FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Што ако следно гледаме комедија за педофили... ќе се смееме ли и на тоа?
Категорично Да!

sunny-gunfevertoo-hot-jacklaw-1.gif
 
Four Lions
Гледан уште пред да биде предложен, како што веќе кажав.
Не можам да го негирам хуморот во филмов, кој на моменти навистина ме изнасмеа. Но, со оглед на тоа дека сите сте се задржале на комичноста како главна компонента на филмов... јас нема да го тупам околу тоа. Јас ќе го тупам околу нешто друго. o_O
Филм за четворица терористи, односно четворица идиоти. Филм кој барем за миг не тера да помислиме за она што се случува во главата на тие луѓе. Хуморот одлично си ја врши работата, па дури некои од тие ликови стануваат симпатични, па дури и нормални. Всушност, тоа е според мене најголемата замерка за филмов. Зошто вакви ликови да се претставени на ваков бениген начин? Што ако следно гледаме комедија за педофили... ќе се смееме ли и на тоа? Дефинитивно, филмов нуди една поинаква слика, па екстремистите се позитивни ликови. Ја искривува сликата и си поигрува со чувствата на гледачот. Или е сосем ок да ни станат симпатични затоа што се глупави. Дури и да ти стане жал за нив... или да побудат сожалување само затоа што се жртви на погрешна идеологија.
Во филмов вешто е избегнат фанатизмот, како главна особина на тие луѓе и акцентот е ставен на комичноста. Ќе излажам ако речам дека не се смеев. Го сакам ваквиот тип на хумор, но никако не би можел да кажам дека филмов ми се допаѓа или не ми се допаѓа. За приказната, глумата, камерата... подобро да не почнувам. Е сега зависи од кој аспект му ја давам оцената. Ако е според хуморот, тогаш можеби една оцена повисоко. Ама се друго треба да тргнам на страна. А ако се навратам на претходните филмови, тогаш тука во клубов сме гледале опасно добри филмови. Ова не е еден од тие филмови. Затоа еве една лабава 5 од мене.
импотентен педофил - е тоа е добра комедија

не ти се допаѓа филмот затоа што главните ликови се терористи, а терористите се лоши луѓе?
главните ликови беа идиоти. ако некој се смее на овој филм тоа никако не значи дека го оправдува тероризмот
 
Импотентен педофил би било добра комедијаo_O
А филмов ми е онака, повише ко за тепање време. Ништо посебно. Иначе и јас се смеев (ама помалку од тебе претпоставувам), а терористите се и понатаму лоши луѓе. Во ниеден момент не сакав да кажам дека тој што се смеел -оправдува. Логика прска.
Не ми се допаѓа. Онака ми беше, ни лош ни добар филм. Освен што се насмеав неколку пати - ништо друго.
 
И јас го изгледав ама не ми легна, не знам зошто... сакам јас британски хумор, заразена сум со него, не знам што ми фалеше во Four Lions ама не ми беше тоа-тоа. Да бидам искрена, може голем удел да има камерата којашто на многу сцени ме дефокусираше од дијалогот и не можев баш да го следам филмот. Ќе му дадам 7, ама многу ми е криво што не ми остави впечаток за повеќе зашто имав поголеми очекувања. Ќе го гледам пак за секој случај во поинакво расположение да видам дали е до мене или до филмот.
изгледа ќе треба нова група да си направиме .....


филмов ме заинтересира кога налетав на последната сцена кога осама бил ладен загинал :pos:
одличен филм што имаше изобилство на расизам и предрасуди, сета таа иронија преставена во филмот ми беше топ. сите од друштвото го бендисаа шо е огромен плус.
 
Досадна недела, ги испукав и двата во еден ден, па да кажам збор-два.


Purge


Историска мелодрама што ја портретира љубовта како проклетство и казна. Цело време додека го гледав филмот си мислев - приказнава би била многу подлабока опишана во книга, за на крај да видам дека всушност е работен според книга. Фрустрацијата на младата Алиде поради тоа што секогаш е во сенка на сопствената сестра сигурно подлабоко може да се опише преку зборот отколку да се покаже со камера, иако и во филмот се насетуваше доволно. Таа фрустрација е мотивот и „оправданоста“ на сите нејзини понатамошни постапки. И мене, како и на повеќето ми беше поинтересна нејзината приказна од онаа на Зара којашто функционираше само како инструмент за прочистувањето на старата Алиде.

Ми се допадна кинематографијата и наративот на самата приказна, начинот на хронолошки прикажаните флешбекови и одмотувањето на нивните судбини. Актерската игра на Laura Birn беше врвна, се ужаснувате од неа, а длабоко во себе ја оправдувате и ја чувствувате добрината под површината. И самата свесна дека мораше да ѝ даде светлина на внуката, а да се казни себеси, оти поинаков излез и немаше.

Сѐ на сѐ филмот ми остави убаво чувство по гледањето, иако на моменти беше мачен и тежок. Оценка 8/10.

Four Lions

Ретко гледам комедии, а уште поретко налетувам на добри. Оваа беше ретко добра. :) Некој погоре спомна дека е банално да се исмеваме со сериозни работи како тероризмот и бомбашите самоубијци, јас пак напротив сметам дека со самото тоа што нивната идеологија се претставува несериозно и комично се исмева токму нејзината бесмисленост и идиотизам. Одлична сатира без промашена сцена. Можеби и би го гледала пак со друштво, двојно поинтересен би ми бил.

Пишете 8-ка и тука.
 
Последно уредено:
Мислам дека го гледав пред 3 години.
Само памтев дека се работи за глупави муслимани што сакаат да напраат suicide bombing, а на крај дека станува крајно сериозно, набрзина.
Го изгледав повторно. Ми текна сеа за камерата, она @Corvus што го спомна, и мене порано ми сметаше но од Newsroom серијата мислам дека се навикнав.

Филмот ми летна за една секунда, 14/15 сцени ми беа пресмешни.
Сериозното што го мислев, не ми беше толку сериозно и не се деси ептен набрзинка.
Буквално исмевање на муслиманите, на британците, британската полиција...
Сите карактери ми беа прејаки, а сите на некој начин беа морони. Сум имал случаи другари да ми викаат дека ич не им е смешно кога ликот изиграва дибек, и навистина не ги разбирам.
Ваџ беше врв. Rubber Dinghy Rapids man.
9/10 ќе му кренам првична оценка.
 
Следен филм кој ќе се гледа во филм клубот е еден мрачен акционен трилер од '90, култен филм. Ме изненади фактот дека повеќето од вас го немате ставено во watched на летербокс, чудно. Па изборот падна на него. Ако до сега сте успеале некако да не го изгледате, сега ќе бидете приморани. хехе :cool:
Мислам дека ќе биде првиот предложен филм во филм клубот направен по стрип, со суперхерој, или антихерој, или... не може да го опише ниту една дефиниција.
Мора да го споменам и саундтракот кој е њогвбњиебнедф прејебачки. :love: Еден од најдобрите саундтракови евер. Доволно е само да се спомeнат имиња како: The Cure, Stone Temple Pilots, NiN, RATM, Violent Femmes, Pantera...
Фан факт: Џокерот кој го глуми Леџер, црпи инспирација од овој лик. Па ако сте фанови на Леџер, сигурно ќе ви се допадне Ерик Дрејвен. :D
Ииииии... ако сеуште не погодивте за кој филм се работи, доволно е само да напоменам дека на неговото снимање, Брендон Ли, синот на Брус Ли, трагично го завршува својот живот поради катастрофална грешка, со заменување на ќорците во еден од пиштолите користен на сетот.
Спремете се за две мрачни, врнежливи седмици.

The Crow (1994)

large_6qXNSP30QeX4HUUpxSaq7GEH5OB.jpg
 
Лудница! :LOL:
Once upon a midnight dreary, while I pondered weak and weary го гледав филмов.
Се вртеше цело време по телевизииве и ми беше хит, има некој Poe feel што се влече низ филмот, силно модернизиран, ама од мотивите преку симболиката до гротеската не е тешко да се повлечат паралели.
Филм што го води тага, гнев и одмазда, вака во ретроспектива после толку изгледани филмови што се занимаваат со таа проблематика, не верувам дека ќе го сместам на врвот or anywhere near it, малку ми е ко за металци праен, не дека е тоа нешто лошо in general, ама сегашната асоцијација после толку години ми е „металски филм“, што не е епитет по којшто сакам да паметам филм.
Една од добрите работи though, е тоа што филмот и покрај горенаведеното не е плиток, и има детално обработени мотиви и ликови.

Не беше иницијалниот план волку да изнапишам, pardonnez-moi.
Ај да го изгледам и ќе се вратам :pipi:
 
Се извинувам за задоцнетиот текст, но имав технички проблеми по дома (ми цркна дискот) па се занимавав со враќање податоци од бекап и спасување што може да се спаси.

Four Lions (2010)

Филмов ми личеше како повеќе скечови на иста тема споени во една целина. Претендира да биде црна комедија или сатира, за да излезе фарса. Имаше неколку добри реплики и штосови низ филмот, но ништо незаборавно а ниту оддалеку доволно за да биде смешен или да се нарече комедија.
Четворица крајно идиотски ликови, без никакво објаснување за нивната мотивација за постапките што ги преземаат. Единствено Омар е малку посериозен лик, но пак токму кај него фали најголемо објаснување за неговите постапки и моитивацијата. Зошто тој, како семеен и ситуиран човек се јавува како водач на оваа група чија цел е терористички напад и тоа со поддршка од сопругата, која патем работи во болница?!
Единствена сцена која што ми се допадна беше сцената во која полицајците се расправаа што е мечка.
Камерата беше лоша, за некои сцени имав впечаток дека се снимани од комплетно друг снимател и со друга камера. Ми пречеше и рачната камера со која што сакаа да доловат документарен впечаток.
6/10
 
9-мина го гледаа Four Lions, заедно со @Corvus и special guest star - @Hurin на кои не ги видов оценките. Средна оценка од останатите 7-мина - 7,6. Го испуштија: јас, @Хоуп , и @Zarniwoop и @Донев (ова е трет по ред неизгледан за нив двајца, се надевам ќе се вратат за брзо). Го испушти и @Leo Bonnie кој најави враќање во кругов.

Продолжуваме со Гавранот!
 
9-мина го гледаа Four Lions, заедно со @Corvus и special guest star - @Hurin на кои не ги видов оценките. Средна оценка од останатите 7-мина - 7,6. Го испуштија: јас, @Хоуп , и @Zarniwoop и @Донев (ова е трет по ред неизгледан за нив двајца, се надевам ќе се вратат за брзо). Го испушти и @Leo Bonnie кој најави враќање во кругов.

Продолжуваме со Гавранот!
Ќе му дадам 7, ама многу ми е криво што не ми остави впечаток за повеќе зашто имав поголеми очекувања.
Знам дека многу ме сакаш :love:
 
Знам дека многу ме сакаш :love:
Ти ми фрлаш магии некакви, да не можам да ги видам твоите оценки, хахахаха.

Се шалам, не ги читав детално мислењата дека не ми е гледан, да избегнам спојлери. Прости ми. :love:
 
Речиси ништо не ми се допадна у филмот. Не сум некој ептен љубител на акции, чат-пат ме фаќат само периоди кога ми се гледа, ама тогаш си наоѓам нешто како Џејсон Борн или ете како вчера Индијана Џонс и супер си поминувам :D Не е ни чудо шо прв пат дознавам за филмот. Од шо ми беше глуп не го ни паузирав кога бев до вц :icon_lol:
Ерик Дрејвен, презимето како насловот на филмот. Ич не ми се допадна неговиот лик, скроз антипатичен, ама сепак најдобар меѓу идиотите што ги собрале таму. По пола филм изгубив интерес, го догледав ради реда, со ѕиркање у моб, мислејќи шо да јадам и сл.. :D
Боље Џон Вик да го глеав вториот дел.
Музиката беше ок.
@Corvus не се појави у филмот (n)
3/10 а може и тоа е многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom