FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Кои ти се тебе?

Ovie vika letterboxd.
Wings of desire i use nekoj mora rewatch za da mozam da pisam nesto.

Screenshot_20170802-200156.png

Јас во август не глеам филмови, пред да бидам на ред ќе ги изгледам бидејќи не сакам да ми помине редот. Сакам пак да ве мачам со корејски актери.

Најјак си брат.

I jas letoto slabo. Juli se na se 4 filma. :D
 
Сеа летово на Анон му го оставаме нека глеа на 50 степени. :icon_lol:
Топло им е само на оние што јадат нездрава храна и/или количински многу, имаат здравствени проблеми и не вежбаат. Јас немам гајле.
Шала на страна, финансиите ми дозволуваат да изнајмам приватен авион еднаш во две недели до Санкт Петербург каде што ме чека 4К олед телевизор и гледам на таманка време. Богат сум, тоа е. @Shawn Spencer
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Браво. Во зима те чекам на Мадагаскар, заедно да гледаме.
 
The Crow (1994)

Филмов крена голема прашина уште пред да излезе, заради неразјаснетата смрт на главниот глумец за време на снимањето, кој нели е син на Брус Ли кој загина на сличен неразјаснет начин. Нормално таа несреќа вешто си ја искористија маркетинг агентите кои ја кренаа прашината и додадоа елементи на тероии на заговор околу смртта на таткото и синот, а тоа секогаш привлекува внимание.
Филмот многу не отстапува од еден правец, ако може така да се нарече, присутен во осумдесетите и почетокот на деведесетите, во кој има некоја банда која тероризира, напуштени улици и градби, дејството се случува главно ноќе, полицијата стигнува секогаш последна кога се ќе се заврши а обично некој од нив е и поврзан со бандата, има еден случаен херој кој на сите ќе им го најде крајот најчесто со поддршка на некоја згодна мома или дете како во случајов.
Она што овој филм го двои од тоа клише е одличната готска атмосфера надополнета со прекрасна камера, со долги летови, необични ракурси и светло прошарано со многу сенки. Заедно со кратките кадри и многуте флешбеци и инсерти одлично го доловуваат стриповскиот начина на кадрирање и раскажување. Визуелниот стил и атмосферата се јаките страни додека приказната е тука колку да ја има. Во времето кога излезе важеше за филм со прилично насилство, но од денешна гледна точка изгледа млако. За жал, навикнати сме на пострашни работи.
Музиката одлично се вклопува во целата атмосфера, надополнета со песни од тогашните хард рок состави. Да имаше филмов малку поразработена приказна и подлабоки ликови можеби ќе го задржеше култниот статус што му го наметнуваа на почетокот.
7/10

Не сум стручњак за птици, ама птицата (и насловот) не е гавран, туку е врана. @Corvus нека ме исправи ако грешам.
 
Не сум стручњак за птици, ама птицата (и насловот) не е гавран, туку е врана. @Corvus нека ме исправи ако грешам.
Насловот е врана, ама птицата користена во филмот е гавран.
У осталом, се во филмот сугерира на гаврани, од референците кон По, до симболот на гавраните како гласници на смртта и слични готски елементи.
Американците некогаш Crow го користат за гавран мислам, а може е и намерно сменет за да не алаудира многу на The Raven.
 
Ама затоа пак ликот се презива Draven (The Raven), а во подоцнежните филмови Corven, Corvis и Cuervo. Јас мислам дека двата термина, а и варијантите на презимињата во филмовите се синонимно употребени во случајов.
 
Princess Mononoke

Еден од најценетите и најсаканите филмови на Мијазаки, а за мене еден од оние помалку интересните. Кога прв пат се запознав со Мијазаки, читав дека и него овој филм му бил еден од омилените негови, на овој бил најпосветен и тука вложил највеќе труд и пари. Дури 20 години поминале во реализација на принцезата Мононоке и кога веќе почнал со филмот, не знам колку дена си ја носел екипата некаде длабоко низ шумите за подобро да се соживеат со тематиката во филмот ваљда и на толку многу маки и жртви за ова чудо, можело да излезе нешто подобро. Мене од неговите гледани вака ми е листата:
1. Spirited Away
Никој никогаш нема да го симне од првото место. Какво патување беше тоа...
2. My Neighbor Totoro
3. Ponyo
4. The Wind Rises
5. Howl's Moving Castle
6. Kiki's Delivery Service
7. Princess Mononoke
8. Porco Rosso
Ептен си го сакам Мијазаки јас, ете и аватарот ми е од негов цртан, кога ги гледам цртаните ептен се внесувам, патувам и јас со нив, посматрам од страна, се дружам со ликовите, ги сакам ситниците, пејзажите, споредните ликови, местата, приказните.. Се осеќам како дете.
За жал со ова цртанче најмалку така се осеќав. А не дека ми е ептен лош. Само како да не е на Мијазаки спрема тоа како делува Мијазаки на мене. 7/10
И ете ти @Zlatikevichius и цртеж како што ветив : ))
20623972_1443844602317230_721887008_n.jpg
 
Прегледај го приврзокот 175180
Од кој филм е цртежов? Alien?
 
На што ти личи тебе?
На ова?

princess_mononoke2-700x394.jpg
 
The Crow
Филм од детството. Кога го гледав вчера (сигурно после некои 10-15 години) ми беше толку површен и онака. Баш за деца. Сеуште мрачен, но со празна приказна. Предвидлив. Филмов е одличен, ама за деведесетите.
Затоа што сте кажале буквално се, од мене ќе оди само една оцена. Никако не би можел помала од 6, затоа што се буни детето во мене.
@Хоуп ми се допаѓа тоа што го правиш со цртањето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom