FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Продолжуваме и понатаму во 2019 со филм кој ја обработуватемата љубов, ама овој пат не станува за романтична комедија, туку за нешто далеку по контроверзно, темно, отсликувајќи ја мрачната, психолошка страна кај луѓето. Го имаме првиот еротски трилер во клубот па сите под 18 години нека го прескокнат или нека го гледаат во придружба на постаро лице. :D
81 филм кој ќе се гледа во клубот е Bitter Moon во режија на Роман Полански(контроверзии, контроверзии) зачинет со музика од добро познатиот Вангелис.
Уживајте.

 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Не би го опишал како Злате иако така делува, дечково си се вљубуваше, колку и да го тепаше немаше само тепање, а причините за однесувањето на девојкава се откриваа со тек на филмот посебно на крајот. Ми беа баш луда и слатка двојка, си имаа супер хемија и му носат 8/10
Тебе не те бендисал филмот, туку женската :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Bitter Moon

Добар предлог. (y)

Додека го гледав сабајлево ме потсети на Boxing Helena... исто уврнуто love-it-оr-hate-it филмче за
љубов, опсесија, секс/ фантазии, и каде е тука моментот кога почнува да се граничи со и преминува во лудило...
А и Полански уште повеќе допринесува за тој твистед филинг со тоа што жена му (ми текна отпосле дека ми е позната од другиов негов филм - 9th Gate) ја изложува на ваква улога, како да не е и така доволно контроверзен. :D

За некого тие еротски сцени може да се too much, одбивни на почетокот за пополека се повеќе да те вовлекува филмов со приказната, посебно во втората половина, т.е. се осеќаш исто како ликот на Хју Грант додека го гледаш...тие сцени се и затоа ставени, да предизвикаат некаква реакција кај гледачот а и имаат значење - ја претставуваат по мене
празната врска на главните ликови.

Би ја издвоил и клаустрофобичната атмосфера на бродот, и музиката на Вангелис. (y)
Исто и мистериозноста и
непредвидливиот правец/крај,
тоа му ја подигна оцената кај мене.

Она што не ми се допадна...
Ликовите ми беа некако недоизградени, споредниот пар премала минутажа, а и Хју Грант :icon_mrgr: овој не можам да го сфатам сериозно.
И дејството на моменти ми изгледаше нереално.

Филмот...тука негде како IMDB... 7/10
(А дебелото гзе на г-ѓа Полански :гик:10/10)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
@wot , пак има грешка во насловот - Film Club (Bitter Moon: 21.01 - 03.02)

Инаку, My Sassy Girl го гледале петмина и му дадоа средна оценка 6,3. Го испуштија: @Corvus , @whatto , @ManUtdChampions и @wot (прв неизгледан), @Anon (втор неизгледан, жолт картон) и @Gazpapir (трет неизгледан, го губи полноправното членство во клубот, нормално, се додека не одлучи да ни се врати). Со тоа е четвртиот член кој предложи филм во четвртиот круг кој моментално е надвор од клубот.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.428
Поени од реакции
9.333
Полански јас сакав да го предложам кога ќе гледам нешто, ама да не ви се здосади од него по трет пат во клубов. Го сакам јас ептен а овој не сум го гледала...
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Полански јас сакав да го предложам кога ќе гледам нешто, ама да не ви се здосади од него по трет пат во клубов. Го сакам јас ептен а овој не сум го гледала...
Еве шанса за камбек. А и од Полански никогаш доста.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
Bitter Moon

Ау, каков филм! Полански тука по малку ми личеше на Вуди Ален, по швркнатоста, не по друго. Ама за разлика од Ален, подопадлив, далеку. Не можев да сфатам што виде оваа во „Тигарот“ нејзин. Таа лепотица, тој - шмокле. Шарм = 0. Па уште да го трпи при крај толку да ја омаловажува и понижува! Убаво му правеше отпосле. Не ми беше жал ни малку. Ама не можев да сфатам која му беше нему играта со Хју Грант и зошто толку многу сакаше да се исповеда. За да има кој да ја раскаже приказната по убиството и самоубиството, или имаше нешто повеќе? А инаку, твистот со Фиона и Мими и јас не го очекував, и ќе беше јако, чим еротски, да одеа во таа насока до крај и да ги прикажеа во кревет двете, вечерта, детално. :гик: И јас не можев да го сфатам ликот на Грант. Човече, толку да се заљуби од една приказна, мислам, треба ептен да си неисполнет во 7-годишниот брак за да те запалат толку приказни. Да му се соблечеше гола, ајде де. Да му покажеше цицка, или да му го испушеше, исто, ајде де. Ама он се затреска ОД ПРИКАЗНА. Искрено, и мене ликовите ми беа по малку недефинирани, некако постапките им беа премногу нереални. Но освен тоа, не можам да му најдам замерка на филмов. Навистина ме задржа вкопан пред телевизор, и навистина уживав.

Омилен лик, нормално, Мими.
Омилена сцена: кога му танцуваше полугола само со тоа парталчето на себе, на почетокот од врската. Поеротско од тоа - здравје!

За музиката: Вангелис, да, супер. Но мене повеќе ми се допадна употребата на поп песните од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите. Ептен беа погодени текстовите според сцените во кои беа вметнати. Навистина убав избор на музика.

8/10

Уште еднаш, браво @devilko . :bravobe: Искрено, едвај ги чекам твоите предлози на филмови во клубов, зашто сум во голем процент сигурен дека нема да ме разочараш.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Bitter Moon

Ова е еден од филмовите кои би ги ставил во рангот на ете Phantom Thread или пак дури и Eyes wide Shut. Језив, љубовен, страствен, еротски, сепак го покажува и темното лице во една врска. Контролата врз партнерот, љубомората, посесивноста и како некогаш самата врска може да биде деструктивна кога овие негативни емоции ќе завладеат во умот.
Целата приказна дава едно убаво возење уште од самиот почеток, уште од самиот старт кога почна да му ја раскажува на Хју Грант. Те впива со сите сетила и едвај чекаш во која насока ќе се одвива филмот, дали Хју ќе потклекне или пак самата приказна ќе го поколеба и ќе сфати што уствари има покрај него... Беше еден своевиден тест за него и неговиот брак, кој ете бил совршен толку години, или пак така беше прикажан на самиот почеток. Без некои преголеми тензии, романтичен брак, на романтично патување да го обележат заедничкиот живот што го поминале до тогаш. Но, колку може само една жена да си поигра со машкиот ум, тоа е неверојатно. Уште првиот миг кога ја виде, сексуалната тензија го завзема целиот. А, како и не би. Она беше претставена како фатална жена на која никој не би можел да и одолее, иако со целата приказна требаше да бидат претставени и нејзините лоши страни и колку е истата fucked up како особа.
На крајот, сепак се заврши со можеби еден неочекуван пресврт кога Хју Грант си остана со таквото во раце, а жена му беше таа што заврши во секс сцената. Убиството беше шок, единствен излез за нив двајцата и заврши онака како што заврши.
Карактерите можеби не беа конвенционални и ретко би можеле да сретнеме слични луѓе во вистинскиот живот, иако тоа не значи дека ги нема. Јас самиот познавам неколку случки на убивства на љубовници и брачни партнери поради љубомора/превара итн.

Некогаш, и не е толку битно колку е реално претставена самата приказна, туку како истата е раскажана и колку ќе те држи фокусиран и ќе те натера и после нејзиното завршување да имаш 1000 Зошто и 1000 Затоа.

Овој филм, го имаше сето тоа, бар за мене и затоа добива висока 9.

П.С Злате го спомна жешкиот танц, а јас ќе ја спомнам сцената со млекото. Хехе :D
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Горчлива месечина (1992)

Филмов кога излезе крена доста прашина баш заради темата што ја обработува, но за жал никогаш не достигна некоја голема популарност. Или така делуваше затоа што сите го имаа гледано но никој не сакаше да зборува за него. После дваесет и пет-шест години, откако изнагледавме се и сешто како на филмови така и на телевизии и останати медиуми, ефектот е крајно млак.
Приказната е за љубовна врска заснована на чиста страст и секс, кои по извесно време исчезнуваат затоа што доаѓа до заситување, но наместо да прекине таа продолжува и љубовта со сиот интензитет преоѓа во омраза. Од друга страна имаме уште една врска, заснована на почит и разбирање, но во која фали страста или исчезнала низ годините. И двата пара се на патување, кој на „ханимун“ кој на „битермун“.

Секако забавно беше да се проследи развојот на настаните и реакцијата на ликовите, особено на вториот пар, кои се најдоа во едно опасно искушение како за себе така и за својот брак. Одлична разработена психологија на сите ликови, многу добри анализи и пораки. Најмногу пренесени преку остроумните забелешки на Оскар со кои удираше точна во сржта на нештата. И пораката од Фиона до Најџел, која е порака од било која жена до мажот „Се што можеш ти да направиш, јас можам подобро“.

Одлична музичка подлога, тука мислам на актуелните хитови што беа користени. Музиката на Вангелис исто прекрасна, но некако неговата музика не ми се лепи за филмот, не само во овој филм туку вооопшто. Премоќна е таа музика за да биде само илустрација.

Крајот за првиот пар беше страствен и фатален исто како и нивниот почеток и целата врска. Се надевам дека вториов пар извлекоа поука од целата приказна. Затоа што секогаш позитивен и најсреќен лик беше индиецот со девојчето.

7/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Дојдоа и моите 5 минути по Д. Вучиќ а 15 по Ворхол, да предложам филм :ojeaa:во Филмскиов Клуб.
Продолжуваме со уште еден трилер, ама не еротски :D.
За мој прв предлог изборот падна на брејк-тру филмот на Kiyoshi Kurosawa -

Cure (1997)
https://m.imdb.com/title/tt0123948/

...за кој мислам дека заслужува поголемо внимание.
Со оглед на жанрот, не би откривал ништо за самиот филм и би препорачал да не се гледаат трејлери поради опасност од спојлери, а и за поголем ефект.
Овие пофални зборови од Скорсезе мислам дека се сосема доволни да ве заинтересира. :)
“There are startling images and moments in this picture that will haunt you for a long time to come, and I suppose I should say that it’s not for the faint of heart. But be brave, because it’s worth it. Kurosawa is a major filmmaker.” (From Scorsese’s review of CURE)
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Може да се стави датум за да се има ориентација за уше колку ни останува иако реално ја каснам едно три филма по ред мислам Cure,Bitter moon,my sassy girl ама ај ако може датум,реално ако сакаш да глеаш филм го пушташ и тоа е углавном не ти треба ни датуми,ни војничко ноже нит кур.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
Може да се стави датум за да се има ориентација за уше колку ни останува иако реално ја каснам едно три филма по ред мислам Cure,Bitter moon,my sassy girl ама ај ако може датум,реално ако сакаш да глеаш филм го пушташ и тоа е углавном не ти треба ни датуми,ни војничко ноже нит кур.
Sorry @whatto .

@wot - Film Club (Cure: 04.02-17.02)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Cure

Не знам зошто, но филмов ме потсети на оној Аргентинскиот по кој е направен К-PAX подоцна, Man Facing Southeast, што беше предложен во клубов претходно. Единственото заедничко им е мистичноста на самата личност што се појавува, спориот тек на настаните, статичните кадри во снимањето и се разбира фокусот на детективот. Тука и завршуваат сите сличности помеѓу гореспоменатиот и јапонскиов хорор/трилер.

Cure, ти е еден од оние филмови кои треба да имаш некои предзнаења за јапонската култура, менталитет и начин на размислување за да го разбереш во целост. Јас, за жал, иако имам некое претходно познавање, сепак по завршувањето на истиот морав да изгуглам за некои работи што не ми беа јасни во текот на гледањето. Всушност тоа и беше идејата на самиот режисер, да остави отворен шпекулативен крај, кој секој ќе си го разбере на свој начин. Јас, не го разбрав никако.

Сепак, главната премиса во филмот беше дека всушност нема ниту една јака хипноза која може да делува врз човековиот морал и да го промени истиот за да извршиме такво свирепо убиство, туку самото зло се наоѓа во сите нас, потиснато длабоко во себе.
Ако се водиме по таа премиса, Мамија всушност не беше личност која е одговорна за самите убиства, ниту пак својата намера можеше да ја манифестира преку хипноза за да натера било кој од ликовите да го изврши она, што го изврши.

Овдека ја видовме и внатрешната борба на самиот инспектор кој ја имаше со својата болна жена и неговата потисната желба да се "реши" од тој товар и да се олесни. Мислам дека последната сцена беше само фантазичен приказ на таа негова внатрешна желба каде што ја видовме неговата жена обесена. Buuuut.... после следуваше сцената со келнерката која го зема ножот и веројатно отиде да убива некого, со што значеше дека инспекторот всушност стана Мамија?!

Ете, одговор на тоа прашање не најдов, а веројатно има уште некоја мистика поврзана со јапонската митологија, етика, филозофија што исто не ја разбрав, а го прави филмот поголем од што е во моите очи.

7
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Cure

Филмов...кога комшијата ќе го дадат на вести "...не знам што му стана да ја заколе жена му, многу фин човек беше...:toe:" :gjavol:
А негативецов - Д Мастер Тролл, како ги тролаше цело време (у стилот "ја не знааам, ја сум го бил у подрум"):lolzz::aplauz:
...k, малку посериозно сега -

Cure, психолошки ноар трилер-хорор, направен 2 години после нападот на метрото у Токио со нервен гас од страна на секта. И очигледно, инспирацијата за филмов, кој е своевидна социјална критика/коментар. Како може еден човек да влијае врз толку многу други да направат такво нешто? Колку е кршлив човечкиот ум? Моќта на сугестијата...дрн-дрн јариња.
Кога ќе се случи таков настан те вознемирува затоа што не можеш да го разбереш, сфатиш.
А, тоа се обидува да го направи главниот лик детективот Такабе кој во се бара логика, на што колегата психијатар му посочува - "No one can understand what motivates a criminal. Sometimes not even the criminal." ...додека се обидува да го балансира приватниот живот кој секој ден се повеќе го притиска поради болеста на жена му која пополека го губи разумот и со тоа Такабе потребната потпора и одмор, од работата, која исто така го притиска со секојдневните опасности и ужаси што ги носи. "The detective or the husband - which is the real you? There's no real you" пак му посочуваат, овојпат негативецот.

Е да...Мамија и тоа негово "Who are you?".
Колку е вознемирувачки да се спознаеме самите себеси? Тие потиснати чувства, притисоците од општеството...темната страна на секој од нас. Тоа го дознава Такабе, во сцената кога халуцинира и ја гледа жена му обесена, неговиот најголем страв ама воедно и желба материјализирани пред него.
Она што од прва ми остави впечаток, негативецов - оригинален, мистериозен лик кој е нешто повеќе од тоа што изгледа...и тоа го согледуваш како што поминува филмов, кој од стандарден детективски исто преминува пополека во нешто повеќе, од филозофски и социолошки аспект... и не знаеш на кај те носи...Нема на пр. вообичаената бркотница / кој е убиецот...
Ме потсети на Se7en, мислам дека и режисеров има кажано дека му влијаел...и дека остава на секого Cure да си го анализира/интерпретира...у тој поглед е од оние филмови што те окупираат некое време кога ќе ги изгледаш.
Мамија ми е у топ 10 негативци...таму со Кевин Спејси у 7 и Usual Suspects, Џокерот на Леџер, итн...кога сум веќе кај Џокерот -
"See, their morals, their code... its a bad joke, dropped at the first sign of trouble. They're only as good as the world allows them to be."

Режија, глума, атмосфера, дијалози, ликови = (y), све е на нивоУ.
Статичните долги/широки кадри.
Атмосферата...оној 90ти raw изглед. Некористењето воопшто музика за да се потенцира некој страшен момент, или jump scares...туку преку звуци и некои сосема нормални работи...ќе задува наеднаш во еден момент јак ветар, или вода ќе почне да капе и тоа ќе создаде таков језив ефект/тензија кај тебе додека го гледаш.

Крајната сцена, хех...
Дали Такабе е / продолжува онаму каде што заврши Мамија?
Или па нема врска, воопшто нема да се случи ништо, ние само очекуваме дека ќе се случи поради се она на што бевме изложени во филмот? ;) Затоа што, после нападот во метрото во Токио дошло до масовна хистерија (!).

Оцена, мислев да му дадам 8... ама додека ја пишував рецензијава и си го свртев при тоа филмов уште еднаш у глава...ја покачив на -

9/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom