FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-12.05.2024)

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Во лексикон покрај семеен летен филм/feel good movie треба да стои постер од филмов.
Хуморот одличен, романтиката очекувана (како што кажа Злате погоре, Италија е, мора да има некоја љубовна приказна тука), крајот очигледен, straightforward storytelling, а сепак уживав саат ипол и имав ептен feel good чувство откако го изгледав. Дури иако се измачив додека најдов асален торент од филмот (@Corvus тоа твојот со bg audio беше, а таман се наместив со сончогледот до мене)
Не памтам Харви да го имам гледано во нешто слично на ова во скоро време па и тука ме фати неспремен, ама одличен беше, посебно со саркастичните реплики.
Лепотицата која и да е си ја заврши работата со летните фустани, Питер од Фринџ исто супер си ја заврши работата.
Се на се лабав филм, кој ако го фатам некад на ТВ би го оставил да го догледам
7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Да не се читале постовите бре... :)
(@Corvus тоа твојот со bg audio беше, а таман се наместив со сончогледот до мене)
*филмот има dual audio и дифолт му е руската синхронизација, така што ќе треба да селектирате англискиот кога ќе го пуштите
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
И останав веројатно уште само јас, пред да му го предадам месецот на Гранде.
Shadows in the Sun е на прв поглед невпечатлив филм којшто се заборава доста брзо по гледањето, меѓутоа случајот со мене беше, да секогаш кога ќе помислам на летен филгуд escape филм, овој секогаш ми паѓаше прв на ум, зашто филмот сам по себе е дефиниција за тоа. Можеби единствена замерка имам за нискобуџетноста којашто е сеприсутна низ филмот и тоа, за некој што е навикнат на естетика, може да е голем пропуст. Од друга страна, ликовите и приказната ми се ептен слатки и колку пати и да го гледам филмов никогаш нема да ми здосадат, а сега го гледав 3ти или 4ти пат. Харви Кејтел комплетно го краде шоуто во филмов, ликот му е предобар заедно со хуморот и саркастичните и witty доскочици, бандата му е ептен погоден support од кои мене омилен ми е попот кој пие, пуши, лаже, краде повеќе од цело село заедно, а поп, закон! Клер Форлани, или како и да и се чита презимево беше преслатка и си заврши супер работа.
Нема ептен што повеќе да се read into филмов, преедноставен е нема многу што да се мисли и анализира, поентата е да имаш fuzzy feeling додека го гледаш, тоа кај мене го исполни и ми е go-to филм за будење пријатни чувства кога го гледам.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Многу сакам коа во фокус се става убавината на животот во мало место/природа наспроти големите градови.
Од Италија идеме накај Шкотска. И овој е лесна за гледање комедија/драма, и иако не е летен сепак е многу топло филмче.

Local Hero


се наѓа по некоја снимка на рарбг пиратите и русите[DOUBLEPOST=1533578555][/DOUBLEPOST]
не е 5икс ова не се предаваат месеци
моментално месецот е во оваа фаза
така да точно е пишано :icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.841
Поени од реакции
33.774
Еве ме мене, доцнам 2 дена. Shadows in the Sun го гледаа 7 души. Го испуштија: @wot , @devilko , @Gazpapir (жолт картон за тројцата, втор неизгледан) и @Хоуп (црвен картон, трет неизгледан). Средна оценка за филмот на Corvus - 6.9.

Филмот број 69 (требаше некој со секс да биде, ама му реков!) веќе го презентираше @grande-juve . Конечно имаме од него филм кој не е за филмовите!

@wot - Film Club (Local Hero: 06.08 - 19.08)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Local Hero
Покул, полабав, полесен филм мислам дека немам гледано.
Одличен филм.
Суптилниот хумор беше врв.
Значи тоа со зајакот, крај.
Но најголем крај беше психијатарот на Mr Happer :D
8.5/10
Најмногу ми се допадна тоа што често главните ликови излегуваа вон „главната тема“ и се фокусираа на некои други навидум помалку битни работи.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.835
Поени од реакции
5.953
Local Hero

Ме потсети на оние моменти кога од досада вртиш канали на ТВ и случајно ќе наидеш на него, ниту име му знаеш, ниту жанр, ниту за што се работи. Онака, го фаќаш на пола ама го загледуваш и не се мрдаш до крај. Те исполнува со некоја позитивна енергија, а сета таа селска идила на северот на Шкотска ти дава некој спокој. Локалците, кој од кој посебен, секој со своја приказна. Им го обожавам шкотскиот акцент. Аyе.

Одлични мудрости и животни лекции. Крајната сцена, "празното" небо над Хјустон те замислува за вредностите во животот. Жално е да поминеш таков живот во кој нема да знаеш како изгледаат ѕвездите и да се возбудуваш како мало дете при метеорски дожд. А, не па за аурора бореалис.
Тоа не сум имал можност до сега да го доживеам, но затоа сум имал можност да погледнам кон кристално чисто небо не пречен од никаква светлина во близина. Ретко се укажува таква можност за гледање на milky way.
Кој немал до сега таква прилика, дефинитивно нека отиде вон цивилизација. Глетката е прекрасна.

Не е од оние кои долго се паметат. Веројатно и ќе го заборавам до утре, но вреди секоја минута потрошена на филмов.
7.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Local Hero (1983)

Имав впечаток дека филмов го гледав на слоумоушн. Долги кадри, опаши од сцени во коишто ништо не се случува, ужас. Ај разбирам сакале да ни го прикажат селскиот мирен начин на живот и бавното течење на времето во такви места, ама го претерале. Да не ја спомнувам сцената со игранката. Ко оние предновогодишните емисии на МТВ од времето.
Сценариото беше ок, ликовите типични за вакви места единствено тој русинот како да беше напикан со сила. Дијалогот добар со малку хумор и големи животни мисли од малите луѓе. Можеше комотно многу повеќе да ги прикаже мештаните. Одлична изведба на „црвениот“, мислам дека тој и го извади филмот. Се другото просечно.

6/10
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Local Hero (1983)

Имав впечаток дека филмов го гледав на слоумоушн. Долги кадри, опаши од сцени во коишто ништо не се случува, ужас. Ај разбирам сакале да ни го прикажат селскиот мирен начин на живот и бавното течење на времето во такви места, ама го претерале. Да не ја спомнувам сцената со игранката. Ко оние предновогодишните емисии на МТВ од времето.
Сценариото беше ок, ликовите типични за вакви места единствено тој русинот како да беше напикан со сила. Дијалогот добар со малку хумор и големи животни мисли од малите луѓе. Можеше комотно многу повеќе да ги прикаже мештаните. Одлична изведба на „црвениот“, мислам дека тој и го извади филмот. Се другото просечно.

6/10
Знаев, знаев! Одма штом го оценив филмов на тебе ми текна и имав чувство дека копи пејст ќе ми биде рецензијата со твојата. И тој џезот на последната сцена, истиот од филмот на анон со човекот што гледаше на некоја меѓустрана од светот, одма флешови од рецензиите ми се вратија. Изненадува ханчов некогаш.

Гранде има љубов за овие сиви, полудепресивни, ништо-не-се-дешава, без подеми и падови филмови. Мене не ми го прават кејфот толку, не осеќам ништо кога ги гледам, не ме suck in во сетингот и дејството, и ми фалат бои. Не ми е ни чудно што цело село сакаше да се отсели, мене ме утепа депресија само од што го гледав филмов, не па да живеам онаму. Очекував повеќе минутажа од Ланкастер, ама океј не ми смени нешто премногу, иако можеби најлајкабл лик ми беше. Другиве некако бледи, не ми оставија многу впечаток главниве ликови искрено, особено Мек кој кога би го познавала ирл би го презирала. Уште не сфаќам дали требаше да ни биде ликот симпатичен или не, прво пред да оди во Шкотска им се испојави на сите женски и сите го откачија, патетично дури, типичен бета мејл. На крај се заљуби во сопругата на домаќинот што му ги бркаше работите низ селото, и пијан му рече Јас ќе ти го дадам поршето, ти остај ми ја жената. Не бев особено импресионирана ни од Гордон, кој си бркаше некакви скамови да извади повеќе пари од Мек знаејќи дека тоа што го продава не вреди a whole lot, и дека селаниве се спремни да се шитнат за што било колку да излезат од таму кај што се, не дека имам некаков проблем со скамање корпорации на сметка на малиот човек, ама мех не кажува тоа многу ни за тој што сака да ги исскама. Може најсимпатичен од главниве ликови ми беше Шкотот што се заљуби во Марина, која патем беше Хани Рајдер за сиромашни, којашто исто така постоеше чисто колку да се шетаат пар цицки у купачи низ екран. Другово горе - доле ок. Имаше по некој глуп дијалог, и по некој смешен дијалог и смешна сцена, од омилени ќе ги издвојам таа кога селаниве бегаа од црквата додека Мек им стоеше свртен со грб, и таа на забавата кога богаташиве се жалеа колку им е тешко да се богаташи.
Се на се, океј филм, што не би го гледала пак најверојатно зашто ме издепримира.

6/10
 
P

Patience

Гостин
Local Hero

Мене сосем ок ми беше филмчево, такво лежерно за пуштање мозокот на пасење без многу замарање.
Малку така депресивна атмосфера заради бавното течење на сцените, тмурното време, мирниот начин на живот, но хуморот па ми се допадна каде и да се протнуваше.
Всушност, омилен дел од филмот ми беа сите тие дијалози и сцени поврзани со ѕвезди, комети, небото главно.
Канцеларијата на Хапер, мини планетариум бре, небото на дланка. Се поисоветив со него и со Мек. Во неделата вечер пред 4 дена беше пикот на метеорскиот дожд Персеиди. Имав можност да го гледам цела ноќ, а тоа што се случува додека гледате метеорски дожд тешко се опишува, а и аурора бореалис секако ми е животна желба, така да сфаќам зошто толку возбуден беше Мек :)

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.841
Поени од реакции
33.774
Јас имам mixed feelings за филмчево. Од една страна, 100% се согласувам со @Corvus и @moongoses - прво, затоа што три пати го пуштав, три пати ме убиваше досада, не можав да влезам во филмот и го исклучував. Среќа, четвртиот пат некако стиснав заби. Што е досадно, досадно е. Филмчуле исполнето со еден куп ништо. Но од друга страна, ме потсети по таа една нишка на налудничавост која можев да ја видам во секој еден лик, и суптилен хумор кој изнудува насмевка, на некој чуден микс на „Океан море“ и „Замоци на гневот“ на Барико (штета што се уште не се екранизирани). Плус, и она што совршено го долови @devilko во неговата рецензија за небото над градот и небото над Недојдија. Баш неколку пати ме затепа носталгија по моето детство кое го поминав под едно такво небо, како шкотското (немаше Аурора Бореалис (нормално, сечија желба е, и јас сонувам да ја видам еден ден), ама ѕвезди, метеорски дождови и сателити кои трепкаа црвено па мислевме дека се вонземјани - еден куп). Некако затоа и се мислев долго како да го оценам. Реално заслужува иста оценка како Man Facing Southeast и Taste of Cherry, ама заради ова второто „ама“, некако и 5/10 ми е малце. Затоа ќе му дадам 6/10. Шест на стаклени ноџиња!

Офтопик P.S. Прочитајте го Барико, генијален е!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Local Hero

Пејсажите на Италија > меланхолијава на Шкотска.
Ме отепа филмов од досада, буквално цел филм ништо не се случуваше, го гледавме селскиот живот во Шкотска и кои се ексцентрични ликови можеш да ги најдеш таму. Не ја сфатив поентата зошто во секоја втора сцена газдава на хотелот мораше да има секс со жена му, која беше поентата со бебето, не ми беше смешен суптилниот хумор на типот што живееше на плажата и го носеше истото презиме како компанијата која сакаше да го купи, зошто дадоа како цело село доаѓа да се кара со него за наеднаш да видат хеликоптер и сите да се закопаат во место и да заборават кај тргнале.
Имаше 2-3 сцени кои ме насмееја, посебно зајакот кога го јадеа и убав ми беше крајот со досадното небо над Хјустон и тоа е горе-доле се од позитивните работи во филмов. А да, и Капалди <3

4/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.841
Поени од реакции
33.774
дадоа како цело село доаѓа да се кара со него за наеднаш да видат хеликоптер и сите да се закопаат во место и да заборават кај тргнале.
Таквите моменти мене ми беа јаки - баш ко во Макондо да се случува дејството. :LOL:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
лелееееее и од клубов ќе си одам еј шо е ова бе многу нешта не ви се допаѓаат во последно време све истенчени вкусови све префинети фаци све ви е просечно све ви е монотоно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom