половина, сигурно за да ја боде за некое „предавство“ од минатото. Злате не биди таков средношколец значи!

Инаку филмот, ех... грешка напраив што ги прочитав мислењава пред да напишам, барем така немаше да ми е лејм што се повторувам со 100 души. Многу ме нервираше цел филм што не ја познава, како побогу не и го позна гласот не знам, никако не може ова да се оправда. А и што и беше на оваа идејата, зошто не му кажа која е? Не гледаат луѓево напред, што ќе беше кога ќе ги земеа парите? Surprise, surprise it's me your dead ex wife. Првиот пола саат ко што вика Злате затупен ептен, и која беше логиката на тоа што оваа посведочи како маж и „силува“ рандом женска во Dark Passage (hh) и си рече Хммм ова е човекот со којшто сакам да бидам... После тоа фати некоја динамика и беше океј филмов, дури и брзо ми помина времето гледајќи го, последната сцена убава, genuinely уживав во неа, иако некако наеднаш ми заврши филмов, ама добро барем му светна на скамеров која е оваа. Документите за развод многу порано во филмот требаше да бидат обелоденети, ма да што така не би имал плот филмов, очекував да го убие уште на железничката, и до крај очекував некој момент таков, ама сепак друго било планирано за хајлајт на филмов.

7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Сега забележав.
tbp коментар
"I should have quit watching this when nothing happened more than half an hour into the movie, but I went and finished it. This is one of the most mind-numbing boring movies I've ever had the displeasure to see. It's not even good in a bad sort of way. It's just B-A-D!!!!!"
:D
имам сличен предосечај :D
....
8/10
Прекрасен филм.
Другпат пак верувај на рандом коментари. Коментари воопшто.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Сега забележав.


Другпат пак верувај на рандом коментари. Коментари воопшто.
Тоа ти кажува дека не потпаѓам лесно под сугестија и секогаш си ги гледам филмовите објективно :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Тоа ти кажува дека не потпаѓам лесно под сугестија и секогаш си ги гледам филмовите објективно :D
Тоа ми кажува дека предосечајот не ти го бива :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom